Најново
Приказна
22 март 2023
Светски ден на водата
Дознајте повеќе
Говор
17 март 2023
Говор на постојаниот координатор на ОН во Северна Македонија, Росана Дуџак
Дознајте повеќе
Приказна
02 март 2023
ФАО продолжува со напорите за решавање на проблемот со напуштено земјиште во Северна Македонија
Дознајте повеќе
Најново
The Sustainable Development Goals in Северна Македонија
Целите за одржлив развој се глобален повик за акција да се стави крај на сиромаштијата, да се заштити животната средина и климата и да се обезбеди сите луѓе да уживаат во мир и просперитет. Ова се целите на кои Обединетите нации работат во Северна Македонија:
Приказна
22 март 2023
Светски ден на водата
Водата е еден од клучните фактори кога зборуваме за здравјето, економија и животна средина во која живееме. Овој скапоцен извор е исто така од суштинско значење ако сакаме да ја постигнеме целта за одржлив развој со број 6, чија цел е да обезбеди пристап до чиста вода и канализација за сите. Од суштинско значење е да се слави овој ден и во исто време секој од нас да даде свој придонес во заштита на водата за идните генерации.
SDG6 е суштинска цел која бара напор координиран помеѓу нас, заедницата и институциите. На “Светскиот Ден на Вода”, да се потсетиме дека секоја преземена акција која влијае во зачувувањето на водата и заштитата на водните ресурси дава суштински придонес за иднината на овој витален ресурс. Со намалувањето на личната потрошувачка на водата и поддршката на политиките кои промовираат зачувување на водните ресурси, сите ние придонесуваме во постигнувањето на целта на одржливиот развој број 6.
Со приоретизирање на напорите за зачувување на водата, сите ние можеме да придонесеме за идните генерации да имаат пристап до чисти и одржливи водни ресурси. Да го прославиме „Светскиот Ден на Водата“ преку преземање активности за заштита на овој скапоцен ресурс и да работиме кон поддржување на Целите на Одржлив Развој на Обединетите нации.
1 of 5

Приказна
02 март 2023
ФАО продолжува со напорите за решавање на проблемот со напуштено земјиште во Северна Македонија
Напуштањето на земјоделското земјиште во Северна Македонија предизвикува голема загриженост, приближно 32 отсто од обработливото земјоделско земјиште во државата е напуштено – што е многу повисока стапка отколку во повеќето други европски земји.
Напуштањето на земјиштето има значителни импликации за Северна Македонија, вклучително деградација на животната средина и изгубени можности за зајакнување на одржливото производство на храна и справување со сиромаштијата во руралните средини.
Продолжувајќи со напорите за решавање на ова прашање, Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) одржаа работилница во Скопје на 17 февруари каде експерти на ФАО и претставници од работната група за земјишна политика при МЗШВ дискутираа за можните решенија за овој проблем.
За време на работилницата, присутните разговараа за претстојниот извештај на ФАО за структурата на земјоделските стопанства, развојот на пазарот на земјиште и напуштањето на земјиштето - еден од резултатите од ФАО проектот за поддршка на развојот на пазарот за земјоделско земјиште во насока на враќање на напуштеното земјиште во процесот на производство.
„Увидите што ги доби министерството за состојбата со напуштеното земјоделско земјиште во државата се многу корисни за потребите на измените на Законот за земјоделско земјиште, кои се во фаза на подготовка“, изјави Драганчо Стојчев, државен правен советник во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Веруваме дека наодите од анализата на ФАО и препораките даваат одлична основа за Министерството да развие сеопфатен сет на интервенции за справување со напуштањето на земјиштето и подобрување на неефикасните структури на фармите.
Тековниот обрт на пазарот на земјоделско земјиште за продажба од 0,5 отсто од вкупното земјоделско земјиште, или околу 1.700 хектари - е премногу низок за да се одговори на предизвиците со структурата на земјоделските стопанства во земјата, според анализата на ФАО. Политиките треба да дадат приоритет на развојот на пазарот на земјоделско земјиште и да се фокусираат на зголемување на обртот и промовирање на мобилноста на земјиштето за да се овозможи проширување на земјоделските стопанства, да им се обезбеди пристап на нови и млади земјоделци до земјоделско земјиште и можности за развој на малите земјоделски стопанства во комерцијални семејни фарми.
Извештајот идентификува неколку основни причини за напуштање на земјиштето, вклучително:
основните природни услови на земјишните парцели;
неповолна земјишна структура, карактеризирана со мала просечна големина на земјоделските стопанства и прекумерна расцепканост на земјиштето;
зависност од наводнување наспроти слабо функционални системи за наводнување; и
други економски причини кои водат до иселување на младите од руралните области и следствено напуштање на земјиштето.
Мортен Хартвигсен, Службеник на ФАО за земјиште, истакна дека оваа сеопфатна анализа е позитивен чекор кон идентификување и следење на напуштеното земјоделско земјиште - предуслов за какви било други мерки и активности за решавање на проблемот. ФАО препорачува сеопфатен пакет на интервенции за справување со напуштањето на земјиштето и подобрување на земјишната структура, изјави тој. Интегрираните мерки и интервенции треба да ја комбинираат земјишната политика со други сродни области, како што се земјоделството, економијата и оданочувањето, што на крајот ќе придонесе за поголема профитабилност за семејните фарми, поголеми приходи и подобри услови за живот во руралните средини.
ФАО со години работи на консолидација на земјоделското земјиштете во регионот, поддржувајќи го развојот на пазарите на земјоделско земјиште и подобрено управување со државното земјоделско земјиште во согласност со Доброволните упатства за одговорно управување со земјиште, риболов и шуми во контекст на националната обезбеденост со храна (Voluntary Guidelines on the Responsible Governance of Tenure of Land Fisheries and Forests in the Context of National Food Security)
ЛИНКОВИ:
Воведување на националната програма за консолидација на земјиште
Mainstreaming National Land Consolidation Programme
Регионална иницијатива на ФАО: Зајакнување на малите земјоделски стопанства и семејните фарми
FAO regional Initiative: Empowering Smallholders and Family Farms
Правен водич за консолидација на земјиште
Legal guide on land consolidation
Европски добри практики за земјишно банкарство - студија и препораки на ФАО
European good practices on land banking - FAO study and recommendations
1 of 5

Приказна
01 март 2023
Искоренување на ракот на грлото на матката – како да го унапредиме здравјето на жените и девојките во Северна Македонија?
Скопје, 21 февруари - Можностите за справување со ракот на грлото на матката и унaпредување на женското репродуктивно здравје преку подигнување на свеста за ова заболување, беа клучните теми на панел дискусијата што денеска се одржа во Скопје, во организација на УНФПА Северна Македонија и Министерство за здравство на РСМ.
Експерти од Националната комисија за превенција и рана детекција на рак на грлото на матката, Националната комисија за имунизација, Управата за електронско здравство, ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари, Македонското лекарско друштво, говореа за состојбата во државата, постоечките услуги, јакнење на националните партнерства и создавање на ефективни мерки базирани на докази.
Беше заклучено дека е потребно подигање на јавната свест во однос на ХПВ-вакцините, како најдобра превенција за спречување на рак на грлото на матката и помасовен скрининг за ова малигно заболување.
Oваа панел дискусија ги заокружи активностите на кампањата за подигање на свеста за ракот на грлото на матката.
1 of 5

Приказна
01 март 2023
Изработен и презентиран мултиинституционален модел за прибирање податоци за родово базирано насилство
Моделот на интегрирано прибирање на податоци и анализа на податоците за родово базирано насилство и семејно насилство денеска во Скопје беше презентиран од страна на Министерството за труд и социјална политика, што беше изработен во соработка со УНФПА Северна Македонија и Британската Амбасада во Скопје.
Презентацијата ја спроведе министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на средбата со Националното Координативно тело за имплементација на Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, Мисијата на ОБСЕ Скопје и претставници на граѓански здруженија.
Фотографија: МТСП на Северна Македонија Моделот претставува интегриран мултиинституционален систем за прибирање на податоци кој ќе постави систематски и стандардизиран метод на управување со податоци. Моделот ќе вклучува податоци поврзани со регистарот на услуги достапни во државата, случаи на насилство и останати релевантни податоци поврзани со родовото базирано насилство на државно ниво. Овој Модел е од исклучително значење бидејќи за прв пат во државата сите меѓуинституционални податоци поврзани со родовото базирано насилство ќе бидат интегрирани на едно место.
Фотографија: МТСП на Северна Македонија Моделот претставува интегриран мултиинституционален систем за прибирање на податоци кој ќе постави систематски и стандардизиран метод на управување со податоци. Моделот ќе вклучува податоци поврзани со регистарот на услуги достапни во државата, случаи на насилство и останати релевантни податоци поврзани со родовото базирано насилство на државно ниво. Овој Модел е од исклучително значење бидејќи за прв пат во државата сите меѓуинституционални податоци поврзани со родовото базирано насилство ќе бидат интегрирани на едно место.
1 of 5

Приказна
01 март 2023
Зајакнување на улогата на младите во промоција на меѓусебно разбирање и почитување на различностите во регионот
Дводневната работилница во рамки на проектот „Зајакнување на улогата на младите во промовирање на зголемено меѓусебно разбирање, конструктивен наратив, почитување на различностите и доверба во Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Северна Македонија, Србија и Косово1“ денеска заврши во Сараево, БиХ.
Работилницата имаше за цел да ги прикаже добрите практики и да ги нагласи достигнувањата поврзани со спроведените активности во 2022 година. Покрај тоа, работилницата послужи и како платформа за знаења и планирање на претстојните проектни активности. Учесниците имаа можност да споделат информации во врска со имплементацијата на проектот и да дискутираат за различните аспекти од управувањето со проектот и известувањето за проектот. За време на техничката работилница, беа идентификувани регионални синергии и беа дизајнирани регионални активности што треба да се спроведат на регионално ниво со вклучување на сите агенции на ОН кои учествуваат во соодветните земји и територии.
Фотографија: УНФПА Дополнително, денеска се одржа и состанок на Управувачкиот комитет на кој се дискутираше за клучните резултати и патот кон спроведување на овој регионален проект за млади на ООН. *Сите референци за Косово ќе се сметаат дека се во контекст на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност (1999).
Фотографија: УНФПА Дополнително, денеска се одржа и состанок на Управувачкиот комитет на кој се дискутираше за клучните резултати и патот кон спроведување на овој регионален проект за млади на ООН. *Сите референци за Косово ќе се сметаат дека се во контекст на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност (1999).
1 of 5

Соопштение
20 февруари 2023
Заедничката работа клуч за подобрување на квалитетот на живот за сите луѓе во Северна Македонија
Членовите на Заедничкиот управен комитет разговараа за годишните резултати на ОН за 2022-ра година, можностите и предизвиците со кои се соочува земјата и ги поддржаа Заедничките работни планови за 2023-та година.
„Само со заеднички напори можеме да ги заштитиме човештвото и природата, особено ако сме посветени на постигнувањето на Агендата 2030, на национално и на глобално ниво. Целосната имплементација на рамката за соработка за одржлив развој е патот кон постигнување опипливи промени за луѓето во Северна Македонија, што резултира со подобри правни, поефикасни и поодговорни институции и поголема иднина за сите“, рече Фатмире Исаки, заменик министер за надворешни работи.
РСОР е клучен стратешки документ што ја води работата на ОН во Северна Македонија и ја претставува колективната понуда на системот за развој на ОН за поддршка на земјата во постигнувањето на целите за одржлив развој. За да се осигури дека ги одразува интересите и приоритетите на сите луѓе во земјата, РСОР е развиен преку партиципативен и консултативен процес, почнувајќи со анализа на развојниот контекст на земјата, стратешката приоритизација и нејзината операционализација преку годишните работни планови на ентитетите на ОН и засегнатите страни.
„Контекстот значително еволуираше од основањето на РОСР во 2020-та година. КОВИД-19 и неговото непосредно и долгорочно социо-економско влијание, проследено со тековните енергетски, безбедноста на храната и финансиските кризи – сите обликувани од војната во Украина – ставија значителен притисок врз Владата да продолжи да дава приоритет на реформските процеси и структурните промени бидејќи фискалниот простор се намалува, а ранливостите се зголемуваат“, вели Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија. „Со јасна цел и фокусирани стручни совети и поддршка, поткрепени со фокусот да не се остави никој зад себе, тоа ќе остане клучот на работата на ОН во Северна Македонија во 2023-та година.”
РОСР 2021-2025 година, исто така, ја одразува молбата на генералниот секретар на ОН за забрзана акција за спроведување на Агендата 2030 преку Декада на акција.
1 of 5
Соопштение
21 декември 2022
Систематски решенија како одговор на глобалната криза со храна и енергија
Скопје, 21 декември, 2022г. - На конференцијата со наслов „Поглед подалеку“, што се одржа денеска во Скопје во организација на Обединетите нации, претставници на повеќе агенции на ОН заедно со меѓународни експерти и претставници на владата дискутираа за клучните мерки што Република Северна Македонија ги презема и треба да ги планира во иднина со цел надминување на предизвиците во кризата со храна и енергија.
„Сегашната криза на многу начини е без преседан. Сепак, основните причини и двигатели не се ниту нови, ниту изненадувачки, и ја одразуваат нашата неспособност да дадеме доволно голем приоритет на унапредувањето на Целите за одржлив развој. Политичките решенија се сложени. Треба да одговориме на непосредните потреби за избавување на луѓето од сиромаштија, но исто така треба да ги поддржиме бизнисите со цел да се зачуваат работните места, со конкретни мерки за да обезбедиме најдобри можни резултати со расположливите ресурси. Најважно, политиките треба да бидат системски, одржливи и визионерски за да се осигура дека, и покрај предизвиците, ќе останеме силно фокусирани на одржлив раст и развој. За тоа се потребни навремени и точни податоци, соработка и координација“, рече Постојаната координаторка на ОН, Росана Дуџак на отворањето на конференцијата.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за време на панелот истакна дека проблемите треба системски да се решаваат. „Ако системски не се решаваат, проблемите се зголемуваат. Пример, сме зборувале за дигитализација со години, но, тоа било само , површински, а не суштински. Дигитализацијата бара суштинска промена на однесувањето на чинителите и на граѓаните. Ние не сме влегле во било кој сегмент да го решаваме проблемот на начин на кој треба да го решаваме“, вели Битиќи. „Во врска со енергетската криза сфаќаме дека производството е битно, но сме знаеле дека 35 отсто сме зависни од увоз на енергија. Тоа било убаво оти цената била добра. Штом доаѓа криза сите прашуваат зошто не се решава проблемот. Тој проблем не се решава преку ноќ. Проблемот е пак системски. Требало да почне да се решава пред 10 години и тоа во областа на алтернативните енергиии. Зелената енергија. Ние сега со малку интервенции се обидуваме да ги враќаме олдтајмерите во сообраќај. Но тоа не е решение. Решение е зелената енергија, транзиција кон зелена енергија“, додаде вицепремиерот за економски прашања.
Заменик претставникот на УНИЦЕФ, Артур Ајвазов, посочи дека шоковите од растот на цените несразмерно ги погодуваат домаќинствата со повеќе деца и посиромашните семејства, поради нивните пониски приходи и поголемото учество на потрошувачката на храна и енергија во буџетот на нивните домаќинства. Зголемувањето на цените на храната им остава на овие семејства многу малку средства за подмирување на другите основни потреби. Ајвазов посочи дека Владата треба да размисли за дополнителни мерки со цел да го намали товарот врз децата и другите ранливи групи, вклучително и со проширување на пристапот и обемот на постоечките парични трансфери и да осигура дека буџетската криза нема да ги наруши основните услуги во здравствената заштита , социјална заштита и образование.
