Најново
Приказна
09 мај 2022
Караванот за КОВИД-19: Доближување на информациите за вакцинација и на можноста за вакцинирање до локалните заедници во Северна Македонија
Дознајте повеќе
Приказна
05 мај 2022
ИОМ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЈА ПОДДРЖУВА ВЛАДИНАТА ПРОГРАМА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ И ПОСТИГНУВАЊЕТО НА ЦЕЛИТЕ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ ОД АГЕНДАТА 2030
Дознајте повеќе
Приказна
05 мај 2022
ГЛОБАЛНИОТ ЕКОЛОШКИ ФОНД (ГЕФ) СО ПРИДОНЕС КОН ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, И ТОА ПРЕКУ БАЛАНСИРАЊЕ МЕЃУ ПОТРЕБИТЕ НА ЧОВЕКОТ И ТИЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Дознајте повеќе
Најново
The Sustainable Development Goals in Северна Македонија
Целите за одржлив развој се глобален повик за акција да се стави крај на сиромаштијата, да се заштити животната средина и климата и да се обезбеди сите луѓе да уживаат во мир и просперитет. Ова се целите на кои Обединетите нации работат во Северна Македонија:
Приказна
09 мај 2022
Караванот за КОВИД-19: Доближување на информациите за вакцинација и на можноста за вакцинирање до локалните заедници во Северна Македонија
И покрај тоа, само околу 46,5% од вкупното население во Северна Македонија е вакцинирано против КОВИД-19, а процентот на оние кои примиле и засилувачка доза е само 8,4%, што остава голем број луѓе незаштитени од потенцијално тешките последици од вирусот.
Со цел надминување на оваа ситуација, Министерството за здравство организираше „караван“, односно низа настани во локалните заедници раководени од една потесна група луѓе надополнета со припадници на заедниците, со цел да им се приближат информациите и вакцините за КОВИД-19 на локалните жители кои имаат потреба од нив. Досега, над 200 луѓе се вакцинирани за време на настаните во заедниците организирани како дел од караванот.
„Убедливо најголем дел од лицата кои се хоспитализирани поради КОВИД-19 се или целосно невакцинирани или вакцинирани со само една доза. За овие лица, КОВИД-19 останува животозагрозувачка болест. Преку овој караван сакаме да допреме до што повеќе луѓe кои би ги добиле информациите што им се потребни од оние на кои им веруваат, како и да им ја направиме вакцинацијата против КОВИД-19 лесно достапна во местото каде живеат” – изјави д-р Ане Јохансен, специјален претставник на СЗО во Северна Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје.
Вакцинации и совети на лице место
Со поддршката од СЗО, Фондот за децата на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), караванот посети 14 урбани и рурални заедници низ целата земја каде процентот на вакцинирани против КОВИД-19 е понизок од националниот просек. Само во Ново Село, село во источниот дел на државата, 50 лица беа вакцинирани при само еден настан. Во Шуто Оризари, предградие во главниот град Скопје, 35 лица примија вакцина за разлика од бројката од само четири лица вакцинирани за време на двете недели пред настанот.
Покрај вакцинацијата на лице место, екипите на караванот составени од здравствени работници, волонтери на Црвениот крст и студенти по медицина, им даваа на граѓаните прецизни информации за вакцините против КОВИД-19 и за други теми, одговараа на нивни прашања и даваа совети обликувани според перцепциите и грижите искажани од самите граѓани.
„Одиме подготвени, со брошури, со факти за вакцините против КОВИД-19, маски, дезинфициенси и други клучни ресурси. Важно е да продолжиме да се придржуваме до сите превентивни мерки за кои знаеме дека даваат резултати” – изјави еден од здравствените работници кој е дел од патувачкиот караван.
Допираме до луѓето во нивното место на живеење
Локалните граѓански организации (ГО) дејствуваа на терен во заедниците за да ги информираат граѓаните за караванот пред неговото пристигнување. „Навистина е важно да ги задоволиме потребите и приоритетите на заедницата на локално ниво, за што е потребно да се оди од куќа до куќа. Нашите теренски работници ја искористија оваа можност за да ја подигнат свеста на заедницата за важноста на вакцинацијата против КОВИД-19” – изјави Мерсиха Усеин од ГО „Ромалитико“.
„Теренските активности, како оваа, овозможуваат да ги донесеме вакцините и информациите поблиску до локалните заедници. Вакцините спасуваат животи. Тие се безбедни и делотворни и значително го намалуваат ризикот од тешка форма на болест и смрт. Вакцинирајте се за да се заштитите себеси, вашите деца и вашите заедници” – додаде г-ѓа Патриција ДиЏовани, претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија.
Една од главните причини зошто луѓето го посетија караванот и се вакцинираа беше нивната намера да го заштитат сопственото здравје и здравјето на нивните сакани. „Се вакцинирав затоа што имам две деца и не сакам да се разболиме. Имам дете со парализа, и како негова мајка треба да бидам здрава и жива” – изјави жена која се вакцинираше на еден од настаните во рамките на караванот.
Други лица ги посетија настаните затоа што вакцинацијата им беше лесно достапна. „Поминував оттука, го забележав настанот и решив да се вакцинирам со трета доза” – изјави друг посетител.
Зголемување на процентот на вакцинирани против КОВИД-19
Со вакцините против КОВИД-19 безбедно се вакцинираа милијарди луѓе во светот. Сите вакцини поминуваат низ ригорозно тестирање и независни проценки со цел да се осигура нивната безбедност и делотворност. Примањето на сите препорачани дози на која било од вакцините против КОВИД-19 им помага на луѓето да развијат максимална заштита против сите актуелни варијанти на вирусот.
„Вакцините се многу побезбеден начин за развивање имунитет против КОВИД-19 отколку заразувањето со вирусот и истите докажано обезбедуваат посигурна заштита од природниот имунитет. Вакцинацијата е исто така многу важна во контекстот на олеснување на превентивните мерки: колку повеќе луѓе се вакцинирани, толку подобро заштитени ќе бидеме сите ние како заедница” – истакна д-р Беким Сали, министер за здравство.
Активностите за зголемување на процентот на вакцинирани лица преземени изминатава година докажаа дека во различни заедници успеваат различни пристапи, потврдувајќи ја потребата од индивидуализиран пристап прилагоден на потребите на локалните популации, како и потребата од обезбедување лесен пристап до вакцини и до веродостојни информации за КОВИД-19.
Пандемијата е далеку од завршена. Караванот и другите целно насочени интервенции придонесоа за зголемен интерес за заштита од КОВИД-19. За време на првата недела од проектот „караван“, здравствените домови ширум земјата пријавија просечно зголемување од над 11% на бројот на вакцинации на дневно ниво во нивните вакцинални пунктови во споредба со претходната недела.
1 of 5
Приказна
05 мај 2022
ГЛОБАЛНИОТ ЕКОЛОШКИ ФОНД (ГЕФ) СО ПРИДОНЕС КОН ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, И ТОА ПРЕКУ БАЛАНСИРАЊЕ МЕЃУ ПОТРЕБИТЕ НА ЧОВЕКОТ И ТИЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Во 1992 година, за време на Самитот за Планетата Земја во Рио, беше основана Програмата за мали грантови на ГЕФ - ГЕФ ПМГ која е отелотворување на суштина на одржливиот развој со тоа што "размислува глобално делува локално". Мисијата на овој фонд е заштитата на глобалната животна средина.
Преку обезбедување на финансиска и техничка поддршка на проекти со кои се заштитува животната средина и кои истовремено ја подобруваат благосостојбата на луѓето, ПМГ покажува дека со активности на заедницата можен е добар баланс меѓу потребите на човекот и на животната средина. ГЕФ гради мост на меѓународна соработка и финансии акции за решавање на шест критични закани за глобалната животна средина: загубата на биолошка разновидност, климатските промени, заштита на меѓународните води, деградацијата на земјиштето, одржливо стопанисување со шумите и отстранување на хемикалии.
ПМГ работи на децентрализиран, демократски, транспарентни начин, преку Националниот координатор и Асистент на програмата со волонтерски Национален управувачки комитет (НУК) на национално ниво и Централен тим за менаџмент на програмата (ЦТМП) во Њујорк, САД.
Од своето основање, ПМГ при работата со заедниците се соочи со многу реални предизвици во решавањето на глобални еколошки приоритети наспрема потребите на локалната заедница - предизвици со кои се справуваше на различни начини низ целиот свет во зависност од специфичните економски, културни, политички и еколошки услови. И при тој процес, ПМГ стана "народен ГЕФ".
За повеќе информации кликнете тука.
1 of 5
Приказна
05 мај 2022
ИОМ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЈА ПОДДРЖУВА ВЛАДИНАТА ПРОГРАМА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ И ПОСТИГНУВАЊЕТО НА ЦЕЛИТЕ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ ОД АГЕНДАТА 2030
На 1-ви Април 2022 година, ИОМ Северна Македонија во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Универзитетот на Бирмингем беа домаќини на хибриден настан на кој беше претставен новиот проект „Употреба на системски пристап за проценка на врската помеѓу загадувањето на воздухот и човечката мобилност и вклучувањето на врската во развојот на политиките во Република Северна Македонија“ за учесници од владата, претставници на граѓанското општество и академската заедница.
Настанот со воведни обраќања го претставија министерот за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Насер Нуредини и шефот на Канцеларијата на Мисијата на ИОМ во Република Северна Македонија, Соња Божиновска Петрушевска, по што имаше воведна презентација. за миграциска средина за климата и климатските промени од тематскиот специјалист на ИОМ за миграција, животна средина и климатски промени во Источна и Југоисточна Европа и Централна Азија, Соумјадип Банерџи и презентација на проектот од проектниот менаџер на ИОМ Северна Македонија, Вања Лазаридис.
На конференцијата имаше и говори и презентации за методологијата и студијата за загадувањето на воздухот и човечката мобилност, одржани од професорот Вилијам Авис и професорот Френсис Поуп од Универзитетот во Бирмингем и професорот Менан Селими од Универзитетот на Југоисточна Европа, Северна Македонија.
Во текот на следните 18 месеци, се очекува овој проект да придонесе за решавање на празнините во знаењето и политиките кои се однесуваат на сложените меѓусебни врски помеѓу човечката мобилност, загадувањето на воздухот и чистата енергија во контекст на визијата на Владата на Северна Македонија за чист воздух, како и истражувањето на поврзаноста на човековата мобилност, загадувањето на воздухот и чистата енергија во контекст на Зелената агенда на Европскиот зелен договор за Западен Балкан.
1 of 5
Приказна
16 мај 2022
Здравствените работници - примарен извор на веродостојни информации за имунизација на децата
Скопје, 26 април 2022 година: УНИЦЕФ и Министерството за здравство, во партнерство со Македонското лекарско друштво и Македонското здружение на медицински сестри и акушерки, поддржуваат серија работилници за обука на здравствени работници од првата линија на контакт со пациентите со цел подобрување на нивното знаење, вештини и однос кон родителите и старателите за делотворно комуницирање со нив на темата имунизација во детството.
Глобалните истражувања покажуваат дека квалитетот на интеракција меѓу здравствените работници и родителите и старателите претставува клучен фактор за родителите да ги донесат децата на сите вакцинации согласно со Националниот календар за имунизација. Здравствените работници од првата линија на контакт со пациентите спаѓаат меѓу највлијателните извори на информации во поглед на придржувањето до вакциналниот календар и се суштински важен мост помеѓу заедниците што ги опслужуваат и здравствените услуги што ги обезбедуваат и поддржуваат. Со ваквата нивна улога и положба, практикувањето добра меѓучовечка комуникација претставува клуч кој ќе обезбеди родителите да имаат веродостојни информации, што е клучен фактор за подобрување на опфатот со вакцинации.
Едно неодамнешно истражување на УНИЦЕФ за самоефикасноста, ставовите и перцепциите на здравствените работници за рутинската имунизација на децата во Северна Македонија покажува дека во последните 24 месеци, вакциналните тимови се соочиле со колебливост кај родителите во поглед на вакцинирањето на нивните деца (31%). Истражувањето исто така покажува дека меѓучовечката комуникација на тема имунизација станува сè поголем предизвик. Истовремено, огромното мнозинство родители и старатели на мали деца ги посочуваат здравствените работници како нивен примарен извор на информации за имунизацијата. Обуката е осмислена за да им помогне на здравствените работници не само да продолжат со давање прецизни информации за вакцините туку и да изградат стил на комуникација кој влева доверба кај родителите и старателите, покажува емпатија и разбирање за нивната загриженост.
Покрај тоа што има за цел да ги поддржи здравствените работници како да препознаат различни видови неодлучност околу вакцините и да им даде практични насоки како да даваат персонализирани совети на родителите за тие да можат да носат одлуки засновани на информираност со кои ќе ги заштитат своите деца, обуката е осмислена и на начин што ги зема предвид разликите во знаењето меѓу здравствените работници. Обуката се однесува на 4 главни области:
дефинирање и примена на клучните принципи на меѓучовечката комуникација во комуникацијата за имунизација со родители/старатели на деца под 5-годишна возраст;
учење и практикување вештини за слушање и учество во разговори насочени кон зголемување на опфатот со вакцинации;
зголемување на довербата и способноста на здравствените работници за задоволување на потребите на родителите и старателите и одговор на нивните грижи во врска со безбедноста и делотворноста на вакцините, врз основа на докази; и
користење комуникација заснована на дијалог за да се зголемат процентите на имунизација.
УНИЦЕФ досега има поддржано 10 работилници на кои учествувале 244 здравствени работници од првата линија на контакт со пациентите. До крајот на годината, се очекува 1000 здравствени професионалци да се стекнат со знаење и вештини за практицирање добра меѓучовечка комуникација на темата рутинска имунизација.
Модулите за обука за меѓучовечка комуникација за имунизација и Прирачникот за учесниците се изготвени од страна на Центарот за програми за комуникација „Џон Хопкинс“ и Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија.
1 of 5
Приказна
16 мај 2022
Министерството за здравство, УНИЦЕФ и СЗО со заеднички апел да се делува за да се спречи можна зараза со морбили
Скопје, 21 април 2022 – Министерот за здравство, Беким Сали, на денешната заедничка прес-конференција со претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани и стручното техничко лице на СЗО за имунизација, Горан Кочински ги презентираше најновите податоци за опфатот со редовните вакцини за деца, нагласувајќи дека навремената заштита е клучна, особено за новороденчињата и децата од предучилишна возраст. Информираше дека иако изминатиот период заради пандемијата со КОВИД-19 здравствениот систем се соочуваше со бројни предизвици и во дел од вакциналните пунктови се врши и вакцинација против КОВИД-19, паралелно се одвива и редовната вакцинација, согласно Календарот за имунизација.
-Податоците покажуваат дека во текот на 2020 години се бележи исклучително низок опфат со МРП вакцината, 63% за прва доза и 68,5% за втората доза, на национално ниво. Министерството за здравство и здравствените установи, кои спроведуваат вакцинација, во напорите за засилување на вакцинацијата успеаjа да го зголемат опфатот во 2021 година, така што за прва доза МРП вакцина тој изнесува 70,4%, а за втората доза 80,4 отсто. За разлика од 2020 година кога во неколку општини се евидентира опфат под 50%, во 2021 година опфат под 50% се бележи само во Куманово.
Во 2021 година највисок опфат со прва доза МРП се бележи во Прилеп 98%, Кочани 95,5, како и во други градови, изјави Беким Сали, министер за здравство.
Сепак овој опфат е далеку од потребниот процент од 95% вакцинирани лица за постигнување на колективен имунитет и заштита во заедницата.
Најнизок опфат, во споредба со сите останати вакцини, бележи вакцината против мали сипаници, рубеола и заушки. Малите сипаници се едно од најзаразните респираторни заболувања кое може да доведе до тешки, понекогаш и трајни компликации од типот на пневмонија, оток на мозокот, хоспитализација и смрт. Особено се опасни за деца под 5 години.
-Иако најновите стапки, од 2021 година, ветуваат подобрувања во споредба со 2020 година, ова не е доволно добро. Најалармантен е националниот опфат со вакцината против мали сипаници, рубеола и заразни заушки. Овие стапки (2021 MРП1 – 70.4% and МРП2 - 80.4%) се значително пониски од опфатот во 2018 година (МРП1 – 74,8% и МРП2 - 93,8%) кога земјата се соочи со епидемија на мали сипаници, која предизвика 4 смртни случаи на деца на возраст од 5,5 до 13 месеци, сите невакцинирани со МРП вакцината. Ниските стапки на рутинска имунизација предизвикуваат загриженост дека појавата на епидемија на морбили е можна и не смееме да чекаме да се случи за да реагираме.” – изјави Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ.
Постои одредена одбивност кон МРП вакцините, која е резултат на агресивните дезинформации кои беа побиени со аргументи. Исто така, иако рутинските услуги за имунизација беа достапни за време на пандемијата КОВИД-19, имаше одредени проблеми што придонесоа за намалени стапки во текот на 2020 година. На пример, затворањето на училиштата доведе до доцнење во организирањето на систематските здравствени прегледи и групната имунизација, ресурсите се пренасочија кон задоволување на потребите на вакцинацијата против КОВИД-19.
„Пандемијата на КОВИД-19 претставува суров потсетник дека заразните болести предизвикуваат страдање и смрт. И покрај тоа што борбата против пандемијата на КОВИД-19 сè уште не е завршена, важно е да се потсетиме дека какво било нарушување на имунизацијата, макар и за краток период, носи моментален ризик по заедницата и особено по децата од болести што може да се спречат со вакцини. Кога ќе се пропуштат рутински вакцинации, расте ризикот од епидемии“ – изјави Горан Кочински, Стручно техничко лице на СЗО за имунизација.
Во пресрет на Светската недела на имунизацијата, Министерството за здравство и УНИЦЕФ отпочнуваат национална кампања со која се потсетуваат граѓаните за потребата да обезбедат заштита за нивните деца од заразните болести што се јавуваат во детството.
„Нашата тенденција е да го постигнеме препорачаниот опфат од 95 проценти и во соработка со ДСЗИ и здравствените домови почнуваме со активности за засилена теренска работа за повикување на пропуштените деца за вакцинација. Со кампањата е предвидено и испраќање унифицирана СМС порака на родителите кои ја пропуштиле вакцинацијата на нивните деца, како и засилување на регионалната мрежа на координатори од центрите за имунизација за зајакнување на теренските активности и активно следење и детектирање на пропуштените деца и нивно навремено вакцинирање“, истакна Беким Сали, министер за здравство.
Дополни дека Министерството за здравство во континуитет обезбедува вакцини од светски реномирани производители, кои задолжително исполнуваат строги критериуми за квалитет, односно истите се регистрирани од МАЛМЕД и за нив се обезбедува сертификат за квалитет издаден од производителот и сертификат од референтна лабораторија за контрола на квалитетот.
„Благодарение на високите стапки на вакцинација, некогашните деца, а денешни родители, ја имаа таа среќа да растат без да искусат некој член од семејството или пријател да им почине или да има доживотни последици од болести како што се морбили или полиомиелит. Иронично, ова е една од причините зошто некои веруваат дека болестите што можат да се спречат со вакцини не се повеќе закана за децата“, рече Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ. „Апелираме до родителите и старателите да им ја обезбедат на нивните деца заштитата што ним им ја обезбедиле нивните родителите во минатото. Во 21-от век не смееме свесно да ги загрозуваме животите на децата и да ги изложуваме на ризик од болести што може да се спречат со вакцини и кои се докажани како безбедни и високоефикасни. Контактирајте со вашиот матичен лекар или педијатар, отидете до најблиската здравствена установа или пункт за вакцинација”.
1 of 5
Соопштение
29 април 2022
Нова Програмска рамка ФАО - Северна Македонија за поконкурентна, одржлива и поотпорна рурална економија
Приоритетите на новата Програмска рамка на ФАО за Северна Македонија за периодот 2021–2025 година се во согласност со приоритетите на Владата, Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2021–2027 и Рамката за соработка за одржлив развој меѓу Северна Македонија и Обединетите нации 2021-2025, во насока на трансформирање на системот за храна и усогласување на земјоделството и руралната економија со стандардите на Европската унија и Целите за одржлив развој.
Договорот го потпишаа Mинистерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија, Љупчо Николовски и заменик регионалниот претставник на ФАО за Европа и Централна Азија, Набил Ганги, во рамки на нивната денешна средба со генералниот директор на ФАО, Кју Донгју.
„Оваа рамка е продолжување на долгогодишното партнерство меѓу ФАО и Северна Македонија и нашите заеднички напори за унапредување на развојот на земјоделството, зајакнување на малите земјоделци и семејните земјоделски стопанства и инвестирање во одржлива иднина и сигурност на храната за македонскиот народ“, изјави Набил Ганги, заменик регионален претставник на ФАО.
“Подготвени сме да ги продолжиме активностите и одличната соработка со ФАО преку која министерството, Владата и граѓаните на нашата држава директно на терен го гледаат бенефитот. Ќе го спомнам само успехот кој го направивме со тековните проекти за консолидација на земјоделското земјиште во рамките на Националната Програма за консолидација, со кои направивме историско придвижување во подобрување на структурата на земјоделското земјиште, што крајно придонесе за намалување на трошоците и зголемување на приходите на земјоделците. Соработката со ФАО е богата, течат многу заеднички проекти кои се од огромен интерес за државата“ истакна министерот Николовски.
Земјоделството е еден од клучните економски сектори и значаен работодавач во руралните средини, со 12 отсто од бруто домашниот производ и околу 22 отсто од вкупната вработеност. Сепак, бројни предизвици влијаат на развојот на секторот, меѓу кои расцепканоста на земјоделското земјиште, ограничен пристап до инфраструктура, земја, вода, енергија, знаење и финансиски услуги, слаби вредносни синџири и ранливост на климатските промени.
Имајќи го ова предвид, ФАО е подготвена да ја поддржи Северна Македонија во две главни области - градење на посилна рурална економија во согласност со стандардите на ЕУ, со фокус на малите земјоделски стопанства и жените фармери; и унапредување на климатската акција, природните ресурси и управувањето со ризиците од катастрофи.
Поконкретно, ФАО ќе ја поддржи Владата на Северна Македонија во развој на ефективни политики и овозможување инвестиции за рурална трансформација, подобрување на структурата на земјоделското земјиште и мобилноста на пазарот на земјиште, модернизирање на производството, зајакнување на вредносните синџири и овозможување на климатски паметно, отпорно земјоделство.
Ќе продолжи поддршката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во спроведување на тековните проекти за консолидација на земјоделското земјиште во рамките на Националната Програма за консолидација на земјиштето и нејзино понатамошно проширување на национално ниво, како и спроведување на други инструменти за пазарот на земјиште.
Преку споделување на знаење и јакнење на капацитети, ФАО ќе му помогне на МЗШВ и на другите релевантни партнери во развој на политики и мерки за подобрени советодавни, ветеринарни и фитосанитарни услуги, како и во напорите за усогласување на управувањето со здравјето на животните, безбедноста и квалитетот на храната со стандардите на Европската инија, во насока на задоволување на домашните потреби, како и соочување со предизвиците во глобалните прехранбени синџири.
Во рамки на вториот приоритет на програмата, ФАО ќе ги поддржи напорите на земјата за климатска акција. Ова вклучува одржливо управување со природните ресурси (земјиште, вода, шуми и биодиверзитет), градење климатска отпорност на земјоделското производство и намалување на ризиците од катастрофи во земјоделството. Зајакнувањето на климатската отпорност на малите земјоделци на многу начини – вклучително и поефикасна употреба на земјоделски репроматеријали, висококвалитетни податоци за донесување одлуки, климатски- паметно земјоделство и проширување на системите за наводнување – ќе бидат меѓу клучните области на поддршка.
„Постигнувањето на овие резултати е можно со силна посветеност на Владата и поддршка од развојните партнери, како и со придонесот на ФАО преку нејзината Програма за техничка соработка. Техничката помош на ФАО игра важна улога преку адресирање на предизвици во клучни области каде недостасува техничка експертиза на национално ниво, но и како каталитички инструмент за одржливо влијание и привлекување на нови инвестиции во насока на постигнување на Целите за одржлив развој дефинирани во Програмската рамка’’, вели Горан Ставриќ, програмски директор на ФАО (Програма за техничка соработка). Северна Македонија се потпира на глобалното искуство и знаењето на ФАО како акредитиран субјект за на Зелениот климатски фонд (Green Climate Fund), Фондот за адаптација (Adaptation Fund) и Глобалниот еколошки фонд (GEF) за пристап до климатски финансии во насока на остварување на националните приоритети за адаптација и ублажување на климатските промени, и исполнување на меѓународните климатски обврски на државата.
Линкови:
In rural North Macedonia, FAO helps improve sustainable and resilient development
Enhancing rice production in North Macedonia through land consolidation
Young Macedonian artist wins World Food Day poster contest honoring food heroes
Land consolidation is the missing link for farmers in North Macedonia
North Macedonia receives continued support for “greening”
1 of 5
Соопштение
28 март 2022
Преку заедничка работа до подобри здравствени услуги за сите
Претставници на семејството на Обединетите нации (ОН), здравствени работници и претставници од голем број национални партнери вклучени во програмата разговараа за научените лекции од заедничката програма, имплементрана од три агенции на ОН, УНФПА, УНИЦЕФ и СЗО, во координација со Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН, а финансирано од Фондот на ОН за одговор и закрепнување од КОВИД-19.
Учесниците на настанот дискутираа и за како да се допре до лицата што можеби не се покриени со здравствени услуги, како да се подобри превентивната заштита во оддалечени региони и места, како да се зајакне имунизацијата, да се користи дигитализација за да се подобри пристапот до здравствени услуги.
„Оваа програма е воспоставена како брз и иновативен одговор на растечките потреби предизвикани од КОВИД-19 и среќни сме што сме меѓу мал број на земји во светот ние што добија финансии од Фондот на ОН за одговор и закрепнување од КОВИД-19,” рече Патриција ДиЏовани, Привремен вршител на должноста Постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија. „Програмата овозможи бесплатни, живото-спасувачки услуги за луѓето, особено за жените и девојчињата што живеат во потешко достапни регионии, а за кои овие услуги можеби се прекинати поради КОВИД-19. Таа треба да служи како пример за многу идни активности и инвестиции во здравствениот сектор, не само за заштита на човечките животи, туку и за зголемување на квалитетот на живот и за подобра иднина на сите луѓе во земјата.”
„Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на КОВИД-19 во Северна Македонија” е заедничка програма што помогна владата да воспостави основни здравствени услуги во контекст на КОВИД-19 преку надградба на веќе направените, значајни инвестиции во националниот систем за здравствена и социјална заштита, за заштита од ширење на заразни болести и за обезбедување на соодветен одговор на разни кризни состојби.
Програмата понуди неколку иновативни здравствени услуги, како на пример мобилните гинеколошки клиники што посетија потешко достапни региони и места, регистарот за е-имунизација чија цел е да се подобри собирањето на податоци и пресметката на покриеност со вакцини, подигнување на свеста за важноста од имунизација со особен фокус на лицата што се двоумат за вакцинација, како и подигнување на свеста кај жени и девојчиња за сексуално и репродуктивно здравје и за родово-базирано насилство. Овие подобрени услуги таргетираат конкретно утврден дефицит предизвикан од КОВИД-19 и овозможуваат ефикасно собирање на податоци за имунизација, потребни за креирање на здравствените политики, истовремено придонесувајќи за поголе професионална поддршка и поддршка од јавноста за вакцинацијата.
Програмата таргетира ранливи категории на жени, адолесцентни девојчиња и деца, особено тие што живеат во оддалечени региони во земјата, што би имале корист од здравствени услуги поврзани со сексуалното и репродуктивно здравје, имунизација и психо-социјална поддршка. Имплементацијата на програмата започна во јануари 2021, а завршува сега, на крајот на март 2022, со вкупен буџет од $850,000.
Програмата е заеднички спроведена од три агенции на Обединетите нации, во соработка со клучни национални партнери, вклучително и Министерствата за здравство, и за труд и социјална политика, директоратот за e-Здравство, Здружението на гинеколози и обстетричари, Комитетот за безбедно мајчинство и новороденчиња, Македонското здравствено здружение, Македонското здружение на сестри и акушерки, Универзитетската клиника за Психијатрија и граѓански организации.
Оваа заедничка програма е овозможена благодарение на придонесите кон Фондот за одговор и закрепнување на ОН за COVID-19 од Владите на Норвешка, Холандија, Швајцарија, Данска, Шведска, Кореја, Финска, Австрија, Обединетото Кралство, Шпанија, Нов Зеланд, САД, Исланд, Хрватска, Португалија, Тајланд, Словачка, Романија, Камбоџа, Кипар и Филипини.
Повеќе инфо на:
https://northmacedonia.un.org/en/170196-safe-and-innovative-health-services-times-covid-19
1 of 5
Соопштение
14 март 2022
Нови сценарија за глобалната сигурност на храната засновани на конфликтот Русија-Украина
Синџирот на снабдување и логистичките прекини кај украинското и руското производство на жито и маслодајни семиња и ограничувањата на рускиот извоз ќе имаат значителни последици по сигурноста на храната. Ова е особено значајно за педесетина земји кои зависат од Русија и Украина за 30% или повеќе од нивната понуда на пченица. Многу од нив се најмалку развиени земји или земји со ниски приходи и со дефицит на храна во Северна Африка, Азија и Блискиот Исток. Многу европски и централноазиски земји се потпираат на Русија за над 50% од снабдувањето со ѓубрива, а недостигот таму може да продолжи до следната година.
Цените на храната, кои веќе се во пораст од втората половина на 2020 година, достигнаа историски максимум во февруари 2022 година поради високата побарувачка, влезните и транспортните трошоци и прекините на пристаништата. Глобалните цени на пченицата и јачменот, на пример, се зголемија за 31% во текот на 2021 година. Цените на маслото од репка и сончогледовото масло се зголемија за повеќе од 60%. Високата побарувачка и нестабилните цени на природниот гас, исто така, ги зголемија трошоците за ѓубрива. На пример, цената на уреата, клучното азотно ѓубриво, се зголеми повеќе од трипати во изминатите 12 месеци.
Интензитетот и времетраењето на конфликтот остануваат неизвесни. Веројатните нарушувања на земјоделските активности на овие два главни извозници на основни производи би можеле сериозно да ја ескалираат несигурноста на храната на глобално ниво, кога меѓународните цени на храната и инпутите се веќе високи и нестабилни. Конфликтот, исто така, може да го ограничи земјоделското производство и куповната моќ во Украина, што ќе доведе до зголемена несигурност на храната на локално ниво.
Идентификувани основни фактори на ризик
Житните култури ќе бидат подготвени за жетва во јуни. Дали земјоделците во Украина ќе можат да ги ожнеат и да ги достават на пазарот не е јасно. Масовното раселување на населението го намали бројот на земјоделски работници. Пристапот до земјоделските полиња би бил отежнат. Исто така, би било ограничено одгледувањето добиток и живина и производството на овошје и зеленчук.
Украинските пристаништа на Црното Море се затворени. Дури и ако инфраструктурата за внатрешен транспорт остане недопрена, превозот на жито по железница би бил невозможен поради недостаток на оперативен железнички систем. Бродовите сè уште можат да транзитираат низ турскиот теснец, критичен трговски центар низ кој поминуваат големо количество пратки на пченица и пченка. Зголемените премии за осигурување за регионот на Црното Море би ги влошиле и онака високите трошоци за превозот, со што се зголемуваат трошоците за увоз на храна. Сè уште е нејасно дали капацитетите за складирање и преработка ќе останат недопрени и со персонал.
Руските пристаништа на Црното Море засега се отворени, а на краток рок не се очекува поголемо нарушување на земјоделското производство. Сепак, финансиските санкции против Русија предизвикаа значителна амортизација која, доколку продолжи, може да ја поткопа продуктивноста и растот и на крајот дополнително да ги зголеми трошоците на земјоделско производство. Русија е главен играч на глобалниот енергетски пазар, со 18% од светскиот извоз на јаглен, 11% од нафтата и 10% од гасот. Земјоделството бара енергија преку употреба на гориво, гас, електрична енергија, како и ѓубрива, пестициди и лубриканти. Производството на состојки и добиточна храна исто така бара енергија. Тековниот конфликт предизвика пораст на цените на енергијата, со негативни последици врз земјоделскиот сектор.
Пченицата е основна храна за над 35% од светското население, а сегашниот конфликт може да резултира со ненадејно и нагло намалување на извозот на пченица и од Русија и од Украина. Сè уште не е јасно дали другите извозници ќе можат да ја пополнат оваа празнина. Залихите на пченица веќе се при крај во Канада, а извозот од САД, Аргентина и други земји најверојатно ќе биде ограничен бидејќи владата ќе се обиде да ја осигури домашна понуда. Земјите зависни од увозот на пченица веројатно ќе ги зголемат нивоата, додавајќи дополнителен притисок врз глобалните резерви. Египет, Турција, Бангладеш и Иран се најголемите светски увозници на пченица, кои купуваат повеќе од 60% од својата пченица од Русија и Украина, а сите имаат исклучителен увоз. Либан, Тунис, Јемен, Либија и Пакистан, исто така, во голема мера се потпираат на двете земји за нивното снабдување со пченица. Глобалната трговија со пченка најверојатно ќе се намали поради очекувањата дека загубата од извозот од Украина нема да биде пополнета од други извозници и поради високите цени.
Извозните изгледи за сончогледово масло и други алтернативни масла исто така остануваат неизвесни. Големите увозници на сончогледово масло, вклучувајќи ги Индија, Европската унија, Кина, Иран и Турција, мора да најдат други добавувачи или други растителни масла, кои би можеле да имаат ефект врз маслата од палма, соја и семе од репка, на пример. Препорачани политики Да се одржи глобалната трговија со храна и ѓубрива отворена. Треба да се направат сите напори за да се заштитат производствените и трговските активности потребни за задоволување на домашните и глобалните барања. Синџирите на снабдување треба да продолжат да се движат, што значи заштита на расположливите култури, добитокот, инфраструктурата за преработка на храна и сите логистички системи. Да се најдат нови и подиверзифицирани добавувачи на храна. Земјите зависни од увоз на храна од Русија и Украина треба да бараат алтернативни добавувачи за да го апсорбираат шокот. Тие, исто така, треба да се потпрат на постоечките резерви на храна и да го диверзифицираат своето домашно производство за да обезбедат пристап на луѓето до здрава исхрана. Да се поддржат ранливите групи, вклучително и внатрешно раселените лица. Владите мора да ги прошират програмите за социјална заштита за да ги заштитат ранливите луѓе. Во Украина, меѓународните организации мора да се вклучат за да помогнат помошта да стигне до луѓето на кои им е потребна. Низ целиот свет, многу повеќе луѓе би биле втурнати во сиромаштија и глад поради конфликтот, и оттука неопходно е да се обезбедат навремени и добро насочени програми за социјална заштита. Да се избегнуваат ад хок политики. Пред да донесат какви било мерки за обезбедување на снабдувањето со храна, владите мора да ги разгледаат нивните потенцијални ефекти на меѓународните пазари. Намалувањата на увозните тарифи или употребата на извозни ограничувања би можеле да помогнат да се решат предизвиците за сигурноста на храната во поединечна земја на краток рок, но тие ќе ги зголемат цените на глобалните пазари. Да се зајакне пазарната транспарентност и дијалог. Повеќе транспарентност и информации за условите на глобалниот пазар може да им помогнат на владите и инвеститорите да донесат информирани одлуки во услови кога пазарите на земјоделски стоки се нестабилни. Иницијативите како што е Земјоделскиот пазарен информативен систем (AMIS) на Г-20 ја зголемуваат таквата транспарентност преку обезбедување на објективни и навремени проценки на пазарот.
Интензитетот и времетраењето на конфликтот остануваат неизвесни. Веројатните нарушувања на земјоделските активности на овие два главни извозници на основни производи би можеле сериозно да ја ескалираат несигурноста на храната на глобално ниво, кога меѓународните цени на храната и инпутите се веќе високи и нестабилни. Конфликтот, исто така, може да го ограничи земјоделското производство и куповната моќ во Украина, што ќе доведе до зголемена несигурност на храната на локално ниво.
Идентификувани основни фактори на ризик
Житните култури ќе бидат подготвени за жетва во јуни. Дали земјоделците во Украина ќе можат да ги ожнеат и да ги достават на пазарот не е јасно. Масовното раселување на населението го намали бројот на земјоделски работници. Пристапот до земјоделските полиња би бил отежнат. Исто така, би било ограничено одгледувањето добиток и живина и производството на овошје и зеленчук.
Украинските пристаништа на Црното Море се затворени. Дури и ако инфраструктурата за внатрешен транспорт остане недопрена, превозот на жито по железница би бил невозможен поради недостаток на оперативен железнички систем. Бродовите сè уште можат да транзитираат низ турскиот теснец, критичен трговски центар низ кој поминуваат големо количество пратки на пченица и пченка. Зголемените премии за осигурување за регионот на Црното Море би ги влошиле и онака високите трошоци за превозот, со што се зголемуваат трошоците за увоз на храна. Сè уште е нејасно дали капацитетите за складирање и преработка ќе останат недопрени и со персонал.
Руските пристаништа на Црното Море засега се отворени, а на краток рок не се очекува поголемо нарушување на земјоделското производство. Сепак, финансиските санкции против Русија предизвикаа значителна амортизација која, доколку продолжи, може да ја поткопа продуктивноста и растот и на крајот дополнително да ги зголеми трошоците на земјоделско производство. Русија е главен играч на глобалниот енергетски пазар, со 18% од светскиот извоз на јаглен, 11% од нафтата и 10% од гасот. Земјоделството бара енергија преку употреба на гориво, гас, електрична енергија, како и ѓубрива, пестициди и лубриканти. Производството на состојки и добиточна храна исто така бара енергија. Тековниот конфликт предизвика пораст на цените на енергијата, со негативни последици врз земјоделскиот сектор.
Пченицата е основна храна за над 35% од светското население, а сегашниот конфликт може да резултира со ненадејно и нагло намалување на извозот на пченица и од Русија и од Украина. Сè уште не е јасно дали другите извозници ќе можат да ја пополнат оваа празнина. Залихите на пченица веќе се при крај во Канада, а извозот од САД, Аргентина и други земји најверојатно ќе биде ограничен бидејќи владата ќе се обиде да ја осигури домашна понуда. Земјите зависни од увозот на пченица веројатно ќе ги зголемат нивоата, додавајќи дополнителен притисок врз глобалните резерви. Египет, Турција, Бангладеш и Иран се најголемите светски увозници на пченица, кои купуваат повеќе од 60% од својата пченица од Русија и Украина, а сите имаат исклучителен увоз. Либан, Тунис, Јемен, Либија и Пакистан, исто така, во голема мера се потпираат на двете земји за нивното снабдување со пченица. Глобалната трговија со пченка најверојатно ќе се намали поради очекувањата дека загубата од извозот од Украина нема да биде пополнета од други извозници и поради високите цени.
Извозните изгледи за сончогледово масло и други алтернативни масла исто така остануваат неизвесни. Големите увозници на сончогледово масло, вклучувајќи ги Индија, Европската унија, Кина, Иран и Турција, мора да најдат други добавувачи или други растителни масла, кои би можеле да имаат ефект врз маслата од палма, соја и семе од репка, на пример. Препорачани политики Да се одржи глобалната трговија со храна и ѓубрива отворена. Треба да се направат сите напори за да се заштитат производствените и трговските активности потребни за задоволување на домашните и глобалните барања. Синџирите на снабдување треба да продолжат да се движат, што значи заштита на расположливите култури, добитокот, инфраструктурата за преработка на храна и сите логистички системи. Да се најдат нови и подиверзифицирани добавувачи на храна. Земјите зависни од увоз на храна од Русија и Украина треба да бараат алтернативни добавувачи за да го апсорбираат шокот. Тие, исто така, треба да се потпрат на постоечките резерви на храна и да го диверзифицираат своето домашно производство за да обезбедат пристап на луѓето до здрава исхрана. Да се поддржат ранливите групи, вклучително и внатрешно раселените лица. Владите мора да ги прошират програмите за социјална заштита за да ги заштитат ранливите луѓе. Во Украина, меѓународните организации мора да се вклучат за да помогнат помошта да стигне до луѓето на кои им е потребна. Низ целиот свет, многу повеќе луѓе би биле втурнати во сиромаштија и глад поради конфликтот, и оттука неопходно е да се обезбедат навремени и добро насочени програми за социјална заштита. Да се избегнуваат ад хок политики. Пред да донесат какви било мерки за обезбедување на снабдувањето со храна, владите мора да ги разгледаат нивните потенцијални ефекти на меѓународните пазари. Намалувањата на увозните тарифи или употребата на извозни ограничувања би можеле да помогнат да се решат предизвиците за сигурноста на храната во поединечна земја на краток рок, но тие ќе ги зголемат цените на глобалните пазари. Да се зајакне пазарната транспарентност и дијалог. Повеќе транспарентност и информации за условите на глобалниот пазар може да им помогнат на владите и инвеститорите да донесат информирани одлуки во услови кога пазарите на земјоделски стоки се нестабилни. Иницијативите како што е Земјоделскиот пазарен информативен систем (AMIS) на Г-20 ја зголемуваат таквата транспарентност преку обезбедување на објективни и навремени проценки на пазарот.
1 of 5
Соопштение
03 март 2022
Поголема регионална соработка за забрзана инклузија на лицата со попреченост, во фокусот на Регионална конференција
Претставници на националните институции за човекови права, лица со попреченост и организација на лица со попреченост, граѓански организации од Западниот Балкан и претставници од институции и организации од Европските земји учествуваа на вчерашната регионална коференција организирана од Народнот правобранител и Обединетите нации во Северна Македонија.
Учесниците на конференцијата “Зајакнување на националните институции за човекови права како независни механизми за следење на имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост” имаа одлична можност за размена на искуства, добри практики, предизвици, можности и иницијативи во однос на постоечките рамки за следење на Конвенцијата.
“Општествата нема да ги достигнат Целите за одржлив развој без целосна вклученост на сите луѓе, вклучително и лицата со попреченост. Признавањето на нивните права и обезбедувањето нивна вклученост ќе придонесе за подобра иднина за сите. Напредок е постигнат во земјите од регионот, но уште многу треба да се направи за да се забрза вкчученоста на лицата со попреченост во одржливиот развој,” рече Росана Дуџак, Постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија. “Само преку дијалог и заедничка работа на сите – влади, меѓународни и регионални организации, граѓански организации и приватниот сектор, можеме да ги исполниме стандардите од Конвенцијата за права на лицата со попреченост, како и обврските кон Агендата 2030.”
