Цел за одржлив развој

Достоинствено вработување и економски раст

Да се промовира инклузивен и одржлив економски раст, вработување и пристојна работа за сите.

8

Таргети за цел 8

8.1 Да се одржи економскиот раст по глава на жител во согласност со националните услови, и особено на најмалку 7 отсто пораст на бруто домашниот производ на годишно ниво во најмалку развиените земји

8.2 Да се постигне повисоко ниво на економска продуктивност преку разновидност, технолошка надградба и иновации, како и преку фокус кон остварување висока додадена вредност и сектори што поттикнуваат нови работни места

8.3 Да се промовираат развојно ориентирани политики што поддржуваат производствени активности, креирање пристојни работни места, претприемништво, креативност и иновации, како и да се охрабри формализацијата и растот на микро, малите и средни претпријатија, меѓу другото и преку пристап до финансиски услуги

8.4 До 2030 година прогресивно да се подобрува глобалната ефикасност на ресурсите при потрошувачка и производство, како и да се настојува да се постигне економски раст без уништување на животната средина, во согласност со 10-годишната рамковна програма за одржлива потрошувачка и производство под водство на развиените земји

8.5 До 2030 година да се постигне целосно и продуктивно вработување и пристојна работа за сите жени и мажи, вклучително и за младите и за лицата со попреченост како и еднаква плата за работа со иста вредност

8.6 До 2020 година значително да се намали процентот на млади што не се вработени, не се образуваат и не се на обука

8.7 Да се преземат итни и ефективни мерки за искоренување на принудната работа, да се стави крај на модерното ропство и на трговијата со луѓе и да се стави забрана и да се елиминираат најлошите форми на искористување деца за работа, вклучително и на регрутирањето и употребата на деца како војници, а до 2025 година да се стави крај на детскиот труд во сите облици

8.8 Да се заштитат правата на работниците и да се промовира безбедна и сигурна работна средина за сите работници, вклучително и за работниците мигранти, особено за жените мигранти, и за оние со нестабилно вработување

8.9 До 2030 година да се изготват и да се спроведат политики за промовирање одржлив туризам којшто создава работни места и ја промовира локалната култура и производи

8.10 Да се зајакне капацитетот на домашните финансиски институции со цел да се поттикне и да се прошири пристапот до банкарски, осигурителни и финансиски услуги за сите

8.a Да се зголеми поддршката за трговија на земјите во развој, особено на најмалку развиените земји вклучително и преку Зајакната интегрираната рамка за зголемување на техничката помош во однос на трговијата за најмалку развиените земји

8.б До 2020 година да се развие и да се стави во функција глобална стратегија за вработување на младите и спроведувањето на Глобалниот пакт за работни места на Меѓународната организација на трудот

Целите за одржлив развој во Северна Македонија

Целите за одржлив развој се глобален повик за акција да се стави крај на сиромаштијата, да се заштити животната средина и климата и да се обезбеди сите луѓе да уживаат во мир и просперитет. Ова се целите на кои Обединетите нации работат во Северна Македонија: