Македонски јавни институции, приватни компании и граѓански организации добиваат поддршка за можностите за ангажман со Зелениот климатски фонд преку акредитација

  • Владата на Република Северна Македонија објави јавен Повик до сите јавни институции, приватни компании и граѓански организации во земјата заинтересирани да бидат акредитирани за директен пристап до и спроведување на проекти финансирани од Зелениот климатски фонд со цел реализирање на националните приоритети за климатска акција.
A windfarm

Владата на Република Северна Македонија претставена од Кабинетот на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања како Национален назначен орган (ННО) за Зелениот климатски фонд (ЗКФ) објави јавен Повик до сите јавни институции, приватни компании и граѓански организации во земјата заинтересирани да бидат акредитирани за директен пристап до и спроведување на проекти финансирани од Зелениот климатски фонд со цел реализирање на националните приоритети за климатска акција.

Повикот е објавен во рамките на вториот проект на земјата од Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка на ЗКФ, кој го спроведува Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) под раководство на ННО, конкретно проектната компонента фокусирана на олеснување на директен пристап до климатски финансии.

Целта е да се поддржи земјата за пристап до финансиски средства од ЗКФ преку национални субјекти, т.н. Субјекти за директен пристап, што значи дека климатските финансии можат да се насочуваат директно во земјата без посредство на меѓународни партнери. Ова ќе и овозможи на земјата сопственост врз климатското финансирање и истото подобро да го интегрира во националните акциски планови за клима. Субјектите со директен пристап можат да бидат субјекти на национално, регионално и локално ниво (министерства, владини агенции, климатски фондови, комерцијални банки, приватни компании, граѓански организации и други правни лица) проценети според нивните капацитети како подобни за развој, спроведување и / или следење на проекти / програми од Зелениот климатски фонд, во согласност со приоритетите на земјата за ангажман со Фондот.

Како акредитиран субјект за Зелениот климатски фонд со богато знаење и искуство ширум светот, ФАО ќе ја поддржи Владата и националните засегнати страни да ги зајакнат своите капацитети во врска со процесот на акредитација за ЗКФ. Тоа ќе вклучува помош при идентификација на потенцијални Субјекти за директен пристап до ЗКФ и прилагодена поддршка на еден субјект кој ќе биде приоритизиран да го започне процесот на акредитација за Фондот.

Севкупниот процес на рангирање и избор на најподобниот Субјект за директен пристап се спроведува во неколку фази, вклучително зголемување на свеста кај националните заинтересирани страни за процесот на акредитација на ЗКФ, како прв чекор, и второ, брза проценка на потенцијалните Субјекти за директен пристап, што треба да резултира со избор на еден субјект кој ќе продолжи понатаму во процесот како потенцијален Субјект со директен пристап до ЗКФ во Република Северна Македонија. Како трет чекор, приоритизираниот субјект ќе подлежи на институционална ЈАЗ анализа и дефинирање на следните чекори за акредитација за ЗКФ. Конечно, Субјектот за директен пристап ќе ја добие потребната поддршка при комплетирање и доставување на документите потребни за успешна акредитација за ЗКФ. Финалната одлука за тоа кои субјекти ќе бидат рангирани или ќе добијат писмо за номинација за да го започнат процесот за акредитација ја носи Националниот назначен орган за Зелениот климатски фонд.

Како дел од втората фаза на процесот, Кабинетот на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и ФАО вчера организираа успешна виртуелна работилница на која присуствуваа повеќе од 50 претставници на владини институции, министерства, приватниот сектор, граѓанското општество, академски институции и развојни партнери. На работилницата беа презентирани детални информации за конкретните чекори што треба да ги следат заинтересираните субјекти за да учествуваат во процесот на рангирање и селекција на потенцијален Акредитиран субјект со директен пристап до ЗКФ. Учесниците беа информирани за т.н. Брзо оценување на потенцијалните национални Субјекти за директен пристап до ЗКФ и формуларите за апликација што треба да ги достават за да учествуваат во објавениот повик.

Сите јавни, приватни правни лица или граѓански организации од Северна Македонија, заинтересирани да учествуваат во процесот на приоритизација за ЗКФ акредитација, треба да ги достават формуларите за аплицирање најдоцна до 21 декември 2020 година. Детални информации за отворениот повик, условите за аплицирање и целокупниот процес на приоритизирање и избор на потенцијални Субјекти за директен пристап до ЗКФ во Република Северна Македонија, се достапни на веб-страницата на Северна Македонија и Зелениот климатски фонд: www.greendevelopment.mk/mk/OpenCall.aspx

ЛИНКОВИ:

Отворен повик за апликации од потенцијални Субјекти со Директен Пристап до Зелениот климатски фонд

Втор вебинар за акредитација: „Директен пристап до климатски финансии"

Северна Македонија добива континуирана поддршка за зелен развој

 

Контакти за медиуми
Тела на ОН вклучени во оваа иницијатива
ФАО
Организација за храна и земјоделство