Соопштение

Министерот за здравство, претставници на тимот на Обединетите нации и партнери ја посетија мобилната гинеколошка клиника во Чешиново - Облешево

24 февруари 2022

  • Во изминатите три месеци, мобилните гинеколошки клиники спроведоа прегледи во неколку општини – Свети Николе, Врапчиште, Градско, Лозово и Чешиново – Облешево.
Фотографија: © @UNFPA/Georgiev

СКОПЈЕ| 24 февруари 2022 – Министерот за здравство, Беким Сали, претставници на семејството на Обединетите нации (ОН) во Северна Македонија и претставници од димпломатскиот кор ја посетија локацијата на мобилната гинеколошка клиника во Чешиново – Облешево денес, за да го видат спроведувањето на овие услуги на терен. Целта на воспоставувањето на мобилни гинеколошки клиники е да се овозможи зголемен пристап до гинеколошки услуги, особено за најранливите жени и девојчиња во тешко достапни региони што беа под големо влијание на пандемијата COVID-19. 

„Заедничката Програма „Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на COVID-19 во Северна Македонија” се  покажа како успешна активност со цел подобрување на пристапот до сексуално и репродуктивно здравје, имунизацијата и  услуги за поддршка на родово базирано насилство на жените, адолесцентите и децата, со посебен фокус на најранливите категории во оддалечените места и недоволно опслужените области”, рече Министерот за здравство, Беким Сали. „Сето ова немаше да биде реализирано без поддршка на УНФПА, УНИЦЕФ и СЗО во координација на  на   Канцеларијата на Постојаниот Координатор на Обединетите нации, контрибуциите на Владите кои придонесоа со свои средства во Фондот за одговор и закрепнување на ОН за COVID-19, како и националните партнери. За сето ова им изразувам огромна благодарност!”

Во изминатите три месеци, мобилните гинеколошки клиники спроведоа прегледи во неколку општини – Свети Николе, Врапчиште, Градско, Лозово и Чешиново – Облешево. Имплементацијата на овие услуги е поддржана преку проектот  „Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на Ковид-19, во Северна Македонија, финансиран од Фондот на Обединетите нации за одговор и заздравување од COVID-19.

„Една од најголемите предности на оваа програма е можноста брзо да се делува за цела низа од здравствени потреби, често директно кај лицата со најголем ризик и во регионите со слаб пристап до овие услуги”, рече Росана Дуџак, Постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија. „Уште поважно е тоа што активностите и услугите што се воспоставени преку оваа заедничка програма се инвестиција во иднината, за зголемен квалитет на здравствените услуги за сите, без оглед на COVID-19 пандемијата.”

“Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на COVID-19 во Северна Македонија” е заедничка програма што им помогна на властите да се зголеми пристапот до основни здравствени услуги во контекст на COVID-19 преку надоградба на веќе направените, значајни инвестции за зајакнување на здравствениот и социјалниот систем, спречување на ширењето на пандемијата, и обезбедување на соодветен здравствен одговор во разни здравствени кризи.

Преку Програмата се воведени неколку иновативни здравствени услуги, како мобилните гинеколошки клиники што посетуваат потешко достапни региони, а вклучувајки и регистар за е-имунизација, чија цел е да се подобри собирањето на податоци и пресметка на опфатот со вакцинација, комуникација со население што има отпор кон вакцинација, и зголемување на свеста за сексуалното и репродуктивно здравје, како и за родово-базираното насилство. Овие подобрени услуги покриваат утврден недостаток што се појави со почетокот на COVID-19 и овозможуваат ефикасно, навремено собирање на податоци важни за политиките за имунизација, истовремено придонесувајќи за поголема поддршка од јавноста и професионалците за вакцинацијата.

Програмата е насочена кон ранливи категории на жени, девојчиња и деца, особено тие што живеат во оддалечени региони од земјата, а што би имале големи придобивки од здравствени услуги поврзани со сексуално и репродуктивно здравје, имунизација и психо-социјална поддршка. Имплементацијата на програмата започна во јануари 2021 и ќе трае до крајот на март 2022, со вкупен буџет од $850,000 финансирани од Фондот за одговор и закрепнување на ОН за COVID-19.

Програмата се имплементира од три агенции на Обединетите нации, Фондот за население на ОН - УНФПА, Фондот за деца на ОН - УНИЦЕФ, и Светската Здравствена Организација - СЗО, во координација со Канцеларијата на Постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, како и во партнерство со клучни национални партнери, вклучувајќи го Министерството за здравство, Министерството за труд и социјални политики. Вклучени се и директоратот за e-Здравство, Здружението на гинеколози и обстетричари, Комитетот за безбедно мајчинство и новороденчиња, Македонското здравствено здружение, Македонското здружение на сестри и акушерки, Универзитетската клиника за Психијатрија и граѓански организации.

Оваа заедничка програма е овозможена благодарение на придонесите кон Фондот за одговор и закрепнување на ОН за COVID-19 од Владите на Норвешка, Холандија, Швајцарија, Данска, Шведска, Кореја, Финска, Австрија, Обединетото Кралство, Шпанија, Нов Зеланд, САД, Исланд, Хрватска, Португалија, Тајланд, Словачка, Романија, Камбоџа, Кипар и Филипини.

Повеќе инфо на:

https://northmacedonia.un.org/en/170196-safe-and-innovative-health-services-times-covid-19

 

Фотографија: © @UNFPA/Georgiev

Министерот за здравство, претставници на тимот на Обединетите нации и партнери ја посетија мобилната гинеколошка клиника во Чешиново - Облешево

Aleksandar Dimishkovski

Александар Димишковски

RCO
Комуникации и застапување

Тела на ОН вклучени во оваа иницијатива

Фонд за население на ОН
УНФПА
УНИЦЕФ
Фонд за деца на ОН
СЗО
Светска здравствена организација

Цели што ги поддржуваме преку оваа иницијатива