Соопштение

Прослава на Денот на Обединетите нации: Целите за одржлив развој може да се остварат само ако сите работиме заедно за никој да не биде изоставен

24 октомври 2019

  • Прослава на Денот на Обединетите нации: Целите за одржлив развој може да се остварат само ако сите работиме заедно за никој да не биде изоставен.
Photo from the celebration of UN Day 2019 including most of the UN Country Team and representatives from the Government
Фотографија: © UNRCO/2019

Работењето заедно кон постигнување на Целите за одржлив развој не е само составен дел од целите, туку и единствен начин да се остварат навреме и да се изгради општество во кое никој не е изоставен. Ова беше фокусот на денешната прослава на Денот на Обединетите нации во Министерството за надворешни работи, каде се собраа претставници од сите агенции на ОН, владини претставници, амбасадори, приватниот сектор, синдикатите и членови на граѓанското општество за да ја одбележат 74-годишнината од создавањето на организацијата.

„Денот на ОН е потсетник дека земјите-членки на ОН имаат обврска заеднички да работат на постигнување мир, просперитет и почитување на човековите права“, изјави Зоран Попов, државен секретар во Министерството за надворешни работи. „Северна Македонија ќе продолжи да ги промовира основните вредности на ОН и да биде сигурен партнер во постигнување на Целите за одржлив развој.“

Росана Дуџак, постојан координатор на ОН ги поздрави сите важни скорешни заеднички достигнувања, додавајќи дека „сè што ќе успееме да направиме во голема мера зависи од цврстото партнерство со Владата, граѓанското општество, академскиот и приватниот сектор... и секако, од великодушноста на многу наши партнери“.

Дуџак зборуваше и за новата Рамка на соработка за одржлив развој којашто во моментов се развива како основен инструмент за локализирање на визијата на ОН за подобар свет и јасна насока на човештвото кон унапредување на квалитетот на животот во периодот 2015-2030 г.

„Треба да работиме заедно на утврдување на проблемите, визијата и приоритетите на коишто ќе работиме во наредните пет години, не само затоа што тоа е вистинскиот начин, туку и затоа ни е должност да соработуваме и затоа што тоа е единствениот начин со кој ќе се обезбеди целосно остварување на нашите цели“, вели Дуџак. „Без оглед дали се работи за создавање на нови, пристојни работни места, изградба на цврсти институции, заштита на животната средина и обезбедување еднакви права за сите луѓе, ниедна од Целите за одржлив развој не може да се постигне без сите да помогнат.“

Неделава се спроведува и традиционалната онлајн-кампања со наслов #ИЈасИмамЦел, која оваа година се фокусира врз заговорниците за промени што директно придонесуваат Северна Македонија да ги оствари своите потцели во ЦОР и да изгради поубаво, почисто и побезбедно општество, каде што никој не е изоставен.

Прослава на Денот на Обединетите нации: Целите за одржлив развој може да се остварат само ако сите работиме заедно за никој да не биде изоставен

Aleksandar Dimishkovski

Александар Димишковски

RCO
Комуникации и застапување

Тела на ОН вклучени во оваа иницијатива

UN Women
Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените - UN Women
УНДП
Програма за развој на Обединетите нации
УНЕП
Програма за животна средина на ОН
Фонд за население на ОН
УНФПА
УНХЦР
Канцеларија на висок комесаријат за бегалци на ОН
УНИЦЕФ
Фонд за деца на ОН
УНОДЦ
Канцеларија за дрога и криминал на ОН
УНОПС
Канцеларија за услуги на проекти на ОН
СЗО
Светска здравствена организација