Најново
Приказна
18 јануари 2023
Патот на храната – Младa македонска уметница победи на глобалниот ликовен конкурс на ФАО по повод Светскиот ден на храната
Дознајте повеќе
Приказна
16 јануари 2023
Повик за учество на тендер за Kонсултантски услуги за консолидација на земјиште во Северна Македонија – Планирање на распределба на земјиштето и Основен Проект за интервенции во земјоделската инфраструктура во Чифлик
Дознајте повеќе
Приказна
22 декември 2022
УНФПА регионална работилница за сеопфатно сексуално образование
Дознајте повеќе
Најново
The Sustainable Development Goals in Северна Македонија
Целите за одржлив развој се глобален повик за акција да се стави крај на сиромаштијата, да се заштити животната средина и климата и да се обезбеди сите луѓе да уживаат во мир и просперитет. Ова се целите на кои Обединетите нации работат во Северна Македонија:
Приказна
18 јануари 2023
Патот на храната – Младa македонска уметница победи на глобалниот ликовен конкурс на ФАО по повод Светскиот ден на храната
Северна Македонија е земјоделска земја, каде малите земјоделци и семејните фарми обработуваат две третини од обработливото земјиште во земјата. Светскиот ден на храната ја инспирираше Михаела Стојменовиќ, 17-годишна ученичка од Скопје да ја прикаже важноста на работата на малите земјоделци кои се грижат нашите земјоделски системи да ни обезбедат разновидна храна.
Михаела ја освои првата награда на глобалниот натпревар на ФАО по повод Светскиот ден на храната, во возрасна категорија од 16 до 19 години.
Постерот на Михаела е комбинација од дванаесет сцени, во секоја од нив е опишана различна приказна за храната. Овие приказни ги формираат клетките на саќето кое го симболизира системот за храна во кој пчелите играат фундаментална улога. Тие преку размножување на растенијата ја поткрепуваат обезбеденоста со храна, исхраната и животната средина. Постерот го раскажува патот на храната од фармите до пазарите и на крајот, до нашите трпези – можеме да видиме сцени од земјоделци кои ораат нива, одгледуваат добиток, молзат крави и берат грозје. На цртежот има лозја, полњиња со пченка и овоштарници со расцветани јаболкници, додека пчелите работат на пчеларникот.
Михаела претходно има победено на неколку ликовни натпревари и со големо задоволство ја искористи својата креативност и да учествува на глобалниот ФАО повик за акција на Светскиот ден на храната во 2022 година.
Таа се надева дека заедно со останатите натпреварувачи ширум светот ќе помогне во зголемување на јавната свест дека ако сите се стремиме кон подобро производство, подобра исхрана, подобра животна средина и подобар живот, можеме да оствариме Свет без глад каде никој нема да биде изоставен.
1 of 5

Приказна
16 јануари 2023
Повик за учество на тендер за Kонсултантски услуги за консолидација на земјиште во Северна Македонија – Планирање на распределба на земјиштето и Основен Проект за интервенции во земјоделската инфраструктура во Чифлик
Проектот финансиран од Европската унија „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“, ко-финансиран и спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) распиша јавен тендер (Референтен број: 2023/CSAPC/REUDD/120213) за обезбедување на ‘’Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Северна Македонија – Планирање на распределба на земјиштето и Основен Проект за интервенции во земјоделската инфраструктура во Чифлик“.
Активностите што треба да се спроведат како дел од овој тендер вклучуваат подготовка и имплементација на План за распределба на земјиштето и дизајнирање на интервенции во земјоделската инфраструктура во консолидационото подрајче Чифлик. Поконкретно, изведувачот треба да изврши процена на вредноста на земјоделското земјиште во Чифлик, согласно Законот за процена и Методологијата за вреднување на средствата во земјоделството; изготвување на План за распределба на земјиштето, по принципот на распределба со промена на границите, во согласност со Законот за консолидација на земјоделско земјиште; изготвување на Основен проект за рехабилитација/изградба на земјоделска инфраструктура во Чифлик, во согласност со Законот за градење, Законот за земјоделско земјиште и други релевантни закони; изготвување на Геодетски елаборат за посебни намени за консолидација како еден од основите за запишување на правото на сопственост во Агенцијата за катастар на недвижности; и обележување на мери и граници (околчување) на ново-формираните парцели во консолидационото подрачје.
Потенцијални понудувачи можат да бидат сите фирми регистрирани во Регистарот на даватели на услуги за консолидација на земјиште на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), кои поседуваат лиценца Б за проектирање издадена од Министерството за транспорт и врски (МТВ) на Северна Македонија, а се лиценцирани од МТВ за процена на недвижен имот или од МЗШВ за вреднување на средствата во земјоделството.
За да пристапат до тендерските документи и да можат да поднесат понуда, заинтересираните компании треба прво да се регистрираат на Порталот на Обединети Нации за глобален пазар - United Nations Global Marketplace portal (УНГМ-UNGM) на: www.ungm.org/Vendor/Registration, бидејќи само регистрираните компании ќе имаат право да учествуваат. После успешна регистрација компаниите ќе можат да пристапат до тендерските документи и да ги поднесат своите понуди преку истиот UNGM портал (www.ungm.org/Account/Account/Login).
Краен рок за поднесување на електронска понуда за тендерот е 20 февруари (понеделник) 2023 година, најдоцна до 13:00 часот, по средноевропско време.
Повеќе информации:
Консолидационото подрачје Чифлик се наоѓа во општина Чешиново-Облешево, во Источниот регион. Подрачјето зафаќа 156 хектари (ха) земјоделско земјиште, расцепкани на 1.263 земјишни парцели, со направилна форма и просечна големина од 0,12 ха, во сопственост на 438 сопственици на земјиште. Чифлик се карактеризира со главно рамен терен со плодно обработливо земјиште и поволни природни услови за доминантното производство на ориз. Иницијативата за консолидација на земјиштето во Чифлик произлезе од локалните сопственици на земјиште, кои изразија интерес за консолидација на земјиштето до МЗШВ во 2017 година, а подрачјето беше избрано како подобно за консолидација во 2018 година, во рамките на ЕУ проектот МАИНЛАНД.
Како прва фаза во процесот на консолидација на земјиштето, беше спроведена Студија за изводливост (физибилити студија) за консолидација на земјиштето во Чифлик во периодот февруари - јули 2019 година. Студијата ги испита земјоделското земјиште и структурата на земјоделското производство во Чифлик, состојбата со сопственоста на земјиштето, сите моментални имотни и правни прашања, го оцени интересот и посветеноста на сопствениците на земјиштето да учествуваат во консолидацијата на земјиштето, нивните индивидуални преференци, како и локалните потреби за подобрување на земјоделската инфраструктура. Врз основа на деталната анализа, се оцени дека консолидација на земјиштето во Чифлик е изводлива и дека огромното мнозинство од регистрираните сопственици на земјиште се заинтересирани за процесот. Врз основа на физибилити студијата, следниот чекор ќе биде планирање на распределба на земјиштето во Чифлик, по принципот на распределба со промена на границите (Фаза II од процесот на консолидација) и дизајнирање на интервенции во земјоделската инфраструктура - рехабилитација/изградба на земјоделска инфраструктура (пристапни патишта, канали за одводнување и наводнување) во консолидационото подрачје (Фаза III од процесот на консолидација на земјиштето).
За ЕУ-проектот „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“
Надоврзувајќи се директно на резултатите од проектот МАИНЛАНД, овој проект има за цел да го поддржи МЗШВ во унапредување консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија, преку подобрување на националната политика за консолидација на земјиштето, вклучително стратешката, правната и институционалната рамка, како и во понатамошна имплементацијата на Националната Програма за консолидација на земјиштето, преку целосно спроведување на проекти за консолидација во две подрачја, заедно со изградба на земјоделска инфраструктура. Буџетот на проектот е 1,2 милиони евра - финансиран преку ЕУ ИПА II 2019 Инструментот (1 милион евра) и придонес на ФАО (0,2 милиони евра). Проектот ќе се реализира во период од 42 месеци, од август 2022 година до јануари 2026 година.
1 of 5

Приказна
22 декември 2022
УНФПА регионална работилница за сеопфатно сексуално образование
Дводневна регионална работилница на која се дискутира за актуелните состојби во доменот на сеопфатното сексуално образование со учество на претставници на национални институции, наставници, граѓански здруженија, млади и на УНФПА од регионот, започна денеска во Скопје.
Теми на работилницата, во организација на Канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија, се поддршка на младите во процесот на сексуалното образование, градење на капацитети кај наставниците и соработка со институциите во оваа област. Учесници од Северна Македонија, Косово (UNSCR1244), Албанија, Србија и Босна и Херцеговина имаат шанса да ги споделат своите искуства за тоа како младите се стекнуваат со знаење, вештини, однесување и вредности што ќе би им овозможиле подобро здравје, благосостојба но и здрави социјални и сексуални врски.
Учесниците на настанот ќе ги разгледуваат можностите и научените лекции од примената на сеопфатното сексуално образование, во и вон училиште, во земјите во регионот но и од глобалните практики. Иако спроведувањето на ова образование се разликува во земјите од регионот, учесниците истакнаа дека во последните години може да се забележи прогрес.
1 of 5

Приказна
19 декември 2022
„Од знаење и ангажман – до јакнење и учество” – заеднички проект на УНФПА, УНИЦЕФ и УНДП
Во рамки на заедничкиот проект на трите УН агенции - УНФПА, УНИЦЕФ и УНДП, „Од знаење и ангажман – до јакнење и учество”, финансиран од мулти партнерскиот фонд за доверба на УНПРПД, каде лидерска позиција ја има агенцијата УНФПА, изминатиот период интензивно се работеше на предвидените активности за 2022 година.
Активностите предвидоа организирање на работни состаноци со партнерите МАГО, Македонска асоцијација на гинеколози и опстетичари, а беа ангажирани и консултантки кои работеа на ревидирање на постоечките материјали за обука и сензибилизирање на медицински персонал, вработени лица во повеќе приемни точки на жртви на родово базирано насилство за лица со попреченост, како и лица со попреченост. Покрај ова, спроведена е и ревизија и унапредување на материјалите за сексуално и репродуктивно здравје за лица со попреченост.
Според динамиката утврдена во проектниот документ, се одржаа и состаноци на техничката работна група и на управниот одбор каде се дискутираше за испитување на пристапноста на основните услуги за родово базирано насилство / семејно насилство(РБН/СН) на национално ниво(мапирање и проценка на давателите на основни услуги за РБН/СН.
Во делот со активностите со лица со попреченост, УНФПА беше активно вклучена и во други национални процеси од особен интерес за оваа категорија на граѓани, а тоа се Националната стратегија за лица со попреченост и Националната стратегија за млади. Покрај експертизата која беше дадена, се работеше на поттикнување на партиципативност на лицата со попреченост во самите процеси, како би биле сигурни дека конкретните потреби и размислувања ќе бидат слушнати и имплементирани во градењето на политиките и унапредувањето на правата на национално ниво. Во делот на промоцијата на овие важни документи, остварени беа директни средби со челните лица на државата, меѓу кои со претседателот на државата, Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски. Со ова јасно ја покажуваме нашата тенденција за унапредување на правата на лицата со попреченост како и актуелизација на прашањето за попреченост утврдена со принципот на УН „Ништо за нас, без нас“.
