Најново
Приказна
27 јули 2022
УНФПА ја започна кампањата „Има помош за живот без насилство“
Дознајте повеќе
Приказна
20 јули 2022
Регионален форум „Виртуелното е реално: зајакнување на законодавната рамка заради поддршка на телесната автономија“
Дознајте повеќе
Приказна
30 јуни 2022
Северна Македонија започнува со подготовка на првата Национална стратегија за oбезбеденост со храна
Дознајте повеќе
Најново
The Sustainable Development Goals in Северна Македонија
Целите за одржлив развој се глобален повик за акција да се стави крај на сиромаштијата, да се заштити животната средина и климата и да се обезбеди сите луѓе да уживаат во мир и просперитет. Ова се целите на кои Обединетите нации работат во Северна Македонија:
Приказна
27 јули 2022
УНФПА ја започна кампањата „Има помош за живот без насилство“
Кампањата „Има помош за живот без насилство”, со која ќе се промовираат услугите што им се на располагање на жените и девојчињата жртви на семејно и родово базирано насилство, започна на 18 јули со средба со жителите на општина Шуто Оризари, прв од серијата настани што ќе се одржат во локалните заедници во наредниот период.
Кампањата е во рамки на проектот “Превенција и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија” што го спроведува Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и финансиска поддршка на британската Амбасада во Скопје.
Настанот во Шуто Оризари ги претстави претставниците на институциите од локалната заедница – Центарот за социјални работи, Министерството за внатрешни работи и од невладиниот сектор, кои ги презентираа услугите, споделуваа искуства и ги охрабрија присутните да пријавуваат семејно насилство.
„Како социјална работничка, забележав дека постојат невидливи ѕидови кои треба да се срушат за да се излезе од темнината на семејното насилство. За почеток, можеме да ги срушиме тие ѕидови со разговор - со сестрата, пријателката, сосетката”, изјави во обраќањето Јасмина Зеќир, социјална работничка во Центарот за социјални работи во Шуто Оризари.
По неа зборуваше и Ристо Јоановски, главниот инспектор во Секторот за внатрешни работи во локалната полициска станица, кој посочи дека “доколку сте сведоци на насилство или самите трпите насилство, полицијата е тука за вас. Пријавете и ние ќе постапуваме по вашата пријава.”
Освен настани во локалната заедница, кампањата ќе опфати и промоција на видео материјали на социјални медиуми како и на националните ТВ медиуми, соработка со видни личности во заедницата, организирање на средби со религиозните лидери и други комуникациски активности.
Проекот има за цел да ја поддржи Владата и соодветните институции да ги имплементираат и спроведуваат интегрираните политики за родово базирано насилство во согласност со принципите на Истанбулската Конвенција.
1 of 5

Приказна
20 јули 2022
Регионален форум „Виртуелното е реално: зајакнување на законодавната рамка заради поддршка на телесната автономија“
Скопје, 20 јуни 2022 година – Регионален форум „Виртуелното е реално: зајакнување на законодавната рамка заради поддршка на телесната автономија“, на кој говорниците од регионот на Западен Балкан и пошироко разговараа за тековните состојби со сајбернасилството и односните законски рамки, се одржа на 20 јуни во Скопје, Северна Македонија.
Форумот, во организација на националните канцеларии на УНФПА во регионот, ги зајакна регионалните партнерства преку изработка на доследни и делотворни законски мерки и подигање на свеста за борбата против дигиталното насилство и родово заснованото насилство општо. Говорниците од Балканот и пошироко, и г. Артур Еркен, Директот на Одделот за политики и стратегии на УНФПА, кој го отвори Форумот, зборуваа за широко распространетата форма на повреда на телесната автономија и човековите права.
Г. Артур Еркен, Директор на Одделот за политики и стратегии на УНФПА, му се обрати на Форумот во Скопје. Фотографија: УНФПА Северна Македонија
„Дигиталното насилство е насилство. Ги засега животите на милиони жени и девојки. Сега е времето да ги здружиме силите да ја заштитиме телесната автономија на секого, онлајн и офлајн“, рече г. Еркан во воведното обраќање, додавајќи дека 85% од жените на светско ниво пријавиле дека посведочиле онлајн насилство, а 40% дека лично биле жртви на таков вид насилство.
Функционерите и претставниците на НВО од регионот исто така му се обратија на Форумот, нагласувајќи дека е неопходно во правните рамки јасно да се дефинира виртуелното насилство и дека е од суштинско значење да се воведат делотворни законски мерки и да се подигне свеста за борбата против дигиталното насилство и родово заснованото насилство.
Настанот е дел од кампањата „Бодирајт“ [Bodyright=телесно право], покрената од УНФПА, како глобален повик на дејство за прекин на насилството врз жените и девојките во виртуелните простори. Бодирајт е општествено движење создадено со цел да ги повика на одговорност технолошките компании, носителите на политики и другите лидери бидејќи тие ја имаат моќта да ја сузбијат онлајн злоупотребата.
Настанот се пренесуваше во живо на Јутјуб каналот на УНФПА Северна Македонија на следниов линк:
https://www.youtube.com/watch?v=6j2sqjyspV8
https://www.youtube.com/watch?v=6j2sqjyspV8
1 of 5

Приказна
30 јуни 2022
Северна Македонија започнува со подготовка на првата Национална стратегија за oбезбеденост со храна
Поставување на основата за подготовка на интегрирана Национална стратегија за обезбеденост со храна во Северна Македонија ќе биде во фокусот на нов проект на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО).
Проектот беше промовиран денеска преку настан во Скопје, организиран од ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во партнерство со Мрежата за рурален развој на Северна Македонија.
Во своето поздравно обраќање, Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, истакна дека во ова време на глобални промени, од суштинско значење е да се обезбеди пристап до безбеден, стабилен и прифатлив извор на храна за сите, и дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе даде целосна поддршка во процесот на развој на Националната стратегија за обезбеденост на храната.
Тој се надоврза и на минатонеделната министерска конференција во Берлин, на која беше испратена порака дека земјоделците, но и сите граѓани, треба да се прилагодиме на новите промени и да се обединиме во изнаоѓање на нови можности за полесно надминување на кризата со храна. ‘’Соочувајќи се со предизвиците од пандемијата Ковид-19 и војната во Украина за домашната обезбеденост со храна, ние како министерство и Владата ја препознавме важноста на Национална стратегија за обезбеденост на храна, како патоказ за утврдување на националните приоритети за подобрување на домашното земјоделско производство, а со тоа и достапноста на храна и можноста секој да си овозможи здрава исхрана. Ваквата стратегија може да ни помогне да го направиме нашиот прехранбен систем поиздржлив и отпорен на идни вакви кризи, кои можат да ја загрозат националната обезбеденост со храна’’ – дополни Министерот Николовски.
Генерално, проектот има за цел да го реши идентификуваниот недостаток на стратешка рамка за обезбеденост со храна во Северна Македонија преку поддршка на Владата да ги подготви релевантните документи, студии и анализи потребни за развој на првата Национална стратегија за обезбеденост со храна во државата. Проектот е дел од Регионалната иницијатива на ФАО за трансформација на системите за храна и олеснување на пристапот до и интеграцијата на пазарите, и се очекува да биде завршен до средината на 2023 година.
Последиците од пандемијата со Ковид-19 продолжуваат да ги дестабилизираат пазарите и да ги изложуваат слабостите во нашите системи за храна. Тековната војна во Украина дополнително ја компромитира глобалната обезбеденост со храна, загрозувајќи ги животите и егзистенцијата на луѓето ширум светот, вклучително и во Северна Македонија.
Синџирите за снабдување со храна, домашни и меѓународни, се нарушени и продолжуваат да влијаат на глобалните цени на житото, ѓубривата и енергијата. Меѓународните цени на храната постојано растат, зголемувајќи го и онака тешкиот товар врз глобалната обезбеденост со храна. Покрај тоа, растечката фреквенција и интензитетот на екстремните климатски настани продолжуваат да бидат главна пречка во синџирите на снабдување и проблем во обезбеденоста со храна.
По повод започнување на проектот, Ченг Фанг, економист од регионалната канцеларија на ФАО за Европа и водечки технички експерт на проектот, истакна дека „постои јасна потреба да се обезбеди перспектива кон сигурна обезбеденост со храна за македонскиот народ во иднина, имајќи ги предвид глобалните и регионалните предизвици, вклучително пандемијата Ковид-19 и војната во Украина“. Тој се заблагодари на македонската Влада што во овие критични моменти дава приоритет на прашањето за обезбеденост со храната. „ФАО, со својата обемна експертиза и искуство во одржливиот развој, е добро позиционирана да ја поддржи Северна Македонија во максимално искористување на земјоделството како најинклузивна алатка за обезбедување на храна за сите“, додаде тој.
Поконкретно, во тесна соработка со Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, преку консултативен и партиципативен процес, ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе работат на собирање на потребни национални податоци за обезбеденост со храна и здрава исхрана, како и на детална анализа на релевантните национални политики, кои ќе послужат како основа за нацрт на идната Стратегија за обезбеденост со храна.
Дополнително, ќе се спроведе институционална анкета за да се подготви предлог за воспоставување на постојан меѓу-институционален национален координативен механизам како главно државно тело во кое ќе бидат вклучени сите засегнати министерства и државни агенции кои ќе бидат одговорни за стратешкиот надзор на спроведување на националната стратегија, закони, политики и програми поврзани со обезбеденост на храната.
ЛИНKOВИ
Нов договор ФАО-Северна Македонија за поконкурентна, одржлива и поотпорна рурална економија
https://www.fao.org/europe/news/detail-news/en/c/1506768/
Воведување на Националната програма за консолидација на земјиштето
https://www.fao.org/in-action/mainstreaming-national-land-consolidation-programme/en/
Трансформирање на системите за храна и олеснување на пристапот до и интеграцијата на пазарите
https://www.fao.org/europe/regional-initiatives/foodsystemsandmarkets/en/
Во рурална Северна Македонија, ФАО помага да се подобри одржливиот и отпорен развој
https://www.fao.org/europe/news/detail-news/en/c/1472589/
Цел за одржлив развој 2 – Нула глад
http://www.fao.org/sustainable-development-goals/goals/goal-2/en/
1 of 5

Приказна
22 јуни 2022
Обединетите нации започнаа заедничка програма за надминување на нееднаквоста и исклучувањето на лицата со попреченост
Обединетите нации ја започнаа заедничката програма „Од знаење и вклучување - до оспособување и учество“ за да се подобри капацитетот на организациите на лицата со попреченост, владата, давателите на услуги и агенциите на ОН и заеднички да придонесат кон успешното спроведување на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост (CRPD). Програмата има за цел и да посредува за поголема инклузивност на лицата со попреченост во националните развојни и хуманитарни планови, буџети, јавни политики и процеси на следење.
Заедничкиот пристап на ОН беше осмислен врз основа на новите докази и клучни препораки што произлегоа од ситуационата анализа на правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија, што беа претставени денеска.
„Тимот на Обединетите нации во земјата сесрдно го поддржува спроведувањето на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост (CRPD), и начинот на кој се следи, што е од пресудна важност за инклузивниот и одржливиот развој на земјата,“ изјави Росана Џуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија.“ Ќе работиме да ја намалиме нееднаквоста и исклучувањето на лицата со попреченост со тоа што ќе ги поддржуваме организациите на лицата со попреченост и организациите на граѓанското општество што ги претставуваат најмаргинализираните групи за да се залагаат за нивно учество во кроењето јавни политики и развој на национално ниво и во процесите на донесување одлуки на локално ниво. Исто така го поддржуваме нивното вклучување во следењето на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и во Целите за одржлив развој.“
Заедничката програма, финансирана од мулти-партнерскиот труст-фонд на партнерството на ОН за правата на лицата со попреченост (UNPRPD MPTF), претставува единствена соработка која ги спојува субјектите на ОН, владите, организациите на лицата со попреченост и поширокото граѓанско општество за да ги промовираат инклузивните цели на одржлив развој на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (CRPD).
