Заедничка поддршка на ОН за унапредување на спроведувањето на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (КПЛП)

Новата заедничка програма, финансирана од Партнерството на ОН за правата на лицата со попреченост (УНПРПД МПТФ), е единствена соработка што ги обединува агенциите на ОН, владите, организациите на лица со попреченост (ОЛП)  и граѓанското општеството за да се унапреди имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (КПЛП) и Целите на одржливиот развој коишто ја вклучуваат и попреченоста.

Скопје, 21 мај 2021 година - Воведната обука за меѓусекторски пристапи и предуслови за инклузија на попреченоста во Северна Македонија, којашто започна оваа седмица, го одбележа почетокот на новата заедничка програма на Обединетите нации (ОН) за унапредување на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (КПЛП) и подобрување на Целите за одржлив развој (ЦОР) кои ја вклучуваат и попреченоста.

Оваа заедничка програма, финансирана од Партнерството на ОН за правата на лицата со попреченост (УНПРПД МПТФ), е единствена соработка што ги обединува агенциите на ОН, владите, организациите на лица со попреченост (ОЛП)  и граѓанското општеството за да се унапреди имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (КПЛП) и Целите на одржливиот развој коишто ја вклучуваат и попреченоста.

Вклучувањето на попреченост во Северна Македонија доби на значење по ратификацијата на КПЛП и  Факултативниот протокол во 2011 година. Промените во законодавството со цел училиштата да бидат целосно инклузивни, воведувањето на нов модел за оценување, затворањето на големите институции за деца без родителска грижа и промената во ставовите за попреченоста и инклузијата се некои од резултатите постигнати откако земјата ја ратификуваше Конвенцијата. Дополнителниот напредок со деинституционализацијата, овозможен со претходната поддршка од УНПРПД, ја разоткри комплексноста, празнините и можностите за проширена имплементација на КПЛП и развој за  инклузија на попреченоста. Заедничката програма и меѓу-секторската соработка, исто така, ја подобруваат свеста, пристапноста и испораката на услуги на планот на сексуалното и репродуктивно здравје и услугите за спречување и давање одговор на родово-базираното насилство, особено сексуалната злоупотреба и несаканата бременост кај жени и девојчиња со попреченост .

Владата останува посветена на еднаквоста и вклученоста, вклучително и на лицата со попреченост. Користејќи го постигнатиот напредок, заедничката програма има за цел да ги забрза и продлабочи системските реформи и да ги спроведе предусловите неопходни за вклучување на попреченоста во политиките, програмите и услугите што се усогласени со меѓународните норми и стандарди. Развиена во блиски консултации со претставниците на организации на лица со попреченост, Владата, агенциите на ОН, меѓународната заедница и давателите на услуги за лица со попреченост, програмата ќе се фокусира на:

  1. унапредување на имплементацијата на КПЛП на ниво на земјата фокусирајќи се на предусловите за вклучување на попреченоста низ секторите, преточувајќи ги во конкретни политики, програми и /или услуги што доведуваат до системски промени преку кохезивен, меѓусекторски пристап.
  2. подобрување и зголемување на имплементацијата на ЦОР кои ја вклучуваат попреченоста на ниво на земјата преку обезбедување на основна поддршка за колективниот одговор на ОН за ЦОР за работа на националните приоритети и празнини во врска со лицата со попреченост во националното планирање.

Програмата, која е една од 26-те слични интервенции поддржани на глобално ниво од УНПРПД во овој круг на финансирање, се состои од подготвителна фаза (воведна обука, анализа на состојбата во земјата и целосен развој на предлог-проект) и фаза на имплементација на проектот.

„Преку активностите на ОХЦХР, УНДП, УНФПА, УНИЦЕФ, UN Women и други агенции на ОН, ОН ја поддржаа Владата и националните партнери на повеќе начини, вклучително и во процесот на деинституционализација и реинтеграција во општеството на штитениците од заводот Бања Банско, развој на локални модели за прилагодени услуги за поддршка на лицата со попреченост, развој на инклузивен систем на образование на национално ниво, развој на стандарди за згрижување, развој на услуги за вработување и професионална поддршка, како и прилагодена поддршка за да се овозможи пристап до активни мерки на пазарот на трудот за лицата со попреченост и сензибилизација и градење на капацитетите во врска со КПЛП “, рече Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија. „ОН ќе продолжат да даваат поддршка за системските и сеопфатните реформи и мерки за да се направи вистинска промена кон суштинска и инклузивна еднаквост на лицата со попреченост. Оваа нова заедничка програма на ОН ќе служи за таа цел“.

„Имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост е составен дел од развојот на инклузивните општества каде никој не е оставен да заостане. Затоа УНДП работи да им обезбеди можности на лицата со попреченост коишто им се потребни за да учествуваат во општеството, како и сите други, со посебен фокус на нивната вклученост на пазарот на трудот и исполнета кариера. Преку оваа заедничка програма се надеваме дека ќе го забрзаме процесот на вградување на такви можности во националните политики и услуги за да можеме да го одржиме и да го надградуваме напредокот што го постигнавме “, рече Нарине Сахакјан, постојан претставник на УНДП.

„Луѓето со попреченост носат ветување за среќен, целисходен живот, за витално учество во заедницата и за давање придонес во градењето инклузивни и одржливи општества. Сепак, едно општество не може да биде правично, освен ако не се вклучени сите деца и возрасни, а децата и возрасните со попреченост не можат да бидат вклучени освен ако опкружувањето околу нив не се промени за да го поддржи нивното учество. Водејќи ја меѓусекторската работа за поддршка на инклузијата на децата со попреченост, УНИЦЕФ е задоволен што ја предводи работата во почетната фаза на оваа заедничка програма на ОН “, рече Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ.  

„Бидејќи мотото на КПЛП укажува на „Ништо за нас без нас“,  УНФПА се залага да им се обезбедат еднакви можности на сите, особено на жените и девојчињата, оние кои најмногу заостануваат зад другите, за поттикнување на целосно уживање во здрав живот, без дискриминација и насилство од каков било вид. Со оваа заедничка програма, ќе продолжиме да го поддржуваме развојот на пристапна и инклузивна испорака на услуги во областа на сексуалното и репродуктивно здравје и услуги за спречување и одговор на родово-базираното насилство и дека со почетната обука и анализата на состојбата ќе се обезбеди добра основа за справување со собирањето податоци “, рече Афродита Шаља-Плавјанска, шеф на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија.

„Инклузивните општества се засноваат на еднаквост, правичност и паритет, каде што сите жени и мажи се подеднакво и значајно застапени во сите сфери на јавниот и политичкиот живот.  Во UN Women се надеваме дека со оваа заедничка програма ќе придонесеме за надминување на повеќекратните бариери со кои се соочуваат жените и девојчињата со попреченост, коишто понатаму ќе бидат надминати преку структурни промени, а нивните права и перспективи ќе бидат разгледани и унапредени “, рече Весна Ивановиќ - Кастареде, шеф на канцеларијата на UN Women.

Подготвителната фаза е целосно поддржана од Фондот на УНПРПД (100,000 американски долари). Втората фаза на подготвителните заеднички програмски активности и анализата на состојбата во земјата ќе овозможат подобро разбирање на факторите на контекстот коишто влијаат на имплементацијата на КПЛП и ЦОР и предусловите за вклучување на попреченоста и ќе придонесат за сигурноста дека заедничката програма која што е развиена во фазата три за имплементација е прилагодена на решавањето на националните потреби и предизвици.

Оваа заедничка програма е возможна благодарение на придонесот во УНПРПД фондот од страна на владите на Австралија, Кипар, Финска, Израел, Мексико, Норвешка, Шпанија, Шведска, Велика Британија.

Повеќе информации на: http://www.unprpd.org/

 

 

 

Контакти за медиуми
Тела на ОН вклучени во оваа иницијатива
UN Women
Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените - UN Women
УНДП
Програма за развој на Обединетите нации
Фонд за население на ОН
УНФПА
УНИЦЕФ
Фонд за деца на ОН