1 of 5

Приказна
19 декември 2022
УНФПА ја започна кампањата Bodyright на Западен Балкан
Кампањата Bodyright, што се спроведува од страна на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во светски рамки, започна и на Западен Балкан со вклучено учество на претставници од Северна Македонија, поддржани од Канцеларијата на УНФПА во Скопје.
Кампањата на УНФПА претставува глобален повик за преземање акција за да се запре насилството врз жените и девојките во виртуелните простори, вклучително и јакнење со регионалните партнерства преку создавање конзистентни и ефективни правни мерки, изработка на речник на зборови кои во областа на дигиталното насилство врз жени и девојчиња, партнерства со компании кои работата на технологија и искуства во онлајн просторот, како и генерално јакнење на свеста за борба со дигиталното насилство, како и родово-базираното насилство воопшто.
Настаните, во изминатиот период, вклучија активности во Белград, Приштина и Сараево, по настанот во Скопје што прв се одржа во серијата на средби за промоција на кампањата, на 20.јуни, годинава. УНФПА Србија, на 17.ноември, го претстави аспектот на потребата од развивање на речник со термини кои се користат во виртуалниот простор кога станува збор за родово базирано насилство каде учество имаа и претставничките од Северна Македонија, Ана Василева, феминистка и активистика за заштита на човековите права, и Сара Миленковска, јавна личност која активно се залага за правата на жените и девојките.
Кампањата продолжи во Приштина, на 13.декември, каде учесници од Северна Македонија беа Елена Панова, директорка на маркетинг и дигитална трансформација од компанијата А1 и Наташа Бошкова, адвокатка, кои дадоа свој придонес во панел-дискусиите поврзани со улогата на технолошките компании во делот на онлајн родово базирано насилство како и правна заштита на жртвите и преживеаните.
Последниот настан во серијата случувања во рамки на кампањата Bodyright се одржа во Сараево, на 15.декември, каде се дискутираше за легислативата и превенција од онлајн насилство на просторите на Западен Балкан, со учество во панел
дискусиите на делегација од Северна Македонија што ја сочинуваа Лидија Штерјов, раководителка на Одделението за социјално вклучување при Министерството за труд и соцјална политика (МТСП) и Стојне Митева, активистика и раководителка на Скај плус – засолниште за жртви и преживеани од семејно насилство од општина Струмица.
Кампањата Bodyright во регионот се фокусира на четири аспекти – прилагодување на наративот околу родово базирано насилство со јакнење на свеста во јавноста за сите форми на онлајн насилство, разгледување и зајакнување на легислативата за овој тип на насилство, развивање на иновативни решенија од страна на технолошките компании за спречување на дигиталното насилство и подобрување на безбедноста на Интернет, како и мобилизација на медиумите и младите за борба против сите форми на насилство.
1 of 5

Соопштение
21 декември 2022
Систематски решенија како одговор на глобалната криза со храна и енергија
Скопје, 21 декември, 2022г. - На конференцијата со наслов „Поглед подалеку“, што се одржа денеска во Скопје во организација на Обединетите нации, претставници на повеќе агенции на ОН заедно со меѓународни експерти и претставници на владата дискутираа за клучните мерки што Република Северна Македонија ги презема и треба да ги планира во иднина со цел надминување на предизвиците во кризата со храна и енергија.
„Сегашната криза на многу начини е без преседан. Сепак, основните причини и двигатели не се ниту нови, ниту изненадувачки, и ја одразуваат нашата неспособност да дадеме доволно голем приоритет на унапредувањето на Целите за одржлив развој. Политичките решенија се сложени. Треба да одговориме на непосредните потреби за избавување на луѓето од сиромаштија, но исто така треба да ги поддржиме бизнисите со цел да се зачуваат работните места, со конкретни мерки за да обезбедиме најдобри можни резултати со расположливите ресурси. Најважно, политиките треба да бидат системски, одржливи и визионерски за да се осигура дека, и покрај предизвиците, ќе останеме силно фокусирани на одржлив раст и развој. За тоа се потребни навремени и точни податоци, соработка и координација“, рече Постојаната координаторка на ОН, Росана Дуџак на отворањето на конференцијата.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за време на панелот истакна дека проблемите треба системски да се решаваат. „Ако системски не се решаваат, проблемите се зголемуваат. Пример, сме зборувале за дигитализација со години, но, тоа било само , површински, а не суштински. Дигитализацијата бара суштинска промена на однесувањето на чинителите и на граѓаните. Ние не сме влегле во било кој сегмент да го решаваме проблемот на начин на кој треба да го решаваме“, вели Битиќи. „Во врска со енергетската криза сфаќаме дека производството е битно, но сме знаеле дека 35 отсто сме зависни од увоз на енергија. Тоа било убаво оти цената била добра. Штом доаѓа криза сите прашуваат зошто не се решава проблемот. Тој проблем не се решава преку ноќ. Проблемот е пак системски. Требало да почне да се решава пред 10 години и тоа во областа на алтернативните енергиии. Зелената енергија. Ние сега со малку интервенции се обидуваме да ги враќаме олдтајмерите во сообраќај. Но тоа не е решение. Решение е зелената енергија, транзиција кон зелена енергија“, додаде вицепремиерот за економски прашања.
Заменик претставникот на УНИЦЕФ, Артур Ајвазов, посочи дека шоковите од растот на цените несразмерно ги погодуваат домаќинствата со повеќе деца и посиромашните семејства, поради нивните пониски приходи и поголемото учество на потрошувачката на храна и енергија во буџетот на нивните домаќинства. Зголемувањето на цените на храната им остава на овие семејства многу малку средства за подмирување на другите основни потреби. Ајвазов посочи дека Владата треба да размисли за дополнителни мерки со цел да го намали товарот врз децата и другите ранливи групи, вклучително и со проширување на пристапот и обемот на постоечките парични трансфери и да осигура дека буџетската криза нема да ги наруши основните услуги во здравствената заштита , социјална заштита и образование.
Во обраќањето на конференцијата, заменик регионалниот претставник на ФАО за Европа и Централна Азија, Набил Ганги, истакна дека од долгорочна перспектива, важно е да се разгледаат структурните причини за кризата со храна, а со цел подобар пристап во решавање на овој проблем треба да се прави разлика меѓу прашањата кои влијаат на пристапот до храна и прашањата кои се однесуваат на достапноста на храната. Во однос на пристапот до храна, ситуацијата е повеќедимензионална и ја одразува сложената меѓусебна поврзаност помеѓу кризата со храна, енергија и финансии. Според Ганги, за справување со предизвици со обезбедноста со храна, предизвикани од тековните кризи, потребен е пристапот на„земјоделско-прехранбени системи“, што ФАО го промовира во насока на дејствување надвор од вообичаените секторски рамки. Тоа е систематска комбинација на политики, инвестиции и решенија фокусирани на одржливи подобрувања во продуктивноста и ефикасноста, поголема отпорност и обезбедување на доволно здрава храна за сите.
„Емпириски истражувања покажуваат дека добро развиениот финансиски систем може да го зголеми растот и до 1 п.п., а уште поважно и да ја намали сиромаштијата. Финансиските системи придонесуваат за поттикнување на заштедите и нивно насочување во инвестиции кои се важни за зголемување на обем на капитал и продуктивноста коишто пак се главни детерминанти на долгорочниот раст“, изјави гувернерката на НБРСМ, Анита Ангеловска – Бежоска. „Значењето на финансиите е особено големо во овие кризни околности кои ги потенцираат структурните слабости и потребата за зелена и дигитална трансформација на економијата. Кај нас позитивно е што кредитната поддршка за зелена трансформација расте, односно кредитите за ова намена во изминативе три години забележаа раст од 80%“, вели Ангеловска Бежоска.
Според Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, кризата најверојатно ќе продолжи и во 2023 година и тешко е да се предвиди во која насока ќе се развиваат работите. „УНДП и другите агенции на ОН во земјата, заедно со другите развојни партнери се тука да ги поддржат институциите и граѓаните и да придонесат за јавниот дијалог и градењето консензус околу конкретните политики и други мерки кои ќе придонесат за справување со тековните развојни предизвици и влијанието на глобалната криза. Меѓутоа, сега имаме подобро разбирање за ранливостите и основните причини за кризата, внатрешните и надворешните фактори и предлагаме системски патишта како одговор на кризата. Една од работите на кои треба да се посвети внимание е сивата економија, која според истражувањата изнесува некаде околу 35 отсто да влезе во системот, да се плаќаат даноци. Втора работа е поттик на малите и средни претпријатија и регионалната соработка“, рече Григорјан.
Министерот за финансии, Фатмир Бесими истакна дека изминатите три години кои се одбележани со криза ја поместија среднорочната рамка на планираните фискални таргети, насочени кон консолидација на јавните финансии и нивна долгорочна оддржливост. "Но истовремено нас креаторите на политиките, ни даваат можност и ни покажуваат каде во системот имаме потреба од промени. Затоа сметаме дека е добро реформската агенда да се спроведува во кризните епизоди."
Тој додаде дека оваа година наспроти очекувањата не беше година погодна за фискална консолидација, и имаше потреба од мерки за поддршка на граѓаните, стопанството и за поголемо производство на електрична енергија од домашни капациетите за справување со енергетската и ценовната криза.
"Во вакви услови Владата успешно прибегна кон рационализација на расходната страна на Буџетот, со што остварениот дефицит е во голема мера задржан во рамки на фискалните таргети, кои до 2027 година терба да се сведат на 2,8 % од БДП буџетски дефицит и јавен долг под 60 %", порача Бесими.
Цел на агенциите на Обединетите нации, УНДП, ФАО и УНИЦЕФ, е заедно со националните и меѓународните партнери, да се изнајдат одржливи и долгорочни решенија кои ќе дадат одговор на потребите на ранливите групи и истовремено ќе подржат раст и развој, во услови на висока инфлација и скромни финансиски ресурси.
1 of 5
Соопштение
09 јуни 2022
Обединетите нации во Северна Македонија го објавија Годишниот извештај за остварените резултати во 2021
"Целите за одржлив развој не се само дополнителен план за светот, туку заедничка визија и затоа мора целосно да ја прифатиме нивната трансформација и имплементација. За да се постигне Агендата 2030, Северна Македонија останува целосно посветена на развојот на институциите и партнерствата што ќе овозможат одржливост за сегашните и за идните генерации”, подвлече Бујар Османи, Министер за надворешни работи.
Извештајот се фокусира на резултатите од 2021, како и на лекциите научени во процесот на имплементација на програмите и активностите во текот на првата година од спроведувањето наРамката за соработка за одржлив развој (РСОР) 2021 – 2025 – заеднички стратешки документ на ОН и на Владата на Северна Македонија.
“Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 го потсети светот дека сите сме поврзани и дека мора да работиме заедно за да постигнеме одржлив развој и притоа никој да не заостане”, рече Росана Дуџак, Постојан координатор на ОН во Северна Македонија. “Овој извештај практично покажува како заедничката работа може да придонесе за остварување на подобри резултати со нашите заеднички напори.”
Согласно приоритетите утврдени во РСОР 2021-2025, извештајот го следи напредокот во четири области, инклузивна благосостојба, квалитетни услуги за сите, здрава животна средина и добро владеење.
Помеѓу многу други, некои од резултатите што се нотирани во извештајот вклучуваат креирање на 6,822 нови работни места за млади лица, обезбедување совети и усслуги за дигитализација на над 500 компании, консолидација на 1,078 хектари земјоделско земјиште, подобрување на економската состојба, како и враќањето на децата во училиште. Дополнително, забележан е напредок во состојбат асо вработување, особено кај жените, кои беа најмногу погодени за време на пандемијата, но не и кај младите, што се уште претставува предизвик.
