Цел за одржлив развој

Родова еднаквост

Да се постигне родова еднаквост и еманципација на жените и девојчињата.

5

Таргети за цел 5

5.1 Да се укинат сите форми на дискриминација против жените и девојчињата, насекаде

5.2 Да се елиминираат сите форми на насилство врз жени и девојчиња во јавната и во приватната сфера, вклучително и трговијата со луѓе, сексуална и друг вид експлоатација

5.3 Да се елиминираат сите штетни појави, како што се присилни бракови со деца, бракови во рана возраст и генитално осакатување на женската популација

5.4 Да се признае и да се вреднува неплатената нега и домашната работа преку овозможување јавни услуги, инфраструктура и политики за социјална заштита и промоција на заедничка одговорност во рамките на домаќинствата и семејствата, соодветно на националните околности

5.5 Да се осигури целосно и ефективно учество на жените и еднакви можности за лидерство на сите нивоа при донесувањето одлуки во политичкиот, економскиот и во јавниот живот

5.6 Да се осигури универзален пристап до правото за обезбедување на половото и на репродуктивното здравје, во согласност со Програмата за акција на Меѓународната конференција за население и развој и Пекиншката платформа за акција и документите кои се резултат на овие конференции

5.а Да се преземат реформи за еднаков пристап на жените до економски ресурси, како и пристап до земјиште и до други форми на сопственост, финансиски услуги, наследство и природни ресурси, во согласност со националните закони

5.б Да се зголеми примената на технологии што обезбедуваат подобри услови, особено во информатичката и во комуникациската сфера со цел промовирање на еманципацијата на жените

5.в Да се усвојат и да се подобрат здрави политики и акти за нивно спроведување со цел подобрување на родовата еднаквост и еманципација на сите жени и девојки, на сите нивоа

Целите за одржлив развој во Северна Македонија

Целите за одржлив развој се глобален повик за акција да се стави крај на сиромаштијата, да се заштити животната средина и климата и да се обезбеди сите луѓе да уживаат во мир и просперитет. Ова се целите на кои Обединетите нации работат во Северна Македонија: