Соопштение

Поголема регионална соработка за забрзана инклузија на лицата со попреченост, во фокусот на Регионална конференција

03 март 2022

  • Зајакнување на националните институции за човекови права како независни механизми за следење на имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост

 

Претставници на националните институции за човекови права, лица со попреченост и организација на лица со попреченост, граѓански организации од Западниот Балкан и претставници од институции и организации од Европските земји учествуваа на вчерашната регионална коференција организирана од Народнот правобранител и Обединетите нации во Северна Македонија.

Учесниците на конференцијата “Зајакнување на националните институции за човекови права како независни механизми за следење на имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост” имаа одлична можност за размена на искуства, добри практики, предизвици, можности и иницијативи во однос на постоечките рамки за следење на Конвенцијата.

“Општествата нема да ги достигнат Целите за одржлив развој без целосна вклученост на сите луѓе, вклучително и лицата со попреченост. Признавањето на нивните права и обезбедувањето нивна вклученост ќе придонесе за подобра иднина за сите. Напредок е постигнат во земјите од регионот, но уште многу треба да се направи за да се забрза вкчученоста на лицата со попреченост во одржливиот развој,” рече Росана Дуџак, Постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија. “Само преку дијалог и заедничка работа на сите – влади, меѓународни и регионални организации, граѓански организации и приватниот сектор, можеме да ги исполниме стандардите од Конвенцијата за права на лицата со попреченост, како и обврските кон Агендата 2030.”

Целта на оваа конференција е да поттикне конструктивен, отворен дијалог насочен кон акции за забрзување на одржливиот развој на Западниот Балкан, со правична и целосна вклученост, водени од меѓународните стандарди за човекови права и ветувањето од Агенда 2030 – Никој да не заостане.

“Има уште многу пат и многу предизвици на него, пред да може да зборуваме за целосна интеграција на лицата сои попреченост, согласно Конвенцијата, која е важна алатка што може да ни помогне во остварување на оваа цел.  Во таа смисла, верувам дека оваа конференција ќе отвори многу дискусии и иницијативи како да се достигне посакуваниот развој,” рече Народниот правобранител, Насер Зибери.

Фокусирајќи се на зајакнување на улогата и на соработката на институциите за човекови права во регионот, конференцијата цели кон инспирирање понатамошни активности од овие тела, организациите на лицата со попреченост и други државни и недржавни тела од регионот.

Покрај за поголема соработка, учесниците на конференцијата се согласија дека лекциите од дискусиите на конференцијата и разменетите добри практики ќе бидат вклучени во нивната работа во иднина, како и дека ќе продолжат да поддржуваат вклученост на независно следење на исполнувањето на човековите права низ регионот.

Поголема регионална соработка за забрзана инклузија на лицата со попреченост, во фокусот на Регионална конференција

Aleksandar Dimishkovski

Александар Димишковски

RCO
Комуникации и застапување

Тела на ОН вклучени во оваа иницијатива

ОХЦХР
Канцеларија на висок комесаријат за човекови права
RCO
United Nations Resident Coordinator Office

Цели што ги поддржуваме преку оваа иницијатива