Вкупно 24 тела на ОН работеа заедно со повеќе од 130 партнери во Северна Македонија во текот на 2021 и нивната работа е усогласена државните национални развојни и стратешки приоритети, меѓународните обврски во однос на човековите права и родовата еднаквост, како и обврските кон Агендата 2030 и Целите за одржлив развој,.
Дигитална верзија на извештајот е достапна на три јазици, англиски, македонски и албански, на следниот линк.
1 of 5
Соопштение
29 април 2022
Нова Програмска рамка ФАО - Северна Македонија за поконкурентна, одржлива и поотпорна рурална економија
Приоритетите на новата Програмска рамка на ФАО за Северна Македонија за периодот 2021–2025 година се во согласност со приоритетите на Владата, Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2021–2027 и Рамката за соработка за одржлив развој меѓу Северна Македонија и Обединетите нации 2021-2025, во насока на трансформирање на системот за храна и усогласување на земјоделството и руралната економија со стандардите на Европската унија и Целите за одржлив развој.
Договорот го потпишаа Mинистерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија, Љупчо Николовски и заменик регионалниот претставник на ФАО за Европа и Централна Азија, Набил Ганги, во рамки на нивната денешна средба со генералниот директор на ФАО, Кју Донгју.
„Оваа рамка е продолжување на долгогодишното партнерство меѓу ФАО и Северна Македонија и нашите заеднички напори за унапредување на развојот на земјоделството, зајакнување на малите земјоделци и семејните земјоделски стопанства и инвестирање во одржлива иднина и сигурност на храната за македонскиот народ“, изјави Набил Ганги, заменик регионален претставник на ФАО.
“Подготвени сме да ги продолжиме активностите и одличната соработка со ФАО преку која министерството, Владата и граѓаните на нашата држава директно на терен го гледаат бенефитот. Ќе го спомнам само успехот кој го направивме со тековните проекти за консолидација на земјоделското земјиште во рамките на Националната Програма за консолидација, со кои направивме историско придвижување во подобрување на структурата на земјоделското земјиште, што крајно придонесе за намалување на трошоците и зголемување на приходите на земјоделците. Соработката со ФАО е богата, течат многу заеднички проекти кои се од огромен интерес за државата“ истакна министерот Николовски.
Земјоделството е еден од клучните економски сектори и значаен работодавач во руралните средини, со 12 отсто од бруто домашниот производ и околу 22 отсто од вкупната вработеност. Сепак, бројни предизвици влијаат на развојот на секторот, меѓу кои расцепканоста на земјоделското земјиште, ограничен пристап до инфраструктура, земја, вода, енергија, знаење и финансиски услуги, слаби вредносни синџири и ранливост на климатските промени.
Имајќи го ова предвид, ФАО е подготвена да ја поддржи Северна Македонија во две главни области - градење на посилна рурална економија во согласност со стандардите на ЕУ, со фокус на малите земјоделски стопанства и жените фармери; и унапредување на климатската акција, природните ресурси и управувањето со ризиците од катастрофи.
Поконкретно, ФАО ќе ја поддржи Владата на Северна Македонија во развој на ефективни политики и овозможување инвестиции за рурална трансформација, подобрување на структурата на земјоделското земјиште и мобилноста на пазарот на земјиште, модернизирање на производството, зајакнување на вредносните синџири и овозможување на климатски паметно, отпорно земјоделство.
Ќе продолжи поддршката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во спроведување на тековните проекти за консолидација на земјоделското земјиште во рамките на Националната Програма за консолидација на земјиштето и нејзино понатамошно проширување на национално ниво, како и спроведување на други инструменти за пазарот на земјиште.
Преку споделување на знаење и јакнење на капацитети, ФАО ќе му помогне на МЗШВ и на другите релевантни партнери во развој на политики и мерки за подобрени советодавни, ветеринарни и фитосанитарни услуги, како и во напорите за усогласување на управувањето со здравјето на животните, безбедноста и квалитетот на храната со стандардите на Европската инија, во насока на задоволување на домашните потреби, како и соочување со предизвиците во глобалните прехранбени синџири.
Во рамки на вториот приоритет на програмата, ФАО ќе ги поддржи напорите на земјата за климатска акција. Ова вклучува одржливо управување со природните ресурси (земјиште, вода, шуми и биодиверзитет), градење климатска отпорност на земјоделското производство и намалување на ризиците од катастрофи во земјоделството. Зајакнувањето на климатската отпорност на малите земјоделци на многу начини – вклучително и поефикасна употреба на земјоделски репроматеријали, висококвалитетни податоци за донесување одлуки, климатски- паметно земјоделство и проширување на системите за наводнување – ќе бидат меѓу клучните области на поддршка.
„Постигнувањето на овие резултати е можно со силна посветеност на Владата и поддршка од развојните партнери, како и со придонесот на ФАО преку нејзината Програма за техничка соработка. Техничката помош на ФАО игра важна улога преку адресирање на предизвици во клучни области каде недостасува техничка експертиза на национално ниво, но и како каталитички инструмент за одржливо влијание и привлекување на нови инвестиции во насока на постигнување на Целите за одржлив развој дефинирани во Програмската рамка’’, вели Горан Ставриќ, програмски директор на ФАО (Програма за техничка соработка). Северна Македонија се потпира на глобалното искуство и знаењето на ФАО како акредитиран субјект за на Зелениот климатски фонд (Green Climate Fund), Фондот за адаптација (Adaptation Fund) и Глобалниот еколошки фонд (GEF) за пристап до климатски финансии во насока на остварување на националните приоритети за адаптација и ублажување на климатските промени, и исполнување на меѓународните климатски обврски на државата.
