Најново
Приказна
07 јуни 2023
Нова иницијатива на СЗО за градење на капацитети на државните институции: Зајакнување на функциите на Министерството за здравство за раководење и управување
Дознајте повеќе
Говор
05 јуни 2023
Изјава за Светскиот ден на животна средина од Постојаниот координатор на ОН во Северна Македонија, Росана Дуџак
Дознајте повеќе
Приказна
05 мај 2023
ФАО и партнерите ја поставуваат основата за подобрено управување со системот за семе во Северна Македонија
Дознајте повеќе
Најново
The Sustainable Development Goals in Северна Македонија
Целите за одржлив развој се глобален повик за акција да се стави крај на сиромаштијата, да се заштити животната средина и климата и да се обезбеди сите луѓе да уживаат во мир и просперитет. Ова се целите на кои Обединетите нации работат во Северна Македонија:
Приказна
07 јуни 2023
Нова иницијатива на СЗО за градење на капацитети на државните институции: Зајакнување на функциите на Министерството за здравство за раководење и управување
СЗО иницира унапредување на функциите за раководење и управување во Министерството за здравство, со што ќе се овозможи подобра здравствена заштита за сите. СЗО го поддржува развојот на потребните вештини на назначените тимови за спроведување, следење и оценување на оваа иницијатива.
Д-р Ане Јохансен, шефица на Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија, го истакна новиот пристап на СЗО кон реформите во здравствениот систем според единствен метод – кој прави обиди и се прилагодува, а потоа го следи исходот и повторно ги прилагодува интервенциите, според потребите.
„Ја дизајниравме оваа иницијатива за поддршка на одржливиот развој на институционалните капацитети на здравствениот сектор, што ја издвојува од традиционалниот пристап на фокусирање исклучиво на проекти за зајакнување на здравствените системи. Наша цел е да воспоставиме силна основа за развивање на раководните функции на Министерството до ниво на кое може континуирано да го подобрува работењето на целиот здравствен систем“, потврди д-р Јохансен.
Високите функционери во Министерството и засегнатите страни од соодветните здравствени агенции покажаа цврста мотивација да ја спроведат иницијативата со цел да придонесат за значително подобрување на здравствениот исход за сите пациенти во земјата.
1 of 5

Приказна
05 мај 2023
ФАО и партнерите ја поставуваат основата за подобрено управување со системот за семе во Северна Македонија
Денеска во Скопје се одржа завршен настан на кој беа презентирани резултатите од регионалниот проект на ФАО, чија цел е да се подобри овозможувачката средина за подобрена отпорност на земјоделството на климатските промени. Северна Македонија беше дел од проектот заедноso Ерменија, Киргистан и Таџикистан. Со поддршка на ФАО, македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги унапреди напорите за подобрување на домашното производство на семиња и саден материјал, со фокус на заштита и зачувување на генетската разновидност на домашните сорти.
Влијанието на климатските промени врз производството на семиња има сериозни импликации за обезбедноста со храната. Ограничениот пристап и високите цени на земјоделските суровини, вклучително и висококвалитетниот семенски материјал и капацитетите за нивно производство, складирање и примена, дополнително влијаат на ефикасноста и отпорноста на земјоделското производство на климатските промени.
За да одговори на зголемената побарувачка за висококвалитетен семенски материјал отпорен на климатските промени, македонското Министерство за земјоделство доби поддршка од ФАО за подобрување на националниот систем за семе. Ова вклучуваше подобрување на домашното производство на висококвалитетни и климатски отпорни семиња од стратешки култури и зајакнување на националните капацитети за да се обезбеди соодветно снабдување со семе за земјоделците.
Како дел од проектот, Министерството работеше на подобрување на производството и сертификацијата на квалитетен семенски материјал и ги оцени националните политики за семепроизводство, дистрибуција и сертификација во земјата. Заедно со Земјоделскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, беа формирани демонстративни експериментални полиња во Кочани, Скопје и Тетово за производство, тестирање и мултипликација на квалитетен семенски материјали од неколку стратешки култури.
„Висококвалитетните домашни сорти отпорни на климатските промени, добрите национални политики за семиња и капацитетите за одгледување на нови и одржување на локалните сорти - се важен чекор во трансформирањето на прехранбените системи на одржлив начин, подобрувањето на обезбеденоста со храната, приспособувањето кон климатските промени во земјоделството и повеќе. Затоа, овој проект е од големо значење за одржливиот развој на домашното земјоделство“, изјави Трајан Димковски, државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија.
Со поддршка на ФАО, беше спроведена сеопфатна анализа за да се процени состојбата на домашниот систем за семе во Северна Македонија во однос на изборот, конзервацијата, производството, политиките и правната рамка. Анализата резултираше со збир на препораки насочени кон подобрување на ефикасноста, одржливоста и отпорноста на системот за семе кон климатските промени.
Клучните препорачани мерки вклучуваат развој на политики за програми за одгледување растенија, редовно финансирање за одгледување и зачувување на растенијата, едукација на земјоделци и млади научници за системи и техники на семепроизводство, создавање регистар на домашни сорти, поддршка на научните институции, поттикнување на соработка помеѓу експертите и властите, обезбедување јавна достапност на регистри, основање ботанички градини, спроведување на демонтративни опити за испитување на климатската отпорност на семињата и подигање на јавната свест за важноста на подобрување на отпорноста на системите за семе кон климатските промени.
Тања Сантиванез, регионален земјоделски службеник на ФАО, објасни дека овие мерки, доколку се спроведат, можат многу да помогнат во трансформирање на македонскиот земјоделско-прехранбен систем на одржлив начин, подобрување на обезбеденоста со храна, прилагодување кон климатските промени и зајакнување на конкурентноста.
Претставници на Министерството за земјоделство беа ангажирани и на регионална обука организирана од ФАО во Ерменија. Обуката даде можност да се разменат знаења и искуства со другите земји учеснички за управување со квалитетот на семето, политиките на семето и принципите и елементите на гаранција и сертификација на квалитетот на семенскиот материјал.
Г-ѓа Кристина Митиќ Арсова, национален тим лидер на ФАО, изрази благодарност до сите партнери и засегнати страни кои придонесоа за успехот на проектот. Таа нагласи дека ‘’досегашните анализи и активности ќе послужат како основа за идни конкретни иницијативи за унапредување на домашниот семенски систем“.
ЛИНКОВИ:
Земјоделството во Северна Македонија станува поотпорно на климатските промени преку квалитетно семепроизводство
https://www.fao.org/europe/news/detail/North-Macedonia-s-agriculture-becomes-more-climate-resilient-through-quality-seed-production/
ФАО и Северна Македонија
https://www.fao.org/countryprofiles/index/en/?iso3=MKD
ФОТОГРАФИИ: Проект на ФАО за Северна Македонија „Создавање погодна средина за подобрена отпорност на земјоделството на климатските промени “
https://www.flickr.com/photos/128106072@N05/albums/72177720296177412
1 of 5

Приказна
04 мај 2023
Подобрување на политиката за управување со земјиште: МЗШВ, ЕУ и ФАО иницираат развој на новата Национална стратегија за консолидација на земјиштето
Во Еуроп хаус (Europe House) денеска беше означен почетокот на подготовката на новата Национална стратегија за консолидација на земјиште 2022-2030 година во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Македонија“. Проектот е ко-финансиран и спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), во тесна соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски изјави дека за нив е од стратешка важност оваа определба на Владата, на Министерството, на институциите, заедно со поддршка на Европската Унија, на ФАО којшто е имплементатор, за да се придонесе во решавање на проблемите поврзани со расцепканоста на структурата на земјоделското земјиште и малата површина на земјоделските стопанства.
Токму затоа во овие години, тоа било еден од нивните сериозни приоритети.
‘’Значајни се достигнувањата во овој дел. Се воспостави правната, институционална рамка за консолидација на земјиштето, обезбедувајќи основа за спроведување на националната програма за консолидација. Капацитетите за спроведување на консолидација се зајакнаа преку системско надградување и вклучени страни. На национално ниво беа направени напори за подигнување на свеста за консолидација на земјиштето на земјоделците помеѓу сите засегнати страни на терен, со што се подобри и разбирањето за придобивките од реализацијата на консолидацијата во подрачјата. Беа поставени основите за финансиско и стратешко планирање за консолидацијата на земјиштето, обезбедувајќи ефикасно планирање и распределба на ресурсите за спроведување на овие проекти. И на крај, како најзначајно, успешно спроведовме на терен, проекти за консолидација на земјиштето коишто се видливи, коишто се опипливи и коишто земјоделците на терен ги чувствуваат и придобивките за тоа, бевме сведоци преку сите наши теренски посети што ги имаме, истакна министерот Николовски. Николовски додаде дека има значително намалување на расцепканоста на земјишните парцели, нивно окрупнување во девет подрачја во државата каде се изготвиле планови за консолидација со поддршка на овој проект.
На настанот, преку видео линк, се обрати заменикот регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија (ФАО РЕУ), Набил Ганги. ‘’Задоволство ми е да бидам дел од овој значаен настан во Скопје, додека го започнуваме процесот на изработка на нова стратегија за консолидација на земјиштето во Македонија во наредните години, нагласи Ганги.
„Новата Национална стратегија за консолидација на земјиштето е клучна алатка за промовирање одржливо користење на земјиштето и унапредување на тековниот напредок на структурните земјишни реформи во земјоделскиот сектор во Северна Македонија. Треба да се гордееме со фактот дека новата стратегија има цврста основа на која треба да се изгради, потпирајќи се од десетгодишното искуство во консолидација на земјиштето во Северна Македонија, вклучувајќи ги достигнувањата и научените лекции од претходниот стратешки период“, додаде тој.
Беа презентирани и клучни достигнувања на Националната стратегија за консолидација на земјиштето 2012-2020 година и научените лекции од претходниот стратешки период, кои ќе бидат основа за развој на новата стратегија за консолидација на земјиштето 2022-2030 година.
За ЕУ-проектот „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“
Надоврзувајќи се директно на резултатите од проектот МАИНЛАНД, овој проект има за цел да го поддржи МЗШВ во унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија, преку подобрување на националната политика за консолидација на земјиштето, вклучително стратешката, правната и институционалната рамка, како и во понатамошна имплементацијата на Националната Програма за консолидација на земјиштето, преку целосно спроведување на проекти за консолидација во две подрачја, заедно со изградба на земјоделска инфраструктура. Проектот исто така поддржува подготовка на нова Национална стратегија за консолидација на земјиште и Акционен план за периодот 2022-2030 година. Во тек се неколку клучни активности, вклучително формирање на Постојана советодавна група за консолидација на земјиште, преглед на националните политики, законодавство и програми за оцена на постигнатите резултати во претходниот стратешки период и подготовка на Белешка за повеќенаменска консолидација на земјиштето. Од мај 2023 до декември 2024 година, ќе се спроведат консултативни работилници за нацрт-стратегијата, со цел ангажирање и консултирање на сите засегнати страни, како и за поддршка на процесот на одобрување на стратегијата од страна на Владата, по што ќе следи кампања за подигање на јавната свест од февруари 2025 до октомври 2025 година за промовирање на новата Стратегија на национално ниво. Буџетот на проектот е 1,2 милиони евра - финансиран преку ЕУ ИПА II 2019 Инструментот (1 милион евра) и придонес на ФАО (0,2 милиони евра). Проектот се реализира во период од 42 месеци, од август 2022 година до јануари 2026 година.
1 of 5
Приказна
25 април 2023
Извештај: Нов начин на управување со миграцијата: од тврдина кон иднина
Миграцијата е комплексен, повеќедимензионален домен кој брзо се менува. Традиционалниот начин на управување со миграцијата е затворен и реактивен на настаните, како да управуваме со тврдина. Ова е разбирливо бидејќи креаторите на политиката постојано се соочуваат со огромната задача да ги обединат краткорочните потреби и долгорочните можности, и на национално и на ниво на ЕУ. Но, допрва треба да изнајдеме долгорочен и одржлив пристап кон управувањето со миграцијата.
Клучен предизвик за креаторите на политиките е отсуството на управување кое ја зема во предвид иднината (futures informed governance). Во овој контекст, Владата на Република Северна Македонија и ОН пилотираа амбициозна и визионерска иницијатива за антиципативно управување што систематски го поврзува знаењето за предвидување (foresight) со миграциската политика.
Во овој извештај, адресиран главно до креаторите на политиките и практичарите, ви претставуваме како би можело да изгледа креирањето миграциска политика доколку се примени стратешко предвидување во Северна Македонија. Кога структурите, процесите и капацитетите на управување се антиципативни, тие можат да ја балансираат отпорноста и трансформацијата, обезбедувајќи им на владите долгорочен и проактивен пристап.
Извештајот го сумира развојот на нашата работа со Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Меѓународната организација за миграција (ИОМ), и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во Северна Македонија.
За да одговори како може да се примени антиципиративното управување за менаџирање со миграцијата, извештајот нуди четири чекори:
Преглед на концептуална рамка за антиципативно креирање политики. Нашиот предложен модел, претставен во третото поглавје, се состои од шест основни функции кои, ако се комбинираат, ги балансираат и отпорноста (resilience) и целите на трансформацијата. Во поглавје четири, дополнително го истражуваме моделот во контекст на миграцијата.
Приказ на антиципативен модел на креирање политики за поддршка на владата на Северна Македонија да внесе знаење за предвидување (foresight) во различни фази во циклусот на развивање на политики.
Проценка на тековниот систем на управување со миграцијата во Северна Македонија. Целта беше да се разберат ограничувањата и можностите и да се развијат начини за унапредување. Оваа работа, претставена во петтото поглавје, резултираше со шест теми за управување кои можат да се решат преку антиципативни пристапи: i) законодавно и транспарентно владеење, ii) владеење во силоси, iii) статистички системи и силоси, iv) свест и интеграција на граѓаните, v) локализација, и vi) регионална соработка.
Препораки за експериментирање и развој на антиципативни пристапи за управување со миграцијата во Северна Македонија. Препораките, наведени во седмото поглавје, се засноваа на два главни лостови за промена: 1) да се зајакне долгорочниот и холистички поглед на миграцијата во рамките на националните развојни напори и 2) да се изгради регионална соработка за постигнување на целите за демографска отпорност.
Ова дело ќе биде вредно за креаторите на миграциската политика заинтересирани за усвојување на проактивни пристапи кои се ориентирани кон иднината. За да ја создадеме иднината на миграцијата потребно ни е антиципативно управување, а не ѕидови и тврдини.
Оваа публикација е дел од иницијативата промовирана од Високиот Комисија на Обединетите нации (УНХЦР), Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), во соработка со Владата на Република Северна Македонија, а под координација на Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН во Република Северна Македонија.
Иницијативата е дел од Заедничката програма „Планирање на миграциска политика заснована на докази и дискурс во Северна Македонија“ поддржан од Мулти-партнерскиот доверителски фонд на ОН за миграција.
1 of 5

Приказна
18 април 2023
ФАО, АХВ и МЗШВ ја започнаа втората фаза од процесот за унапредување на системот за идентификација на животните и подобрување на безбедноста на храната
По успешната имплементација на првата фаза од процесот за надградба на постојниот ветеринарен информациски систем во согласност со стандардите на Европската унија, Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ја започнаа втората фаза од процесот, преку нов ФАО проект. Целта на новиот проект е трансфер на нов ветеринарен информациски софтвер, опремен со нови модули и функционалности, во употреба на АХВ.