Во обраќањето на конференцијата, заменик регионалниот претставник на ФАО за Европа и Централна Азија, Набил Ганги, истакна дека од долгорочна перспектива, важно е да се разгледаат структурните причини за кризата со храна, а со цел подобар пристап во решавање на овој проблем треба да се прави разлика меѓу прашањата кои влијаат на пристапот до храна и прашањата кои се однесуваат на достапноста на храната. Во однос на пристапот до храна, ситуацијата е повеќедимензионална и ја одразува сложената меѓусебна поврзаност помеѓу кризата со храна, енергија и финансии. Според Ганги, за справување со предизвици со обезбедноста со храна, предизвикани од тековните кризи, потребен е пристапот на„земјоделско-прехранбени системи“, што ФАО го промовира во насока на дејствување надвор од вообичаените секторски рамки. Тоа е систематска комбинација на политики, инвестиции и решенија фокусирани на одржливи подобрувања во продуктивноста и ефикасноста, поголема отпорност и обезбедување на доволно здрава храна за сите.
„Емпириски истражувања покажуваат дека добро развиениот финансиски систем може да го зголеми растот и до 1 п.п., а уште поважно и да ја намали сиромаштијата. Финансиските системи придонесуваат за поттикнување на заштедите и нивно насочување во инвестиции кои се важни за зголемување на обем на капитал и продуктивноста коишто пак се главни детерминанти на долгорочниот раст“, изјави гувернерката на НБРСМ, Анита Ангеловска – Бежоска. „Значењето на финансиите е особено големо во овие кризни околности кои ги потенцираат структурните слабости и потребата за зелена и дигитална трансформација на економијата. Кај нас позитивно е што кредитната поддршка за зелена трансформација расте, односно кредитите за ова намена во изминативе три години забележаа раст од 80%“, вели Ангеловска Бежоска.
Според Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, кризата најверојатно ќе продолжи и во 2023 година и тешко е да се предвиди во која насока ќе се развиваат работите. „УНДП и другите агенции на ОН во земјата, заедно со другите развојни партнери се тука да ги поддржат институциите и граѓаните и да придонесат за јавниот дијалог и градењето консензус околу конкретните политики и други мерки кои ќе придонесат за справување со тековните развојни предизвици и влијанието на глобалната криза. Меѓутоа, сега имаме подобро разбирање за ранливостите и основните причини за кризата, внатрешните и надворешните фактори и предлагаме системски патишта како одговор на кризата. Една од работите на кои треба да се посвети внимание е сивата економија, која според истражувањата изнесува некаде околу 35 отсто да влезе во системот, да се плаќаат даноци. Втора работа е поттик на малите и средни претпријатија и регионалната соработка“, рече Григорјан.
Министерот за финансии, Фатмир Бесими истакна дека изминатите три години кои се одбележани со криза ја поместија среднорочната рамка на планираните фискални таргети, насочени кон консолидација на јавните финансии и нивна долгорочна оддржливост. "Но истовремено нас креаторите на политиките, ни даваат можност и ни покажуваат каде во системот имаме потреба од промени. Затоа сметаме дека е добро реформската агенда да се спроведува во кризните епизоди."
Тој додаде дека оваа година наспроти очекувањата не беше година погодна за фискална консолидација, и имаше потреба од мерки за поддршка на граѓаните, стопанството и за поголемо производство на електрична енергија од домашни капациетите за справување со енергетската и ценовната криза.
"Во вакви услови Владата успешно прибегна кон рационализација на расходната страна на Буџетот, со што остварениот дефицит е во голема мера задржан во рамки на фискалните таргети, кои до 2027 година терба да се сведат на 2,8 % од БДП буџетски дефицит и јавен долг под 60 %", порача Бесими.
Цел на агенциите на Обединетите нации, УНДП, ФАО и УНИЦЕФ, е заедно со националните и меѓународните партнери, да се изнајдат одржливи и долгорочни решенија кои ќе дадат одговор на потребите на ранливите групи и истовремено ќе подржат раст и развој, во услови на висока инфлација и скромни финансиски ресурси.
1 of 5
Соопштение
09 јуни 2022
Обединетите нации во Северна Македонија го објавија Годишниот извештај за остварените резултати во 2021
"Целите за одржлив развој не се само дополнителен план за светот, туку заедничка визија и затоа мора целосно да ја прифатиме нивната трансформација и имплементација. За да се постигне Агендата 2030, Северна Македонија останува целосно посветена на развојот на институциите и партнерствата што ќе овозможат одржливост за сегашните и за идните генерации”, подвлече Бујар Османи, Министер за надворешни работи.
Извештајот се фокусира на резултатите од 2021, како и на лекциите научени во процесот на имплементација на програмите и активностите во текот на првата година од спроведувањето наРамката за соработка за одржлив развој (РСОР) 2021 – 2025 – заеднички стратешки документ на ОН и на Владата на Северна Македонија.
“Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 го потсети светот дека сите сме поврзани и дека мора да работиме заедно за да постигнеме одржлив развој и притоа никој да не заостане”, рече Росана Дуџак, Постојан координатор на ОН во Северна Македонија. “Овој извештај практично покажува како заедничката работа може да придонесе за остварување на подобри резултати со нашите заеднички напори.”
Согласно приоритетите утврдени во РСОР 2021-2025, извештајот го следи напредокот во четири области, инклузивна благосостојба, квалитетни услуги за сите, здрава животна средина и добро владеење.
Помеѓу многу други, некои од резултатите што се нотирани во извештајот вклучуваат креирање на 6,822 нови работни места за млади лица, обезбедување совети и усслуги за дигитализација на над 500 компании, консолидација на 1,078 хектари земјоделско земјиште, подобрување на економската состојба, како и враќањето на децата во училиште. Дополнително, забележан е напредок во состојбат асо вработување, особено кај жените, кои беа најмногу погодени за време на пандемијата, но не и кај младите, што се уште претставува предизвик.
Вкупно 24 тела на ОН работеа заедно со повеќе од 130 партнери во Северна Македонија во текот на 2021 и нивната работа е усогласена државните национални развојни и стратешки приоритети, меѓународните обврски во однос на човековите права и родовата еднаквост, како и обврските кон Агендата 2030 и Целите за одржлив развој,.
Дигитална верзија на извештајот е достапна на три јазици, англиски, македонски и албански, на следниот линк.
1 of 5
Соопштение
29 април 2022
Нова Програмска рамка ФАО - Северна Македонија за поконкурентна, одржлива и поотпорна рурална економија
Приоритетите на новата Програмска рамка на ФАО за Северна Македонија за периодот 2021–2025 година се во согласност со приоритетите на Владата, Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2021–2027 и Рамката за соработка за одржлив развој меѓу Северна Македонија и Обединетите нации 2021-2025, во насока на трансформирање на системот за храна и усогласување на земјоделството и руралната економија со стандардите на Европската унија и Целите за одржлив развој.
Договорот го потпишаа Mинистерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија, Љупчо Николовски и заменик регионалниот претставник на ФАО за Европа и Централна Азија, Набил Ганги, во рамки на нивната денешна средба со генералниот директор на ФАО, Кју Донгју.
„Оваа рамка е продолжување на долгогодишното партнерство меѓу ФАО и Северна Македонија и нашите заеднички напори за унапредување на развојот на земјоделството, зајакнување на малите земјоделци и семејните земјоделски стопанства и инвестирање во одржлива иднина и сигурност на храната за македонскиот народ“, изјави Набил Ганги, заменик регионален претставник на ФАО.
“Подготвени сме да ги продолжиме активностите и одличната соработка со ФАО преку која министерството, Владата и граѓаните на нашата држава директно на терен го гледаат бенефитот. Ќе го спомнам само успехот кој го направивме со тековните проекти за консолидација на земјоделското земјиште во рамките на Националната Програма за консолидација, со кои направивме историско придвижување во подобрување на структурата на земјоделското земјиште, што крајно придонесе за намалување на трошоците и зголемување на приходите на земјоделците. Соработката со ФАО е богата, течат многу заеднички проекти кои се од огромен интерес за државата“ истакна министерот Николовски.