Програмата ќе ја спроведуваат Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Фондот за популација на Обединетите нации (УНФПА) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), при што Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН ќе биде задолжена за општата координација.
„Во однос на стратешките определби, сакам да најавам дека покрај Стратегијата за Деинституционализација која успешно се спроведува, Владата на РСМ заедно со Министерството за труд и социјална политика веќе отпочна со развој на нова Национална стратегија за попреченост во која учество земаат сите надлежни министерства, но и граѓански организации, самите лица со попреченост, почитувајќи го принципот „ништо за нас без нас,“ изјави Јована Тренчевска, министерката за труд и социјална политика.
Министерката нагласи дека со анализата на ситуацијата бездруго ќе се насочи земјата во поглед на јавните политики во иднина и во однос на унапредувањето на правата на лицата со попреченост согласно Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и дополни: „Убедена сум дека сите ние овде, со заеднички напори, ќе придонесеме кон концептот на општество за сите, а особено за децата и лицата со попреченост, во кое сите ќе го реализираат потенцијалот и ќе бидат рамноправни членови на општеството“.
„Направен е голем исчекор во поглед на вклучување на децата со попречености во училиштата, но сѐ уште има уште многу работа. Особено се гордеам со фактот што бројот на ученици со попречености во основните училишта се зголеми за 4,5% во споредба со училишната 2019/2020 г., но може да се постигне уште повеќе. Со секое ново дете со попреченост што се запишува во редовните училишта ги рушиме стереотипите. И тие, како и сите други, можат да имаат независен живот,“ изјави Јетон Шаќири, министер за образование и наука.
Aнализата покажа дека лицата со попреченост немаат доволно сознанија за националниот напредок во поглед на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, но и во однос на Целите за одржлив развој. Освен тоа, организациите што ги застапуваат се во суштина исклучени од процесите на донесување одлуки кои не ги засегаат директно. Недоволното познавање, информации и обука на лицата кои сносат одговорност, во комбинација со крутиот модел на испорака на услуги, се главните пречки за повеќето лица со попреченост да ги остварат своите права според Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост.
Низ призмата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост (CRPD), анализата ги идентификува главните тесни грла и предизвици кои ги спречуваат лицата со попреченост да ги остварат своите основни човекови права.
За да се надминат овие предизвици, со анализата се препорачува: промовирање на социјален модел на проценка на попреченоста наспроти медицинскиот пристап кој е доминантен, промовирање на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост на сите општествени нивоа за да се сменат перцепциите и ставовите на општеството кон попреченоста, како и подобрување на пристапот до јавните простори, инфраструктурата, информациите и услугите. Се подвлекува и важноста на инклузијата на лицата со попреченост во средното и високото образование, на тоа да им се овозможи на лицата со попреченост да живеат независно преку промени во системот, и да има доследни, споредливи и расчленети статистички податоци за лицата со попреченост.
Семејството на ОН во Северна Македонија, преку заедничката програма, ќе ги поткрепи заложбите за подобрување на правата, еднаквите можности и инклузијата на лицата со попреченост во сите полиња на делување - и внатрешно и заедно со партнерите. Интервенциите со повеќе засегнати страни, што се планирани во рамките на заедничката програма, ќе бидат катализатор за да се забрзаат неопходните системски реформи во процесите на планирање на национално и локално ниво и следењето.
Заедничката програма се оствари благодарејќи на придонесите кон фондот на УНПРПД од владите на Австралија, Кипар, Финска, Израел, Мексико, Норвешка, Шпанија, Шведска и Обединетото Кралство.
За повеќе информации, посетете го овој сајт: http://www.unprpd.org/
1 of 5
Приказна
15 јуни 2022
Работна програма за Зелениот климатски фонд и повик за климатска акција од приватниот сектор, ги поставуваат темелите на трансформациско климатско финансирање во Северна Македонија
Северна Македонија денеска го заврши Вториот проект за подготвеност за Зелениот климатски фонд со кој се поставуваат темелите за климатски активности предводени од државата во иднина. Завршниот настан го организираа ФАО и Кабинетот на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, во улога на Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд (ЗКФ).
Зелениот климатски фонд е важен партнер на Северна Македонија во пристапот до финансиски средства за реализирање на приоритетите за климатска акција согласно Парискиот договор, Целите за одржлив развој и остварување на обврските за клима во рамките на претпристапниот процес на Европската унија.
Надоврзувајќи се на резултатите од Првиот проект за подготвеност, завршен во 2019 година, во рамките на Вториот проект, Владата и ФАО работеа заедно на понатамошно зајакнување на знаењето и капацитетот на Националниот назначен орган и релевантните партнери за пристап до Зелениот климатски фонд.
Вицепремиерот Битиќи се осврна на придобивките од проектот, како – „Финализирање на Национална работна програма за Зелениот климатски фонд со конкретни приоритети и детален преглед на проектни / програмски идеи (од јавни и приватни чинители, на национално и локално ниво) во идентификуваните приоритетни сектори - енергетика, транспорт, водни ресурси, земјоделство, отпад, биолошка разновидност, здравство, шумарство и културно наследство - што ќе се спроведе како дел од напорите на Северна Македонија за справување со климатските промени.
Препознавајќи ја клучната улога на приватниот сектор во климатски отпорен развој со ниски емисии, преку овој втор проект за подготвеност, Владата и ФАО во рамки на овој проект дадоа посебен акцент на ослободување на потенцијалот на домашните приватни компании за климатски инвестиции, преку нивно едуцирање за прашања поврзани со климатските промени, за климатските финансии и за употребата на технологии и иновации за ублажување и адаптација на климатските промени.
Главен чекор за зајакнување на ангажманот на приватниот сектор во климатска акција и инвестиции е неодамнешната одлука на Владата од 12 Април 2022 да го номинира Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) да биде првиот национален субјект што ќе го започне процесот на акредитација за Зелениот климатски фонд. Вицепремиерот ја потенцираше важноста на процесот на акредитација кон Зелениот климатски фонд, додавајќи дека ФИТР ќе биде прва акредитирана институција кон Зелениот климатски фонд од Западен Балкан со директен пристап до финансии од Фондот, како институција со искуство во менаџирање на проекти кои се поврзани со климатска акција, но и нуди можности за иновативни решенија. Со овој процес Фондот за иновации се издигнува на ниво на останатите меѓународни организации кои се акредитирани кон Зелениот климатски фонд, како Светска банка, Агенциите на Обединетите нации, ЕБРД, ГИЗ, ЕИБ, итн.“, додаде Вицепремиерот Битиќи.
Во овој контекст, Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и директорот на ФИТР, денеска потпишаа Меморандум за соработка во насока на зацврстување на идното партнерство за поттикнување на климатска акција кај приватниот сектор. Како прв чекор, тие го објавија својот прв заеднички јавен Повик за предизвик за „Справување со климатски промени 2022“. Предизвикот има за цел да поттикне зголемување на активности за развивање и примена на иновативни технологии, производи и процеси за ублажување или прилагодување на последиците од климатски промени, што ќе придонесе кон глобалните напори за справување со климатските промени и поактивно вклучување на приватниот сектор во развојот на зелените бизниси и креирање на нови работни места во оваа област.
„Драго ни е што испорачавме долгорочно влијание надвор од животниот век на проектот, преку искористување на експертизата на ФАО, како акредитиран ентитет за Зелен климатски фонд, поддржувајќи ја Северна Македонија да го зголеми својот капацитет да мобилизира климатски финансии од Зелениот климатски фонд за активности за ублажување и адаптација на климатските промени предводени од самата држава“, изјави Набил Ганги, Заменик Регионален претставник на ФАО за Европа и Шеф на ФАО во Северна Македонија.
Фестим Халили, директор на ФИТР, истакна дека ова е вистински пример за проектна одржливост и итно дејствување. „Дополнително на владините политики и стимулации за постигнување на климатските цели и зелен развој, ние му даваме на приватниот сектор единствена можност за инвестиции кои ќе поттикнат иновација и климатска акција низ секторите“, додаде тој.
За да ги поддржи приватните субјекти да го прошират своето знаење за суштинската терминологија, концептите, искуствата и можностите за вклучување во климатски активности и инвестиции, ФАО го разви и првиот од ваков вид, онлајн пакет со алатки за ангажирање на приватниот сектор во климатски активности.
ЛИНКОВИ
Северна Македонија добива континуирана поддршка за зелен развој
http://www.greendevelopment.mk/mk/newsReadMore.aspx?id=13
Северна Македонија ја поставува основата за климатска акција
http://www.greendevelopment.mk/mk/newsReadMore.aspx?id=9
Северна Македонија и ФАО работат за да ги олеснат инвестициите преку Зелениот климатски фонд
http://www.greendevelopment.mk/mk/newsReadMore.aspx?id=8
Онлајн пакет алатки за ангажирање на приватниот сектор во климатски активности
www.greendevelopment.mk/en/toolKit2.aspx .
ФАО Зелениот климатски фонд
https://www.fao.org/gcf/en
1 of 5

Соопштение
09 јуни 2022
Обединетите нации во Северна Македонија го објавија Годишниот извештај за остварените резултати во 2021
"Целите за одржлив развој не се само дополнителен план за светот, туку заедничка визија и затоа мора целосно да ја прифатиме нивната трансформација и имплементација. За да се постигне Агендата 2030, Северна Македонија останува целосно посветена на развојот на институциите и партнерствата што ќе овозможат одржливост за сегашните и за идните генерации”, подвлече Бујар Османи, Министер за надворешни работи.
Извештајот се фокусира на резултатите од 2021, како и на лекциите научени во процесот на имплементација на програмите и активностите во текот на првата година од спроведувањето наРамката за соработка за одржлив развој (РСОР) 2021 – 2025 – заеднички стратешки документ на ОН и на Владата на Северна Македонија.
“Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 го потсети светот дека сите сме поврзани и дека мора да работиме заедно за да постигнеме одржлив развој и притоа никој да не заостане”, рече Росана Дуџак, Постојан координатор на ОН во Северна Македонија. “Овој извештај практично покажува како заедничката работа може да придонесе за остварување на подобри резултати со нашите заеднички напори.”
Согласно приоритетите утврдени во РСОР 2021-2025, извештајот го следи напредокот во четири области, инклузивна благосостојба, квалитетни услуги за сите, здрава животна средина и добро владеење.
Помеѓу многу други, некои од резултатите што се нотирани во извештајот вклучуваат креирање на 6,822 нови работни места за млади лица, обезбедување совети и усслуги за дигитализација на над 500 компании, консолидација на 1,078 хектари земјоделско земјиште, подобрување на економската состојба, како и враќањето на децата во училиште. Дополнително, забележан е напредок во состојбат асо вработување, особено кај жените, кои беа најмногу погодени за време на пандемијата, но не и кај младите, што се уште претставува предизвик.
Вкупно 24 тела на ОН работеа заедно со повеќе од 130 партнери во Северна Македонија во текот на 2021 и нивната работа е усогласена државните национални развојни и стратешки приоритети, меѓународните обврски во однос на човековите права и родовата еднаквост, како и обврските кон Агендата 2030 и Целите за одржлив развој,.
Дигитална верзија на извештајот е достапна на три јазици, англиски, македонски и албански, на следниот линк.
1 of 5
Соопштение
29 април 2022
Нова Програмска рамка ФАО - Северна Македонија за поконкурентна, одржлива и поотпорна рурална економија
Приоритетите на новата Програмска рамка на ФАО за Северна Македонија за периодот 2021–2025 година се во согласност со приоритетите на Владата, Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2021–2027 и Рамката за соработка за одржлив развој меѓу Северна Македонија и Обединетите нации 2021-2025, во насока на трансформирање на системот за храна и усогласување на земјоделството и руралната економија со стандардите на Европската унија и Целите за одржлив развој.
Договорот го потпишаа Mинистерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија, Љупчо Николовски и заменик регионалниот претставник на ФАО за Европа и Централна Азија, Набил Ганги, во рамки на нивната денешна средба со генералниот директор на ФАО, Кју Донгју.