Линкови:
In rural North Macedonia, FAO helps improve sustainable and resilient development
Enhancing rice production in North Macedonia through land consolidation
Young Macedonian artist wins World Food Day poster contest honoring food heroes
Land consolidation is the missing link for farmers in North Macedonia
North Macedonia receives continued support for “greening”
1 of 5
Соопштение
28 март 2022
Преку заедничка работа до подобри здравствени услуги за сите
Претставници на семејството на Обединетите нации (ОН), здравствени работници и претставници од голем број национални партнери вклучени во програмата разговараа за научените лекции од заедничката програма, имплементрана од три агенции на ОН, УНФПА, УНИЦЕФ и СЗО, во координација со Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН, а финансирано од Фондот на ОН за одговор и закрепнување од КОВИД-19.
Учесниците на настанот дискутираа и за како да се допре до лицата што можеби не се покриени со здравствени услуги, како да се подобри превентивната заштита во оддалечени региони и места, како да се зајакне имунизацијата, да се користи дигитализација за да се подобри пристапот до здравствени услуги.
„Оваа програма е воспоставена како брз и иновативен одговор на растечките потреби предизвикани од КОВИД-19 и среќни сме што сме меѓу мал број на земји во светот ние што добија финансии од Фондот на ОН за одговор и закрепнување од КОВИД-19,” рече Патриција ДиЏовани, Привремен вршител на должноста Постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија. „Програмата овозможи бесплатни, живото-спасувачки услуги за луѓето, особено за жените и девојчињата што живеат во потешко достапни регионии, а за кои овие услуги можеби се прекинати поради КОВИД-19. Таа треба да служи како пример за многу идни активности и инвестиции во здравствениот сектор, не само за заштита на човечките животи, туку и за зголемување на квалитетот на живот и за подобра иднина на сите луѓе во земјата.”
„Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на КОВИД-19 во Северна Македонија” е заедничка програма што помогна владата да воспостави основни здравствени услуги во контекст на КОВИД-19 преку надградба на веќе направените, значајни инвестиции во националниот систем за здравствена и социјална заштита, за заштита од ширење на заразни болести и за обезбедување на соодветен одговор на разни кризни состојби.
Програмата понуди неколку иновативни здравствени услуги, како на пример мобилните гинеколошки клиники што посетија потешко достапни региони и места, регистарот за е-имунизација чија цел е да се подобри собирањето на податоци и пресметката на покриеност со вакцини, подигнување на свеста за важноста од имунизација со особен фокус на лицата што се двоумат за вакцинација, како и подигнување на свеста кај жени и девојчиња за сексуално и репродуктивно здравје и за родово-базирано насилство. Овие подобрени услуги таргетираат конкретно утврден дефицит предизвикан од КОВИД-19 и овозможуваат ефикасно собирање на податоци за имунизација, потребни за креирање на здравствените политики, истовремено придонесувајќи за поголе професионална поддршка и поддршка од јавноста за вакцинацијата.
Програмата таргетира ранливи категории на жени, адолесцентни девојчиња и деца, особено тие што живеат во оддалечени региони во земјата, што би имале корист од здравствени услуги поврзани со сексуалното и репродуктивно здравје, имунизација и психо-социјална поддршка. Имплементацијата на програмата започна во јануари 2021, а завршува сега, на крајот на март 2022, со вкупен буџет од $850,000.
Програмата е заеднички спроведена од три агенции на Обединетите нации, во соработка со клучни национални партнери, вклучително и Министерствата за здравство, и за труд и социјална политика, директоратот за e-Здравство, Здружението на гинеколози и обстетричари, Комитетот за безбедно мајчинство и новороденчиња, Македонското здравствено здружение, Македонското здружение на сестри и акушерки, Универзитетската клиника за Психијатрија и граѓански организации.
Оваа заедничка програма е овозможена благодарение на придонесите кон Фондот за одговор и закрепнување на ОН за COVID-19 од Владите на Норвешка, Холандија, Швајцарија, Данска, Шведска, Кореја, Финска, Австрија, Обединетото Кралство, Шпанија, Нов Зеланд, САД, Исланд, Хрватска, Португалија, Тајланд, Словачка, Романија, Камбоџа, Кипар и Филипини.
Повеќе инфо на:
https://northmacedonia.un.org/en/170196-safe-and-innovative-health-services-times-covid-19
1 of 5
Соопштение
14 март 2022
Нови сценарија за глобалната сигурност на храната засновани на конфликтот Русија-Украина
Синџирот на снабдување и логистичките прекини кај украинското и руското производство на жито и маслодајни семиња и ограничувањата на рускиот извоз ќе имаат значителни последици по сигурноста на храната. Ова е особено значајно за педесетина земји кои зависат од Русија и Украина за 30% или повеќе од нивната понуда на пченица. Многу од нив се најмалку развиени земји или земји со ниски приходи и со дефицит на храна во Северна Африка, Азија и Блискиот Исток. Многу европски и централноазиски земји се потпираат на Русија за над 50% од снабдувањето со ѓубрива, а недостигот таму може да продолжи до следната година.
Цените на храната, кои веќе се во пораст од втората половина на 2020 година, достигнаа историски максимум во февруари 2022 година поради високата побарувачка, влезните и транспортните трошоци и прекините на пристаништата. Глобалните цени на пченицата и јачменот, на пример, се зголемија за 31% во текот на 2021 година. Цените на маслото од репка и сончогледовото масло се зголемија за повеќе од 60%. Високата побарувачка и нестабилните цени на природниот гас, исто така, ги зголемија трошоците за ѓубрива. На пример, цената на уреата, клучното азотно ѓубриво, се зголеми повеќе од трипати во изминатите 12 месеци.
Интензитетот и времетраењето на конфликтот остануваат неизвесни. Веројатните нарушувања на земјоделските активности на овие два главни извозници на основни производи би можеле сериозно да ја ескалираат несигурноста на храната на глобално ниво, кога меѓународните цени на храната и инпутите се веќе високи и нестабилни. Конфликтот, исто така, може да го ограничи земјоделското производство и куповната моќ во Украина, што ќе доведе до зголемена несигурност на храната на локално ниво.
Идентификувани основни фактори на ризик
Житните култури ќе бидат подготвени за жетва во јуни. Дали земјоделците во Украина ќе можат да ги ожнеат и да ги достават на пазарот не е јасно. Масовното раселување на населението го намали бројот на земјоделски работници. Пристапот до земјоделските полиња би бил отежнат. Исто така, би било ограничено одгледувањето добиток и живина и производството на овошје и зеленчук.
Украинските пристаништа на Црното Море се затворени. Дури и ако инфраструктурата за внатрешен транспорт остане недопрена, превозот на жито по железница би бил невозможен поради недостаток на оперативен железнички систем. Бродовите сè уште можат да транзитираат низ турскиот теснец, критичен трговски центар низ кој поминуваат големо количество пратки на пченица и пченка. Зголемените премии за осигурување за регионот на Црното Море би ги влошиле и онака високите трошоци за превозот, со што се зголемуваат трошоците за увоз на храна. Сè уште е нејасно дали капацитетите за складирање и преработка ќе останат недопрени и со персонал.
Руските пристаништа на Црното Море засега се отворени, а на краток рок не се очекува поголемо нарушување на земјоделското производство. Сепак, финансиските санкции против Русија предизвикаа значителна амортизација која, доколку продолжи, може да ја поткопа продуктивноста и растот и на крајот дополнително да ги зголеми трошоците на земјоделско производство. Русија е главен играч на глобалниот енергетски пазар, со 18% од светскиот извоз на јаглен, 11% од нафтата и 10% од гасот. Земјоделството бара енергија преку употреба на гориво, гас, електрична енергија, како и ѓубрива, пестициди и лубриканти. Производството на состојки и добиточна храна исто така бара енергија. Тековниот конфликт предизвика пораст на цените на енергијата, со негативни последици врз земјоделскиот сектор.
Пченицата е основна храна за над 35% од светското население, а сегашниот конфликт може да резултира со ненадејно и нагло намалување на извозот на пченица и од Русија и од Украина. Сè уште не е јасно дали другите извозници ќе можат да ја пополнат оваа празнина. Залихите на пченица веќе се при крај во Канада, а извозот од САД, Аргентина и други земји најверојатно ќе биде ограничен бидејќи владата ќе се обиде да ја осигури домашна понуда. Земјите зависни од увозот на пченица веројатно ќе ги зголемат нивоата, додавајќи дополнителен притисок врз глобалните резерви. Египет, Турција, Бангладеш и Иран се најголемите светски увозници на пченица, кои купуваат повеќе од 60% од својата пченица од Русија и Украина, а сите имаат исклучителен увоз. Либан, Тунис, Јемен, Либија и Пакистан, исто така, во голема мера се потпираат на двете земји за нивното снабдување со пченица. Глобалната трговија со пченка најверојатно ќе се намали поради очекувањата дека загубата од извозот од Украина нема да биде пополнета од други извозници и поради високите цени.
Извозните изгледи за сончогледово масло и други алтернативни масла исто така остануваат неизвесни. Големите увозници на сончогледово масло, вклучувајќи ги Индија, Европската унија, Кина, Иран и Турција, мора да најдат други добавувачи или други растителни масла, кои би можеле да имаат ефект врз маслата од палма, соја и семе од репка, на пример. Препорачани политики Да се одржи глобалната трговија со храна и ѓубрива отворена. Треба да се направат сите напори за да се заштитат производствените и трговските активности потребни за задоволување на домашните и глобалните барања. Синџирите на снабдување треба да продолжат да се движат, што значи заштита на расположливите култури, добитокот, инфраструктурата за преработка на храна и сите логистички системи. Да се најдат нови и подиверзифицирани добавувачи на храна. Земјите зависни од увоз на храна од Русија и Украина треба да бараат алтернативни добавувачи за да го апсорбираат шокот. Тие, исто така, треба да се потпрат на постоечките резерви на храна и да го диверзифицираат своето домашно производство за да обезбедат пристап на луѓето до здрава исхрана. Да се поддржат ранливите групи, вклучително и внатрешно раселените лица. Владите мора да ги прошират програмите за социјална заштита за да ги заштитат ранливите луѓе. Во Украина, меѓународните организации мора да се вклучат за да помогнат помошта да стигне до луѓето на кои им е потребна. Низ целиот свет, многу повеќе луѓе би биле втурнати во сиромаштија и глад поради конфликтот, и оттука неопходно е да се обезбедат навремени и добро насочени програми за социјална заштита. Да се избегнуваат ад хок политики. Пред да донесат какви било мерки за обезбедување на снабдувањето со храна, владите мора да ги разгледаат нивните потенцијални ефекти на меѓународните пазари. Намалувањата на увозните тарифи или употребата на извозни ограничувања би можеле да помогнат да се решат предизвиците за сигурноста на храната во поединечна земја на краток рок, но тие ќе ги зголемат цените на глобалните пазари. Да се зајакне пазарната транспарентност и дијалог. Повеќе транспарентност и информации за условите на глобалниот пазар може да им помогнат на владите и инвеститорите да донесат информирани одлуки во услови кога пазарите на земјоделски стоки се нестабилни. Иницијативите како што е Земјоделскиот пазарен информативен систем (AMIS) на Г-20 ја зголемуваат таквата транспарентност преку обезбедување на објективни и навремени проценки на пазарот.