Земјоделството е еден од клучните економски сектори и значаен работодавач во руралните средини, со 12 отсто од бруто домашниот производ и околу 22 отсто од вкупната вработеност. Сепак, бројни предизвици влијаат на развојот на секторот, меѓу кои расцепканоста на земјоделското земјиште, ограничен пристап до инфраструктура, земја, вода, енергија, знаење и финансиски услуги, слаби вредносни синџири и ранливост на климатските промени.
Имајќи го ова предвид, ФАО е подготвена да ја поддржи Северна Македонија во две главни области - градење на посилна рурална економија во согласност со стандардите на ЕУ, со фокус на малите земјоделски стопанства и жените фармери; и унапредување на климатската акција, природните ресурси и управувањето со ризиците од катастрофи.
Поконкретно, ФАО ќе ја поддржи Владата на Северна Македонија во развој на ефективни политики и овозможување инвестиции за рурална трансформација, подобрување на структурата на земјоделското земјиште и мобилноста на пазарот на земјиште, модернизирање на производството, зајакнување на вредносните синџири и овозможување на климатски паметно, отпорно земјоделство.
Ќе продолжи поддршката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во спроведување на тековните проекти за консолидација на земјоделското земјиште во рамките на Националната Програма за консолидација на земјиштето и нејзино понатамошно проширување на национално ниво, како и спроведување на други инструменти за пазарот на земјиште.
Преку споделување на знаење и јакнење на капацитети, ФАО ќе му помогне на МЗШВ и на другите релевантни партнери во развој на политики и мерки за подобрени советодавни, ветеринарни и фитосанитарни услуги, како и во напорите за усогласување на управувањето со здравјето на животните, безбедноста и квалитетот на храната со стандардите на Европската инија, во насока на задоволување на домашните потреби, како и соочување со предизвиците во глобалните прехранбени синџири.
Во рамки на вториот приоритет на програмата, ФАО ќе ги поддржи напорите на земјата за климатска акција. Ова вклучува одржливо управување со природните ресурси (земјиште, вода, шуми и биодиверзитет), градење климатска отпорност на земјоделското производство и намалување на ризиците од катастрофи во земјоделството. Зајакнувањето на климатската отпорност на малите земјоделци на многу начини – вклучително и поефикасна употреба на земјоделски репроматеријали, висококвалитетни податоци за донесување одлуки, климатски- паметно земјоделство и проширување на системите за наводнување – ќе бидат меѓу клучните области на поддршка.
„Постигнувањето на овие резултати е можно со силна посветеност на Владата и поддршка од развојните партнери, како и со придонесот на ФАО преку нејзината Програма за техничка соработка. Техничката помош на ФАО игра важна улога преку адресирање на предизвици во клучни области каде недостасува техничка експертиза на национално ниво, но и како каталитички инструмент за одржливо влијание и привлекување на нови инвестиции во насока на постигнување на Целите за одржлив развој дефинирани во Програмската рамка’’, вели Горан Ставриќ, програмски директор на ФАО (Програма за техничка соработка). Северна Македонија се потпира на глобалното искуство и знаењето на ФАО како акредитиран субјект за на Зелениот климатски фонд (Green Climate Fund), Фондот за адаптација (Adaptation Fund) и Глобалниот еколошки фонд (GEF) за пристап до климатски финансии во насока на остварување на националните приоритети за адаптација и ублажување на климатските промени, и исполнување на меѓународните климатски обврски на државата.