„Оваа рамка е продолжување на долгогодишното партнерство меѓу ФАО и Северна Македонија и нашите заеднички напори за унапредување на развојот на земјоделството, зајакнување на малите земјоделци и семејните земјоделски стопанства и инвестирање во одржлива иднина и сигурност на храната за македонскиот народ“, изјави Набил Ганги, заменик регионален претставник на ФАО.
“Подготвени сме да ги продолжиме активностите и одличната соработка со ФАО преку која министерството, Владата и граѓаните на нашата држава директно на терен го гледаат бенефитот. Ќе го спомнам само успехот кој го направивме со тековните проекти за консолидација на земјоделското земјиште во рамките на Националната Програма за консолидација, со кои направивме историско придвижување во подобрување на структурата на земјоделското земјиште, што крајно придонесе за намалување на трошоците и зголемување на приходите на земјоделците. Соработката со ФАО е богата, течат многу заеднички проекти кои се од огромен интерес за државата“ истакна министерот Николовски.
Земјоделството е еден од клучните економски сектори и значаен работодавач во руралните средини, со 12 отсто од бруто домашниот производ и околу 22 отсто од вкупната вработеност. Сепак, бројни предизвици влијаат на развојот на секторот, меѓу кои расцепканоста на земјоделското земјиште, ограничен пристап до инфраструктура, земја, вода, енергија, знаење и финансиски услуги, слаби вредносни синџири и ранливост на климатските промени.
Имајќи го ова предвид, ФАО е подготвена да ја поддржи Северна Македонија во две главни области - градење на посилна рурална економија во согласност со стандардите на ЕУ, со фокус на малите земјоделски стопанства и жените фармери; и унапредување на климатската акција, природните ресурси и управувањето со ризиците од катастрофи.
Поконкретно, ФАО ќе ја поддржи Владата на Северна Македонија во развој на ефективни политики и овозможување инвестиции за рурална трансформација, подобрување на структурата на земјоделското земјиште и мобилноста на пазарот на земјиште, модернизирање на производството, зајакнување на вредносните синџири и овозможување на климатски паметно, отпорно земјоделство.
Ќе продолжи поддршката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во спроведување на тековните проекти за консолидација на земјоделското земјиште во рамките на Националната Програма за консолидација на земјиштето и нејзино понатамошно проширување на национално ниво, како и спроведување на други инструменти за пазарот на земјиште.
Преку споделување на знаење и јакнење на капацитети, ФАО ќе му помогне на МЗШВ и на другите релевантни партнери во развој на политики и мерки за подобрени советодавни, ветеринарни и фитосанитарни услуги, како и во напорите за усогласување на управувањето со здравјето на животните, безбедноста и квалитетот на храната со стандардите на Европската инија, во насока на задоволување на домашните потреби, како и соочување со предизвиците во глобалните прехранбени синџири.
Во рамки на вториот приоритет на програмата, ФАО ќе ги поддржи напорите на земјата за климатска акција. Ова вклучува одржливо управување со природните ресурси (земјиште, вода, шуми и биодиверзитет), градење климатска отпорност на земјоделското производство и намалување на ризиците од катастрофи во земјоделството. Зајакнувањето на климатската отпорност на малите земјоделци на многу начини – вклучително и поефикасна употреба на земјоделски репроматеријали, висококвалитетни податоци за донесување одлуки, климатски- паметно земјоделство и проширување на системите за наводнување – ќе бидат меѓу клучните области на поддршка.
„Постигнувањето на овие резултати е можно со силна посветеност на Владата и поддршка од развојните партнери, како и со придонесот на ФАО преку нејзината Програма за техничка соработка. Техничката помош на ФАО игра важна улога преку адресирање на предизвици во клучни области каде недостасува техничка експертиза на национално ниво, но и како каталитички инструмент за одржливо влијание и привлекување на нови инвестиции во насока на постигнување на Целите за одржлив развој дефинирани во Програмската рамка’’, вели Горан Ставриќ, програмски директор на ФАО (Програма за техничка соработка). Северна Македонија се потпира на глобалното искуство и знаењето на ФАО како акредитиран субјект за на Зелениот климатски фонд (Green Climate Fund), Фондот за адаптација (Adaptation Fund) и Глобалниот еколошки фонд (GEF) за пристап до климатски финансии во насока на остварување на националните приоритети за адаптација и ублажување на климатските промени, и исполнување на меѓународните климатски обврски на државата.
Линкови:
In rural North Macedonia, FAO helps improve sustainable and resilient development
Enhancing rice production in North Macedonia through land consolidation
Young Macedonian artist wins World Food Day poster contest honoring food heroes
Land consolidation is the missing link for farmers in North Macedonia
North Macedonia receives continued support for “greening”
1 of 5
Соопштение
28 март 2022
Преку заедничка работа до подобри здравствени услуги за сите
Претставници на семејството на Обединетите нации (ОН), здравствени работници и претставници од голем број национални партнери вклучени во програмата разговараа за научените лекции од заедничката програма, имплементрана од три агенции на ОН, УНФПА, УНИЦЕФ и СЗО, во координација со Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН, а финансирано од Фондот на ОН за одговор и закрепнување од КОВИД-19.
Учесниците на настанот дискутираа и за како да се допре до лицата што можеби не се покриени со здравствени услуги, како да се подобри превентивната заштита во оддалечени региони и места, како да се зајакне имунизацијата, да се користи дигитализација за да се подобри пристапот до здравствени услуги.
„Оваа програма е воспоставена како брз и иновативен одговор на растечките потреби предизвикани од КОВИД-19 и среќни сме што сме меѓу мал број на земји во светот ние што добија финансии од Фондот на ОН за одговор и закрепнување од КОВИД-19,” рече Патриција ДиЏовани, Привремен вршител на должноста Постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија. „Програмата овозможи бесплатни, живото-спасувачки услуги за луѓето, особено за жените и девојчињата што живеат во потешко достапни регионии, а за кои овие услуги можеби се прекинати поради КОВИД-19. Таа треба да служи како пример за многу идни активности и инвестиции во здравствениот сектор, не само за заштита на човечките животи, туку и за зголемување на квалитетот на живот и за подобра иднина на сите луѓе во земјата.”
„Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на КОВИД-19 во Северна Македонија” е заедничка програма што помогна владата да воспостави основни здравствени услуги во контекст на КОВИД-19 преку надградба на веќе направените, значајни инвестиции во националниот систем за здравствена и социјална заштита, за заштита од ширење на заразни болести и за обезбедување на соодветен одговор на разни кризни состојби.
Програмата понуди неколку иновативни здравствени услуги, како на пример мобилните гинеколошки клиники што посетија потешко достапни региони и места, регистарот за е-имунизација чија цел е да се подобри собирањето на податоци и пресметката на покриеност со вакцини, подигнување на свеста за важноста од имунизација со особен фокус на лицата што се двоумат за вакцинација, како и подигнување на свеста кај жени и девојчиња за сексуално и репродуктивно здравје и за родово-базирано насилство. Овие подобрени услуги таргетираат конкретно утврден дефицит предизвикан од КОВИД-19 и овозможуваат ефикасно собирање на податоци за имунизација, потребни за креирање на здравствените политики, истовремено придонесувајќи за поголе професионална поддршка и поддршка од јавноста за вакцинацијата.
Програмата таргетира ранливи категории на жени, адолесцентни девојчиња и деца, особено тие што живеат во оддалечени региони во земјата, што би имале корист од здравствени услуги поврзани со сексуалното и репродуктивно здравје, имунизација и психо-социјална поддршка. Имплементацијата на програмата започна во јануари 2021, а завршува сега, на крајот на март 2022, со вкупен буџет од $850,000.
Програмата е заеднички спроведена од три агенции на Обединетите нации, во соработка со клучни национални партнери, вклучително и Министерствата за здравство, и за труд и социјална политика, директоратот за e-Здравство, Здружението на гинеколози и обстетричари, Комитетот за безбедно мајчинство и новороденчиња, Македонското здравствено здружение, Македонското здружение на сестри и акушерки, Универзитетската клиника за Психијатрија и граѓански организации.
Оваа заедничка програма е овозможена благодарение на придонесите кон Фондот за одговор и закрепнување на ОН за COVID-19 од Владите на Норвешка, Холандија, Швајцарија, Данска, Шведска, Кореја, Финска, Австрија, Обединетото Кралство, Шпанија, Нов Зеланд, САД, Исланд, Хрватска, Португалија, Тајланд, Словачка, Романија, Камбоџа, Кипар и Филипини.
Повеќе инфо на:
https://northmacedonia.un.org/en/170196-safe-and-innovative-health-services-times-covid-19
1 of 5
Соопштение
14 март 2022
Нови сценарија за глобалната сигурност на храната засновани на конфликтот Русија-Украина
Синџирот на снабдување и логистичките прекини кај украинското и руското производство на жито и маслодајни семиња и ограничувањата на рускиот извоз ќе имаат значителни последици по сигурноста на храната. Ова е особено значајно за педесетина земји кои зависат од Русија и Украина за 30% или повеќе од нивната понуда на пченица. Многу од нив се најмалку развиени земји или земји со ниски приходи и со дефицит на храна во Северна Африка, Азија и Блискиот Исток. Многу европски и централноазиски земји се потпираат на Русија за над 50% од снабдувањето со ѓубрива, а недостигот таму може да продолжи до следната година.
Цените на храната, кои веќе се во пораст од втората половина на 2020 година, достигнаа историски максимум во февруари 2022 година поради високата побарувачка, влезните и транспортните трошоци и прекините на пристаништата. Глобалните цени на пченицата и јачменот, на пример, се зголемија за 31% во текот на 2021 година. Цените на маслото од репка и сончогледовото масло се зголемија за повеќе од 60%. Високата побарувачка и нестабилните цени на природниот гас, исто така, ги зголемија трошоците за ѓубрива. На пример, цената на уреата, клучното азотно ѓубриво, се зголеми повеќе од трипати во изминатите 12 месеци.
Интензитетот и времетраењето на конфликтот остануваат неизвесни. Веројатните нарушувања на земјоделските активности на овие два главни извозници на основни производи би можеле сериозно да ја ескалираат несигурноста на храната на глобално ниво, кога меѓународните цени на храната и инпутите се веќе високи и нестабилни. Конфликтот, исто така, може да го ограничи земјоделското производство и куповната моќ во Украина, што ќе доведе до зголемена несигурност на храната на локално ниво.
Идентификувани основни фактори на ризик
Житните култури ќе бидат подготвени за жетва во јуни. Дали земјоделците во Украина ќе можат да ги ожнеат и да ги достават на пазарот не е јасно. Масовното раселување на населението го намали бројот на земјоделски работници. Пристапот до земјоделските полиња би бил отежнат. Исто така, би било ограничено одгледувањето добиток и живина и производството на овошје и зеленчук.
Украинските пристаништа на Црното Море се затворени. Дури и ако инфраструктурата за внатрешен транспорт остане недопрена, превозот на жито по железница би бил невозможен поради недостаток на оперативен железнички систем. Бродовите сè уште можат да транзитираат низ турскиот теснец, критичен трговски центар низ кој поминуваат големо количество пратки на пченица и пченка. Зголемените премии за осигурување за регионот на Црното Море би ги влошиле и онака високите трошоци за превозот, со што се зголемуваат трошоците за увоз на храна. Сè уште е нејасно дали капацитетите за складирање и преработка ќе останат недопрени и со персонал.
Руските пристаништа на Црното Море засега се отворени, а на краток рок не се очекува поголемо нарушување на земјоделското производство. Сепак, финансиските санкции против Русија предизвикаа значителна амортизација која, доколку продолжи, може да ја поткопа продуктивноста и растот и на крајот дополнително да ги зголеми трошоците на земјоделско производство. Русија е главен играч на глобалниот енергетски пазар, со 18% од светскиот извоз на јаглен, 11% од нафтата и 10% од гасот. Земјоделството бара енергија преку употреба на гориво, гас, електрична енергија, како и ѓубрива, пестициди и лубриканти. Производството на состојки и добиточна храна исто така бара енергија. Тековниот конфликт предизвика пораст на цените на енергијата, со негативни последици врз земјоделскиот сектор.