Целта на оваа конференција е да поттикне конструктивен, отворен дијалог насочен кон акции за забрзување на одржливиот развој на Западниот Балкан, со правична и целосна вклученост, водени од меѓународните стандарди за човекови права и ветувањето од Агенда 2030 – Никој да не заостане.
“Има уште многу пат и многу предизвици на него, пред да може да зборуваме за целосна интеграција на лицата сои попреченост, согласно Конвенцијата, која е важна алатка што може да ни помогне во остварување на оваа цел. Во таа смисла, верувам дека оваа конференција ќе отвори многу дискусии и иницијативи како да се достигне посакуваниот развој,” рече Народниот правобранител, Насер Зибери.
Фокусирајќи се на зајакнување на улогата и на соработката на институциите за човекови права во регионот, конференцијата цели кон инспирирање понатамошни активности од овие тела, организациите на лицата со попреченост и други државни и недржавни тела од регионот.
Покрај за поголема соработка, учесниците на конференцијата се согласија дека лекциите од дискусиите на конференцијата и разменетите добри практики ќе бидат вклучени во нивната работа во иднина, како и дека ќе продолжат да поддржуваат вклученост на независно следење на исполнувањето на човековите права низ регионот.
1 of 5
Соопштение
24 февруари 2022
Министерот за здравство, претставници на тимот на Обединетите нации и партнери ја посетија мобилната гинеколошка клиника во Чешиново - Облешево
СКОПЈЕ| 24 февруари 2022 – Министерот за здравство, Беким Сали, претставници на семејството на Обединетите нации (ОН) во Северна Македонија и претставници од димпломатскиот кор ја посетија локацијата на мобилната гинеколошка клиника во Чешиново – Облешево денес, за да го видат спроведувањето на овие услуги на терен. Целта на воспоставувањето на мобилни гинеколошки клиники е да се овозможи зголемен пристап до гинеколошки услуги, особено за најранливите жени и девојчиња во тешко достапни региони што беа под големо влијание на пандемијата COVID-19.
„Заедничката Програма „Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на COVID-19 во Северна Македонија” се покажа како успешна активност со цел подобрување на пристапот до сексуално и репродуктивно здравје, имунизацијата и услуги за поддршка на родово базирано насилство на жените, адолесцентите и децата, со посебен фокус на најранливите категории во оддалечените места и недоволно опслужените области”, рече Министерот за здравство, Беким Сали. „Сето ова немаше да биде реализирано без поддршка на УНФПА, УНИЦЕФ и СЗО во координација на на Канцеларијата на Постојаниот Координатор на Обединетите нации, контрибуциите на Владите кои придонесоа со свои средства во Фондот за одговор и закрепнување на ОН за COVID-19, како и националните партнери. За сето ова им изразувам огромна благодарност!”
Во изминатите три месеци, мобилните гинеколошки клиники спроведоа прегледи во неколку општини – Свети Николе, Врапчиште, Градско, Лозово и Чешиново – Облешево. Имплементацијата на овие услуги е поддржана преку проектот „Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на Ковид-19, во Северна Македонија, финансиран од Фондот на Обединетите нации за одговор и заздравување од COVID-19.
„Една од најголемите предности на оваа програма е можноста брзо да се делува за цела низа од здравствени потреби, често директно кај лицата со најголем ризик и во регионите со слаб пристап до овие услуги”, рече Росана Дуџак, Постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија. „Уште поважно е тоа што активностите и услугите што се воспоставени преку оваа заедничка програма се инвестиција во иднината, за зголемен квалитет на здравствените услуги за сите, без оглед на COVID-19 пандемијата.”
“Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на COVID-19 во Северна Македонија” е заедничка програма што им помогна на властите да се зголеми пристапот до основни здравствени услуги во контекст на COVID-19 преку надоградба на веќе направените, значајни инвестции за зајакнување на здравствениот и социјалниот систем, спречување на ширењето на пандемијата, и обезбедување на соодветен здравствен одговор во разни здравствени кризи.
Преку Програмата се воведени неколку иновативни здравствени услуги, како мобилните гинеколошки клиники што посетуваат потешко достапни региони, а вклучувајки и регистар за е-имунизација, чија цел е да се подобри собирањето на податоци и пресметка на опфатот со вакцинација, комуникација со население што има отпор кон вакцинација, и зголемување на свеста за сексуалното и репродуктивно здравје, како и за родово-базираното насилство. Овие подобрени услуги покриваат утврден недостаток што се појави со почетокот на COVID-19 и овозможуваат ефикасно, навремено собирање на податоци важни за политиките за имунизација, истовремено придонесувајќи за поголема поддршка од јавноста и професионалците за вакцинацијата.
Програмата е насочена кон ранливи категории на жени, девојчиња и деца, особено тие што живеат во оддалечени региони од земјата, а што би имале големи придобивки од здравствени услуги поврзани со сексуално и репродуктивно здравје, имунизација и психо-социјална поддршка. Имплементацијата на програмата започна во јануари 2021 и ќе трае до крајот на март 2022, со вкупен буџет од $850,000 финансирани од Фондот за одговор и закрепнување на ОН за COVID-19.
Програмата се имплементира од три агенции на Обединетите нации, Фондот за население на ОН - УНФПА, Фондот за деца на ОН - УНИЦЕФ, и Светската Здравствена Организација - СЗО, во координација со Канцеларијата на Постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, како и во партнерство со клучни национални партнери, вклучувајќи го Министерството за здравство, Министерството за труд и социјални политики. Вклучени се и директоратот за e-Здравство, Здружението на гинеколози и обстетричари, Комитетот за безбедно мајчинство и новороденчиња, Македонското здравствено здружение, Македонското здружение на сестри и акушерки, Универзитетската клиника за Психијатрија и граѓански организации.
Оваа заедничка програма е овозможена благодарение на придонесите кон Фондот за одговор и закрепнување на ОН за COVID-19 од Владите на Норвешка, Холандија, Швајцарија, Данска, Шведска, Кореја, Финска, Австрија, Обединетото Кралство, Шпанија, Нов Зеланд, САД, Исланд, Хрватска, Португалија, Тајланд, Словачка, Романија, Камбоџа, Кипар и Филипини.
Повеќе инфо на:
https://northmacedonia.un.org/en/170196-safe-and-innovative-health-services-times-covid-19
1 of 5
Најнови ресурси
1 / 11
1 / 11