Заедничка акција за справување со КОВИД-19 во секторот храна и земјоделство. Согледувања од терен

За да ги претстави реалните согледувања од терен за ефектите и предизвиците од КОВИД-19 врз земјоделството, ФАО дискутираше со земјоделци.

Земјоделскиот сектор во Европа и Централна Азија покажа поголема отпорност во споредба со другите економски сегменти за време на ограничувањата ширум регионот воведени на почетокот на пандемијата КОВИД-19. Економскиот пад, сепак, ја влоши финансиската ранливост на малите земјоделски стопанства, драстично намалувајќи ги достапните извори на приходи и вработување. Во комбинација со предизвиците со кои земјоделците редовно се соочуваат, вклучително влошување на климатските услови, деградација на животната средина и губење на биолошката разновидност, овие предизвици се сметаат меѓу најзначајните за руралната егзистенција и ситуацијата со сигурноста на храната во регионот.

Со цел одржливо решавање на социо-економските влијанија на пандемијата во секторот храна и земјоделството преку зголемена меѓународна соработка, во согласност со пристапот на ООН „да делуваме подобро“ и Целите за одржлив развој, Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) разви сеопфатна Програма за одговор и опоравување од ситуацијата со КОВИД-19, насочена кон иновативни решенија базирани на податоци и одговорни инвестиции за заштита на егзистенцијата, побрзо опоравување и одржлива трансформација на нашите системи за храна. Програмата идентификува шест приоритетни области за заедничко дејствување за да се  зачува развојот и отпорноста на секторот храна и земјоделство од социо-економските и еколошките предизвици кои ги предизвикува пандемијата во регионот на Европа и Централна Азија, вклучително: 1)  Податоци за донесување одлуки;  2)  Економска инклузија и социјална заштита за намалување на сиромаштијата;   3) Стандарди за трговија и безбедност на храна;  4) Зајакнување на отпорноста на малите земјоделски стопанства;  5) Спречување на следната зоонозна пандемија; 6) Трансформација на системите за храна

Оваа програма беше презентирана на регионалниот ФАО онлајн дијалог на високо ниво за Европа и Централна Азија на 7 октомври 2020 г., кој ги обедини сегашните и потенцијалните партнери на ФАО кои работат на територијата на Западен Балкан, Источна Европа, Централна Азија и Јужен Кавказ и се заинтересирани за заеднички одговор преку програмски решенија прилагодени на секој регион за развојните социо-економски и еколошки последици од глобалната здравствена криза во секторот храна и земјоделство. За да ги претстави реалните согледувања од терен за ефектите и предизвиците од КОВИД-19 врз земјоделството, ФАО дискутираше со земјоделци од регионот на Европа и Централна Азија, вклучително и од Северна Македонија:  

Photo album on Flickr 

 

Напишано од
Автор
Радмила Славкова
Национален специјалист по комуникации
ФАО
Radmila Slavkova
Тела на ОН вклучени во оваа иницијатива
ФАО
Организација за храна и земјоделство