Пченицата е основна храна за над 35% од светското население, а сегашниот конфликт може да резултира со ненадејно и нагло намалување на извозот на пченица и од Русија и од Украина. Сè уште не е јасно дали другите извозници ќе можат да ја пополнат оваа празнина. Залихите на пченица веќе се при крај во Канада, а извозот од САД, Аргентина и други земји најверојатно ќе биде ограничен бидејќи владата ќе се обиде да ја осигури домашна понуда. Земјите зависни од увозот на пченица веројатно ќе ги зголемат нивоата, додавајќи дополнителен притисок врз глобалните резерви. Египет, Турција, Бангладеш и Иран се најголемите светски увозници на пченица, кои купуваат повеќе од 60% од својата пченица од Русија и Украина, а сите имаат исклучителен увоз. Либан, Тунис, Јемен, Либија и Пакистан, исто така, во голема мера се потпираат на двете земји за нивното снабдување со пченица. Глобалната трговија со пченка најверојатно ќе се намали поради очекувањата дека загубата од извозот од Украина нема да биде пополнета од други извозници и поради високите цени.
Извозните изгледи за сончогледово масло и други алтернативни масла исто така остануваат неизвесни. Големите увозници на сончогледово масло, вклучувајќи ги Индија, Европската унија, Кина, Иран и Турција, мора да најдат други добавувачи или други растителни масла, кои би можеле да имаат ефект врз маслата од палма, соја и семе од репка, на пример. Препорачани политики Да се одржи глобалната трговија со храна и ѓубрива отворена. Треба да се направат сите напори за да се заштитат производствените и трговските активности потребни за задоволување на домашните и глобалните барања. Синџирите на снабдување треба да продолжат да се движат, што значи заштита на расположливите култури, добитокот, инфраструктурата за преработка на храна и сите логистички системи. Да се најдат нови и подиверзифицирани добавувачи на храна. Земјите зависни од увоз на храна од Русија и Украина треба да бараат алтернативни добавувачи за да го апсорбираат шокот. Тие, исто така, треба да се потпрат на постоечките резерви на храна и да го диверзифицираат своето домашно производство за да обезбедат пристап на луѓето до здрава исхрана. Да се поддржат ранливите групи, вклучително и внатрешно раселените лица. Владите мора да ги прошират програмите за социјална заштита за да ги заштитат ранливите луѓе. Во Украина, меѓународните организации мора да се вклучат за да помогнат помошта да стигне до луѓето на кои им е потребна. Низ целиот свет, многу повеќе луѓе би биле втурнати во сиромаштија и глад поради конфликтот, и оттука неопходно е да се обезбедат навремени и добро насочени програми за социјална заштита. Да се избегнуваат ад хок политики. Пред да донесат какви било мерки за обезбедување на снабдувањето со храна, владите мора да ги разгледаат нивните потенцијални ефекти на меѓународните пазари. Намалувањата на увозните тарифи или употребата на извозни ограничувања би можеле да помогнат да се решат предизвиците за сигурноста на храната во поединечна земја на краток рок, но тие ќе ги зголемат цените на глобалните пазари. Да се зајакне пазарната транспарентност и дијалог. Повеќе транспарентност и информации за условите на глобалниот пазар може да им помогнат на владите и инвеститорите да донесат информирани одлуки во услови кога пазарите на земјоделски стоки се нестабилни. Иницијативите како што е Земјоделскиот пазарен информативен систем (AMIS) на Г-20 ја зголемуваат таквата транспарентност преку обезбедување на објективни и навремени проценки на пазарот.
Интензитетот и времетраењето на конфликтот остануваат неизвесни. Веројатните нарушувања на земјоделските активности на овие два главни извозници на основни производи би можеле сериозно да ја ескалираат несигурноста на храната на глобално ниво, кога меѓународните цени на храната и инпутите се веќе високи и нестабилни. Конфликтот, исто така, може да го ограничи земјоделското производство и куповната моќ во Украина, што ќе доведе до зголемена несигурност на храната на локално ниво.
Идентификувани основни фактори на ризик
Житните култури ќе бидат подготвени за жетва во јуни. Дали земјоделците во Украина ќе можат да ги ожнеат и да ги достават на пазарот не е јасно. Масовното раселување на населението го намали бројот на земјоделски работници. Пристапот до земјоделските полиња би бил отежнат. Исто така, би било ограничено одгледувањето добиток и живина и производството на овошје и зеленчук.
Украинските пристаништа на Црното Море се затворени. Дури и ако инфраструктурата за внатрешен транспорт остане недопрена, превозот на жито по железница би бил невозможен поради недостаток на оперативен железнички систем. Бродовите сè уште можат да транзитираат низ турскиот теснец, критичен трговски центар низ кој поминуваат големо количество пратки на пченица и пченка. Зголемените премии за осигурување за регионот на Црното Море би ги влошиле и онака високите трошоци за превозот, со што се зголемуваат трошоците за увоз на храна. Сè уште е нејасно дали капацитетите за складирање и преработка ќе останат недопрени и со персонал.
Руските пристаништа на Црното Море засега се отворени, а на краток рок не се очекува поголемо нарушување на земјоделското производство. Сепак, финансиските санкции против Русија предизвикаа значителна амортизација која, доколку продолжи, може да ја поткопа продуктивноста и растот и на крајот дополнително да ги зголеми трошоците на земјоделско производство. Русија е главен играч на глобалниот енергетски пазар, со 18% од светскиот извоз на јаглен, 11% од нафтата и 10% од гасот. Земјоделството бара енергија преку употреба на гориво, гас, електрична енергија, како и ѓубрива, пестициди и лубриканти. Производството на состојки и добиточна храна исто така бара енергија. Тековниот конфликт предизвика пораст на цените на енергијата, со негативни последици врз земјоделскиот сектор.
