Рамка за соработка за одржлив развој 2026-2030
Новата Рамка за соработка на ОН 2026–2030 беше изготвена врз основа на сеопфатна, интегрирана и мултисекторска анализа на состојбата и потребите во земјата, како и на независна евалуација на претходната Рамка за соработка на ОН 2021–2025. Беа спроведени интензивни консултации со соработниците од Владата, меѓународните развојни партнери, граѓанското општество и другите чинители со цел да се гарантира инклузивност и интервенциите да можат да ги задоволат потребите на сите луѓе во Северна Македонија, особено луѓето што се изложени на ризик да бидат изоставени.
Со оглед на фактот дека во Рамката за соработка на ОН јасно се утврдува поддршката што ОН колективно ја даваат за националните развојни приоритети на Владата на Северна Македонија, стратешките приоритети што се наведени во продолжение се тесно усогласени со Националната развојна стратегија (НРС), меѓусебно се поврзани и се надополнуваат.
- Стратешки приоритет 1: Инклузивен социјален и човеков развој
- Стратешки приоритет 2: Одржлива економија и достоинствено вработување
- Стратешки приоритет 3: Отпорно и зелено општество и екосистеми
- Стратешки приоритет 4: Владеење на правото и добро управување
Овие Стратешки приоритети и исходите што произлегуваат од нив придонесуваат и за „Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан 2024—2027”, каде што се утврдени клучните цели што Северна Македонија треба да ги постигне да пристапи кон Унијата. Онаму каде што е соодветно, Рамката за соработка на ОН „шесте транзиции“ ги претставува и како катализатори за забрзан напредок на тема ЦОР. Дополнително, преку процесот на конфигурирање, Обединетите нации ја идентификуваа потребната експертиза, како и техничките и финансиските капацитети, за да ја обезбедат потребната поддршка за постигнување на договорените цели.