Соопштение

УНОДЦ донираше лична заштитна опрема на Граничната полиција и Царинската управа во Северна Македонија

01 јуни 2020

  • Донацијата вклучува маски за лице, ракавици и гелови за дезинфекција на рацете и истата беше предадена на официјална церемонија на која присуствуваа раководителот на царинската испостава на Меѓународниот Аеродром Скопје, управникот на царинарница Скопје, офицерот за врски од Националниот координативен центар за интегрирано гранично управување од Царинската управа, виш полициски советник од Граничната полиција во Скопје како и други претставници од обете организации.

Скопје, Северна Македонија: УНОДЦ донираше лична заштитна опрема на припадниците на Гранична полиција и Царинската управа од Северна Македонија на Меѓународниот Аеродром во Скопје, како дел од поддршката на националните власти за справување со COVID-19.

Донацијата вклучува маски за лице, ракавици и гелови за дезинфекција на рацете и истата беше предадена на официјална церемонија на која присуствуваа раководителот на царинската испостава на Меѓународниот Аеродром Скопје, управникот на царинарница Скопје, офицерот за врски од Националниот координативен центар за интегрирано гранично управување од Царинската управа, виш полициски советник од Граничната полиција во Скопје како и други претставници од обете организации.

За време на церемонијата, УНОДЦ имаше можност да ја реафирмира својата поддршка пред националните власти, кои изразија благодарност и го поздравија гестот, изразувајќи подготвеност за продолжување на соработката со УНОДЦ во наредните месеци. Оваа донација е дел од иницијативата на УНОДЦ за зајакнување на граничната безбедност во Југоисточна Европа, насочена кон промовирање на владеење на правото и добро управување, преку насочени мерки за гранична контрола на пристаништата и аеродромите, финансирано од Европската Унија. https://www.unodc.org/southeasterneurope/

Тела на ОН вклучени во оваа иницијатива

УНОДЦ
Канцеларија за дрога и криминал на ОН

Цели што ги поддржуваме преку оваа иницијатива