Пченицата е основна храна за над 35% од светското население, а сегашниот конфликт може да резултира со ненадејно и нагло намалување на извозот на пченица и од Русија и од Украина. Сè уште не е јасно дали другите извозници ќе можат да ја пополнат оваа празнина. Залихите на пченица веќе се при крај во Канада, а извозот од САД, Аргентина и други земји најверојатно ќе биде ограничен бидејќи владата ќе се обиде да ја осигури домашна понуда. Земјите зависни од увозот на пченица веројатно ќе ги зголемат нивоата, додавајќи дополнителен притисок врз глобалните резерви. Египет, Турција, Бангладеш и Иран се најголемите светски увозници на пченица, кои купуваат повеќе од 60% од својата пченица од Русија и Украина, а сите имаат исклучителен увоз. Либан, Тунис, Јемен, Либија и Пакистан, исто така, во голема мера се потпираат на двете земји за нивното снабдување со пченица. Глобалната трговија со пченка најверојатно ќе се намали поради очекувањата дека загубата од извозот од Украина нема да биде пополнета од други извозници и поради високите цени.
Извозните изгледи за сончогледово масло и други алтернативни масла исто така остануваат неизвесни. Големите увозници на сончогледово масло, вклучувајќи ги Индија, Европската унија, Кина, Иран и Турција, мора да најдат други добавувачи или други растителни масла, кои би можеле да имаат ефект врз маслата од палма, соја и семе од репка, на пример. Препорачани политики Да се одржи глобалната трговија со храна и ѓубрива отворена. Треба да се направат сите напори за да се заштитат производствените и трговските активности потребни за задоволување на домашните и глобалните барања. Синџирите на снабдување треба да продолжат да се движат, што значи заштита на расположливите култури, добитокот, инфраструктурата за преработка на храна и сите логистички системи. Да се најдат нови и подиверзифицирани добавувачи на храна. Земјите зависни од увоз на храна од Русија и Украина треба да бараат алтернативни добавувачи за да го апсорбираат шокот. Тие, исто така, треба да се потпрат на постоечките резерви на храна и да го диверзифицираат своето домашно производство за да обезбедат пристап на луѓето до здрава исхрана. Да се поддржат ранливите групи, вклучително и внатрешно раселените лица. Владите мора да ги прошират програмите за социјална заштита за да ги заштитат ранливите луѓе. Во Украина, меѓународните организации мора да се вклучат за да помогнат помошта да стигне до луѓето на кои им е потребна. Низ целиот свет, многу повеќе луѓе би биле втурнати во сиромаштија и глад поради конфликтот, и оттука неопходно е да се обезбедат навремени и добро насочени програми за социјална заштита. Да се избегнуваат ад хок политики. Пред да донесат какви било мерки за обезбедување на снабдувањето со храна, владите мора да ги разгледаат нивните потенцијални ефекти на меѓународните пазари. Намалувањата на увозните тарифи или употребата на извозни ограничувања би можеле да помогнат да се решат предизвиците за сигурноста на храната во поединечна земја на краток рок, но тие ќе ги зголемат цените на глобалните пазари. Да се зајакне пазарната транспарентност и дијалог. Повеќе транспарентност и информации за условите на глобалниот пазар може да им помогнат на владите и инвеститорите да донесат информирани одлуки во услови кога пазарите на земјоделски стоки се нестабилни. Иницијативите како што е Земјоделскиот пазарен информативен систем (AMIS) на Г-20 ја зголемуваат таквата транспарентност преку обезбедување на објективни и навремени проценки на пазарот.
1 of 5
Соопштение
03 март 2022
Поголема регионална соработка за забрзана инклузија на лицата со попреченост, во фокусот на Регионална конференција
Претставници на националните институции за човекови права, лица со попреченост и организација на лица со попреченост, граѓански организации од Западниот Балкан и претставници од институции и организации од Европските земји учествуваа на вчерашната регионална коференција организирана од Народнот правобранител и Обединетите нации во Северна Македонија.
Учесниците на конференцијата “Зајакнување на националните институции за човекови права како независни механизми за следење на имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост” имаа одлична можност за размена на искуства, добри практики, предизвици, можности и иницијативи во однос на постоечките рамки за следење на Конвенцијата.
“Општествата нема да ги достигнат Целите за одржлив развој без целосна вклученост на сите луѓе, вклучително и лицата со попреченост. Признавањето на нивните права и обезбедувањето нивна вклученост ќе придонесе за подобра иднина за сите. Напредок е постигнат во земјите од регионот, но уште многу треба да се направи за да се забрза вкчученоста на лицата со попреченост во одржливиот развој,” рече Росана Дуџак, Постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија. “Само преку дијалог и заедничка работа на сите – влади, меѓународни и регионални организации, граѓански организации и приватниот сектор, можеме да ги исполниме стандардите од Конвенцијата за права на лицата со попреченост, како и обврските кон Агендата 2030.”
Целта на оваа конференција е да поттикне конструктивен, отворен дијалог насочен кон акции за забрзување на одржливиот развој на Западниот Балкан, со правична и целосна вклученост, водени од меѓународните стандарди за човекови права и ветувањето од Агенда 2030 – Никој да не заостане.
“Има уште многу пат и многу предизвици на него, пред да може да зборуваме за целосна интеграција на лицата сои попреченост, согласно Конвенцијата, која е важна алатка што може да ни помогне во остварување на оваа цел. Во таа смисла, верувам дека оваа конференција ќе отвори многу дискусии и иницијативи како да се достигне посакуваниот развој,” рече Народниот правобранител, Насер Зибери.
Фокусирајќи се на зајакнување на улогата и на соработката на институциите за човекови права во регионот, конференцијата цели кон инспирирање понатамошни активности од овие тела, организациите на лицата со попреченост и други државни и недржавни тела од регионот.
Покрај за поголема соработка, учесниците на конференцијата се согласија дека лекциите од дискусиите на конференцијата и разменетите добри практики ќе бидат вклучени во нивната работа во иднина, како и дека ќе продолжат да поддржуваат вклученост на независно следење на исполнувањето на човековите права низ регионот.
1 of 5
Најнови ресурси
1 / 11
1 / 11