Интензитетот и времетраењето на конфликтот остануваат неизвесни. Веројатните нарушувања на земјоделските активности на овие два главни извозници на основни производи би можеле сериозно да ја ескалираат несигурноста на храната на глобално ниво, кога меѓународните цени на храната и инпутите се веќе високи и нестабилни. Конфликтот, исто така, може да го ограничи земјоделското производство и куповната моќ во Украина, што ќе доведе до зголемена несигурност на храната на локално ниво.
Идентификувани основни фактори на ризик
Житните култури ќе бидат подготвени за жетва во јуни. Дали земјоделците во Украина ќе можат да ги ожнеат и да ги достават на пазарот не е јасно. Масовното раселување на населението го намали бројот на земјоделски работници. Пристапот до земјоделските полиња би бил отежнат. Исто така, би било ограничено одгледувањето добиток и живина и производството на овошје и зеленчук.
Украинските пристаништа на Црното Море се затворени. Дури и ако инфраструктурата за внатрешен транспорт остане недопрена, превозот на жито по железница би бил невозможен поради недостаток на оперативен железнички систем. Бродовите сè уште можат да транзитираат низ турскиот теснец, критичен трговски центар низ кој поминуваат големо количество пратки на пченица и пченка. Зголемените премии за осигурување за регионот на Црното Море би ги влошиле и онака високите трошоци за превозот, со што се зголемуваат трошоците за увоз на храна. Сè уште е нејасно дали капацитетите за складирање и преработка ќе останат недопрени и со персонал.
Руските пристаништа на Црното Море засега се отворени, а на краток рок не се очекува поголемо нарушување на земјоделското производство. Сепак, финансиските санкции против Русија предизвикаа значителна амортизација која, доколку продолжи, може да ја поткопа продуктивноста и растот и на крајот дополнително да ги зголеми трошоците на земјоделско производство. Русија е главен играч на глобалниот енергетски пазар, со 18% од светскиот извоз на јаглен, 11% од нафтата и 10% од гасот. Земјоделството бара енергија преку употреба на гориво, гас, електрична енергија, како и ѓубрива, пестициди и лубриканти. Производството на состојки и добиточна храна исто така бара енергија. Тековниот конфликт предизвика пораст на цените на енергијата, со негативни последици врз земјоделскиот сектор.
Пченицата е основна храна за над 35% од светското население, а сегашниот конфликт може да резултира со ненадејно и нагло намалување на извозот на пченица и од Русија и од Украина. Сè уште не е јасно дали другите извозници ќе можат да ја пополнат оваа празнина. Залихите на пченица веќе се при крај во Канада, а извозот од САД, Аргентина и други земји најверојатно ќе биде ограничен бидејќи владата ќе се обиде да ја осигури домашна понуда. Земјите зависни од увозот на пченица веројатно ќе ги зголемат нивоата, додавајќи дополнителен притисок врз глобалните резерви. Египет, Турција, Бангладеш и Иран се најголемите светски увозници на пченица, кои купуваат повеќе од 60% од својата пченица од Русија и Украина, а сите имаат исклучителен увоз. Либан, Тунис, Јемен, Либија и Пакистан, исто така, во голема мера се потпираат на двете земји за нивното снабдување со пченица. Глобалната трговија со пченка најверојатно ќе се намали поради очекувањата дека загубата од извозот од Украина нема да биде пополнета од други извозници и поради високите цени.
Извозните изгледи за сончогледово масло и други алтернативни масла исто така остануваат неизвесни. Големите увозници на сончогледово масло, вклучувајќи ги Индија, Европската унија, Кина, Иран и Турција, мора да најдат други добавувачи или други растителни масла, кои би можеле да имаат ефект врз маслата од палма, соја и семе од репка, на пример. Препорачани политики Да се одржи глобалната трговија со храна и ѓубрива отворена. Треба да се направат сите напори за да се заштитат производствените и трговските активности потребни за задоволување на домашните и глобалните барања. Синџирите на снабдување треба да продолжат да се движат, што значи заштита на расположливите култури, добитокот, инфраструктурата за преработка на храна и сите логистички системи. Да се најдат нови и подиверзифицирани добавувачи на храна. Земјите зависни од увоз на храна од Русија и Украина треба да бараат алтернативни добавувачи за да го апсорбираат шокот. Тие, исто така, треба да се потпрат на постоечките резерви на храна и да го диверзифицираат своето домашно производство за да обезбедат пристап на луѓето до здрава исхрана. Да се поддржат ранливите групи, вклучително и внатрешно раселените лица. Владите мора да ги прошират програмите за социјална заштита за да ги заштитат ранливите луѓе. Во Украина, меѓународните организации мора да се вклучат за да помогнат помошта да стигне до луѓето на кои им е потребна. Низ целиот свет, многу повеќе луѓе би биле втурнати во сиромаштија и глад поради конфликтот, и оттука неопходно е да се обезбедат навремени и добро насочени програми за социјална заштита. Да се избегнуваат ад хок политики. Пред да донесат какви било мерки за обезбедување на снабдувањето со храна, владите мора да ги разгледаат нивните потенцијални ефекти на меѓународните пазари. Намалувањата на увозните тарифи или употребата на извозни ограничувања би можеле да помогнат да се решат предизвиците за сигурноста на храната во поединечна земја на краток рок, но тие ќе ги зголемат цените на глобалните пазари. Да се зајакне пазарната транспарентност и дијалог. Повеќе транспарентност и информации за условите на глобалниот пазар може да им помогнат на владите и инвеститорите да донесат информирани одлуки во услови кога пазарите на земјоделски стоки се нестабилни. Иницијативите како што е Земјоделскиот пазарен информативен систем (AMIS) на Г-20 ја зголемуваат таквата транспарентност преку обезбедување на објективни и навремени проценки на пазарот.
1 of 5
Најнови ресурси
1 / 11
1 / 11