Линкови:
In rural North Macedonia, FAO helps improve sustainable and resilient development
Enhancing rice production in North Macedonia through land consolidation
Young Macedonian artist wins World Food Day poster contest honoring food heroes
Land consolidation is the missing link for farmers in North Macedonia
North Macedonia receives continued support for “greening”
1 of 5
Соопштение
28 март 2022
Преку заедничка работа до подобри здравствени услуги за сите
Претставници на семејството на Обединетите нации (ОН), здравствени работници и претставници од голем број национални партнери вклучени во програмата разговараа за научените лекции од заедничката програма, имплементрана од три агенции на ОН, УНФПА, УНИЦЕФ и СЗО, во координација со Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН, а финансирано од Фондот на ОН за одговор и закрепнување од КОВИД-19.
Учесниците на настанот дискутираа и за како да се допре до лицата што можеби не се покриени со здравствени услуги, како да се подобри превентивната заштита во оддалечени региони и места, како да се зајакне имунизацијата, да се користи дигитализација за да се подобри пристапот до здравствени услуги.
„Оваа програма е воспоставена како брз и иновативен одговор на растечките потреби предизвикани од КОВИД-19 и среќни сме што сме меѓу мал број на земји во светот ние што добија финансии од Фондот на ОН за одговор и закрепнување од КОВИД-19,” рече Патриција ДиЏовани, Привремен вршител на должноста Постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија. „Програмата овозможи бесплатни, живото-спасувачки услуги за луѓето, особено за жените и девојчињата што живеат во потешко достапни регионии, а за кои овие услуги можеби се прекинати поради КОВИД-19. Таа треба да служи како пример за многу идни активности и инвестиции во здравствениот сектор, не само за заштита на човечките животи, туку и за зголемување на квалитетот на живот и за подобра иднина на сите луѓе во земјата.”
„Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на КОВИД-19 во Северна Македонија” е заедничка програма што помогна владата да воспостави основни здравствени услуги во контекст на КОВИД-19 преку надградба на веќе направените, значајни инвестиции во националниот систем за здравствена и социјална заштита, за заштита од ширење на заразни болести и за обезбедување на соодветен одговор на разни кризни состојби.
Програмата понуди неколку иновативни здравствени услуги, како на пример мобилните гинеколошки клиники што посетија потешко достапни региони и места, регистарот за е-имунизација чија цел е да се подобри собирањето на податоци и пресметката на покриеност со вакцини, подигнување на свеста за важноста од имунизација со особен фокус на лицата што се двоумат за вакцинација, како и подигнување на свеста кај жени и девојчиња за сексуално и репродуктивно здравје и за родово-базирано насилство. Овие подобрени услуги таргетираат конкретно утврден дефицит предизвикан од КОВИД-19 и овозможуваат ефикасно собирање на податоци за имунизација, потребни за креирање на здравствените политики, истовремено придонесувајќи за поголе професионална поддршка и поддршка од јавноста за вакцинацијата.
Програмата таргетира ранливи категории на жени, адолесцентни девојчиња и деца, особено тие што живеат во оддалечени региони во земјата, што би имале корист од здравствени услуги поврзани со сексуалното и репродуктивно здравје, имунизација и психо-социјална поддршка. Имплементацијата на програмата започна во јануари 2021, а завршува сега, на крајот на март 2022, со вкупен буџет од $850,000.
Програмата е заеднички спроведена од три агенции на Обединетите нации, во соработка со клучни национални партнери, вклучително и Министерствата за здравство, и за труд и социјална политика, директоратот за e-Здравство, Здружението на гинеколози и обстетричари, Комитетот за безбедно мајчинство и новороденчиња, Македонското здравствено здружение, Македонското здружение на сестри и акушерки, Универзитетската клиника за Психијатрија и граѓански организации.
Оваа заедничка програма е овозможена благодарение на придонесите кон Фондот за одговор и закрепнување на ОН за COVID-19 од Владите на Норвешка, Холандија, Швајцарија, Данска, Шведска, Кореја, Финска, Австрија, Обединетото Кралство, Шпанија, Нов Зеланд, САД, Исланд, Хрватска, Португалија, Тајланд, Словачка, Романија, Камбоџа, Кипар и Филипини.
Повеќе инфо на:
https://northmacedonia.un.org/en/170196-safe-and-innovative-health-services-times-covid-19
1 of 5
Најнови ресурси
1 / 11
1 / 11