Изјава на г-а Росана Дуџак, Постојан координатор на ОН во Северна Македонија

Системите за јавно здравство се прекумерно оптоварени во последниве месеци и тоа е тест за нашата способност да се справуваме со тешки ситуации.

A photo of Rossana Dudziak, UN Resident Coordinator in North Macedonia

Независно дали ги мериме во однос на изгубените животи, личното или јавното здравје или штетата која е нанесена на глобалната и локалната економија –  влијанијата од ковид-19 се опустошувачки и не тераат да размислиме за начинот на кој живееме. Системите за јавно здравство се прекумерно оптоварени во последниве неколку месеци и тоа е тест за нашата поединечна и колективна способност да се справуваме со тешки ситуации. Олеснувањето на мерките кои беа воведени ширум Европа и во Северна Македонија, вклучително и отворањето на границите, се прифатени и нудат доза на оддишка, но, истовремено наметнуваат огромна одговорност да ги примениме корисните лекции кои ги научивме последниве неколку месеци – и поединечно и колективно.

Најпрво, неопходно е и понатаму да бидеме претпазливи и да прифатиме дека и во претстојните месеци постои голема закана од ковид-19 по нашите животи и општества. Олеснувањето на некои мерки не значи дека не треба да се штитиме, туку дека мораме да ги приспособиме начините на кои живееме и работиме – со претпазливост, одлучност и одговорност, и покажување солидарност кон другите. Имаме апсолутна обврска да продолжиме да ги следиме насоките, кои  овозможуваат да се минимизираат ризиците по нашите заедници и  проактивно да се одговори на кризата, за да не се стави дополнителен товар на веќе и така оптоварениот јавно-здравствен систем.  Зголемениот број случаи на инфицирани лица во Северна Македонија и во многу други земји е огромно предупредување. Одговорното постапување како колектив започнува со нашето поединечно постапување преку одржување на препорачаното физичко растојание, носење заштитни маски и често миење или дезинфицирање на рацете.

Второ,  јакнењето на здравствениот сектор е еден од најголемите приоритети во Северна Македонија. Земјата мора да ги насочи своите заложби и одлучно да инвестира во здравствената заштита за да се  зголеми подготвеноста и капацитетот за давање одговор бидејќи од тоа зависи животот на луѓето. Но, инвестирањето во здравствениот систем е нешто кое не важи само за сегашната пандемија. Тоа е еден од начините да се подобри квалитетот на живот во земјата и да се обезбеди стратегија за одговор на слични шокови во иднина. Создавањето робустен систем за управување со информациите и остварувањата и со кој се врши проценка на ранливостите и ризиците, зголеменото финансирање на здравството и јакнењето на примарната здравствена заштита, се само некои од клучните среднорочни приоритети на патот кон посилен здравствен систем и универзално здравствено покритие во Северна Македонија.

Трето, справувањето со опсежните влијанија од ковид-19 претставува можност да се фокусираме на создавање на подобро, наместо на избрзано враќање кон нормалното какво што го знаевме. Кризата послужи и како огромно предупредување за системските јазови и ранливости, како и нееднаквоста која опстојува во нашите општества – помеѓу половите и оние кои се економски или социјално маргинализирани. Со ширењето на вирусот видовме  неприфатливо зголемена стапка на семејно насилство и злоупотреба, детско запоставување и зголемена дискриминација во општеството, и на локален и на глобален план.  Едно стана јасно – и тоа повторно – дека способноста за справување и ублажување е во голема мера определена и влошена од постоечката нееднаквост и дека оние кои се оставени да заостанат зад другите се честопати оние кои се најтешко погодени.

За да може целосно да се разбере сложеноста и сериозноста на влијанијата од ковид-19  ќе бидат потребни години и години за истражувања и анализи. Разбирањето и справувањето со влијанијата не се сведува само на броење на оние кои се инфицирани или ги изгубиле животите. Да сочувствуваме, покажеме емпатија и  да не ги заборавиме оние кои се најзасегнати, и нивните семејства и пријатели, е тоа што не прави луѓе.

Но, нашата должност оди и понатаму и почнува со тоа што ќе прифатиме дека подоброто утре зависи од нас како ќе го дефинираме, изградиме и одржиме, давајќи еднакви шанси, и користејќи го капацитетот и придонесот на секој поединец и на сите наши заедници, во Северна Македонија и ширум светот. Животот мора да продолжи, да ни носи радост и надеж, но, работејќи во насока на закрепнување, мора да останеме претпазливи, одговорни и ефективно насочени кон јакнење на приоритетите за отпорност на нашите заедници.   Сите достигнувања на Северна Македонија од  независноста досега, ме уверуваат дека оваа прекрасна земја и топли луѓе имаат сила да ја надминат секоја криза. Како и секогаш, семејството на ОН е тука до вас да помогне и да ги слави вашите успеси.

Говор од
Автор
Росана Дуџак
Постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија
RCO
RC
Тела на ОН вклучени во оваа иницијатива
ФАО
Организација за храна и земјоделство
МОТ
Меѓународна организација на трудот
ИОМ
Меѓународна организација за миграции
UN Women
Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените - UN Women
UN-Habitat
Програма на ОН за живеалишта
УНДП
Програма за развој на Обединетите нации
УНЕЦЕ
Економска комисија на ОН за Европа
УНЕП
Програма за животна средина на ОН
УНХЦР
Канцеларија на висок комесаријат за бегалци на ОН
УНИЦЕФ
Фонд за деца на ОН
УНИДО
Организација за индустриски развој на ОН
УНОДЦ
Канцеларија за дрога и криминал на ОН
УНОПС
Канцеларија за услуги на проекти на ОН
СЗО
Светска здравствена организација