Цел за одржлив развој

Мир, правда и силни институции

Да се промовираат мирољубиви и инклузивни општества за одржлив развој, пристап до правда за сите и да се изградат ефективни,одговорни и инклузивни институции на сите нивоа.

16

Таргети за цел 16

16.1 Значително да се намалат сите форми на насилство и стапките на смртност, насекаде

16.2 Да се стави крај на злоупотребата, експлоатацијата, трговијата и на сите форми на насилство и измачување на децата

16.3 Да се промовира владеење на правото на национално и на меѓународно ниво, и да се обезбеди еднаков пристап до правда за сите

16.4 До 2030 година значително да се намалат незаконските финансиски текови и трговијата со оружје, да се зајакне обновата и враќањето на украден имот и да се спречат сите форми на организиран криминал

16.5 Значително да се намали корупцијата и митото во сите нивни облици

16.6 Да се развијат ефикасни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа

16.7 Да се обезбеди одговорно, инклузивно носење одлуки на сите нивоа, во кое учествуваат и се претставени сите засегнати страни

16.8 Да се прошири и да се зајакне учеството на земјите во развој во институциите за глобално управување

16.9 До 2030 година да се обезбеди правен идентитет за сите, вклучително и евиденција на родените

16.10 Да се обезбеди пристап на јавноста до информации и заштита на основните права и слободи во согласност со националното законодавство и меѓународните договори

16.a Да се зајакнат релевантните национални институции вклучително и преку меѓународна соработка за градење на капацитетите на сите нивоа, особено во земјите во развој за спречување на насилството и борба против тероризмот и криминалот

16.б Да се промовираат и да се спроведуваат недискриминаторски закони и политики за одржлив развој

Целите за одржлив развој во Северна Македонија

Целите за одржлив развој се глобален повик за акција да се стави крај на сиромаштијата, да се заштити животната средина и климата и да се обезбеди сите луѓе да уживаат во мир и просперитет. Ова се целите на кои Обединетите нации работат во Северна Македонија: