Заедничкиот управен одбор ги одобри приоритетите за соработка помеѓу Република Северна Македонија и Обединетите нации за 2021 – 2025

Состанокот е значаен исчекор во консултативниот процес на Рамката за соработка во насока на целосно усогласување со националните приоритети за одржлив развој.

Заедничкиот Управен одбор за соработка помеѓу Република Северна Македонија и Обединетите нации се состана денес, во проширен состав, со цел да ги разгледа и одобри стратешките приротитети и резултати за претстојната Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации (ОН) 2021 – 2025.

Состанокот е значаен исчекор во консултативниот процес на Рамката за соработка во насока на целосно усогласување со националните приоритети за одржлив развој. По дополнителни консултации во август и септември оваа година, Рамката ќе биде заеднички одобрена од Обединетите нации и од Владата на Северна Македонија.

“Целта на денешниот состанок е да размениме мислења за стратешките области за соработка и посакуваните резултати во наредните пет години. Тоа што сакаме да го постигнеме е промена што е одржлива, видлива за крајните корисници – нашите граѓани, што ќе резултира во подобра правна рамка и поефикасни и поодговорни институции”, истакна Зоран Попов, државен секретар во Министерството за надворешни работи.

Рамката за соработка за одржлив развој на Обединетите нации е клучен документ за Обединетите нации во Северна Македонија, претставувајќи ја колективната понуда на системот на ОН за поддршка на земјата во остварување на целите за одржлив развој и агендата 2030.

“Рамката за соработка не е само алатка за одговорност помеѓу ОН и Владата, туку и заложба кон граѓаните на земјата, особено оние што се најранливи и на маргините. Обединетите нации се радуваат кон продолжувањето на заедничките напори во наредните години за да ја доближат Северна Македонија до остварување на своите развојни цели”, рече Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија.

Со цел Рамката да ги рефлектира интересите и приоритетите на сите луѓе во државата, таа се изработува во партиципативен и консултативен процес, почнувајќи од анализа на контекстот на развој во земјата, стратешката приоритизација и нејзина операционализација преку годишните планови на OН агенциите и вклучените партнери.

Новата Рамка за соработка за одржлив развој 2021 – 2025 ги рефлектира исто така и повиците на генералниот секретар на ОН за забрзана акција во исполнување на Агендата 2030 преку Декадата за акција.

Напишано од
Автор
Александар Димишковски
Комуникации и застапување
RCO
Aleksandar Dimishkovski
Тела на ОН вклучени во оваа иницијатива
ФАО
Организација за храна и земјоделство
МОТ
Меѓународна организација на трудот
UN Women
Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените - UN Women
UN-Habitat
Програма на ОН за живеалишта
УНДП
Програма за развој на Обединетите нации
УНЕЦЕ
Економска комисија на ОН за Европа
Фонд за население на ОН
УНФПА
УНХЦР
Канцеларија на висок комесаријат за бегалци на ОН
УНИЦЕФ
Фонд за деца на ОН
УНИДО
Организација за индустриски развој на ОН
СЗО
Светска здравствена организација