Системот за идентификација и регистрацијата на животните е важен дел од синџирот за безбедност на храната. Тој овозможува брзо и навремено евидентирање, анализирање и користење на податоци за животните од различни засегнати страни, вклучително информации за нивното раѓање и потекло, статус на вакцинација, здравствена состојба, болести - во случај на појава и документирање на целосниот циклус на животното од фарма до трпеза, што обезбедува испорака на безбедна храна до потрошувачите.
Додека првата фаза се фокусираше на изработка на техничката документација за надградба на постојниот ветеринарен информациски систем при АХВ, врз основа на веќе успешниот софтвер развиен од ФАО во Грузија, втората фаза ќе се фокусира на трансфер на системот и додавање на нови модули и функционалности, како и негово конфигурирање за употреба во АХВ. Новото модерно, одржливо и долгорочно решение ќе отвори нови можности за подобрување на следливоста на животните и подобрување на безбедноста на храната, што е од клучно значење за одржување на јавното здравје, здравјето на животните, безбедноста на храната и пристапот до меѓународните пазари.
Во своето обраќање на денешниот состанок за отпочнување на проектот, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, истакна дека подобрувањето на одговорот на земјоделството кон барањата на општеството за здравствените аспекти на храната, вклучувајќи ја благосостојбата на животните, е од стратешко значење за земјоделскиот сектор, вклучително и обврската да го усогласиме националното законодавство за благосостојба на животните и безбедност на храната со стандардите на Европската унија. ‘’Ефикасна и современа идентификација и регистрација на животните е предуслов за современо управување со здравјето на животните, сточарско производство, подобрена конкурентност и пристап до глобалните пазари’’ – истакна тој.
Ветеринарниот информациски систем на Северна Македонија е развиен пред повеќе од 12 години и е приспособен исклучиво на домашните околности и законска рамка. Истиот е застарен и од технолошка и од законодавната перспектива поради континуираното еволуирање на законодавството на ЕУ и тековното приближување кон ЕУ, особено Регулативата на ЕУ 2016/429 „Закон за здравјето на животните’’. Оттука, несомнена е потребата за унапредување на системот и негово усогласување со стандардите на ЕУ.
Организацијата за храна и земјоделство при ООН (ФАО) има развиено успешни проекти за воспоставување на ветеринарни информациски системи ширум светот, што ја прави една од водечките организации на оваа тема. На барање на Владата на РСМ, унапредувањето на постојниот ветеринарен информациски систем ќе се работи со поддршка на ФАО, со цел постигнување на целосно усогласено решение со стандардите на ЕУ.
Среќни сме што можеме да го споделиме нашето искуство со Северна Македонија за унапредување на Системот за идентификација и регистрацијата на животните и со нетрпение очекуваме плодна соработка со Владата и сите засегнати страни да придонесеме за подобрување на јавното здравје, здравјето на животните и безбедноста на храната, во согласност со стандардите на Европската унија - истакна Набил Ганги, Заменик регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија и Шеф на канцеларијата на ФАО во Северна Македонија.
„Jа препознаваме огромната важност од надградбата на ветеринарниот информациски систем во Северна Македонија за усогласување со барањата за приближување на Европската унија. Оваа модернизација не само што ќе ја подобри нашата способност да обезбедиме здравје и благосостојба на животните, но и олеснување на непречена трговија со производи од животинско потекло со земјите-членки на ЕУ. Тоа е клучен чекор кон постигнување на усогласување со стандардите на ЕУ и зајакнување на позицијата на нашата земја на меѓународниот пазар“ - изјави Вања Кондратенко, Раководител на сектор за здравствена заштита и благосостојба на животните при АХВ
Проектот е од Програмата на ФАО за техничка поддршка и ќе се спроведува во тесна соработка со АХВ, МЗШВ и други засегнати страни, во период од 2 години.
1 of 5

Соопштение
20 февруари 2023
Заедничката работа клуч за подобрување на квалитетот на живот за сите луѓе во Северна Македонија
Членовите на Заедничкиот управен комитет разговараа за годишните резултати на ОН за 2022-ра година, можностите и предизвиците со кои се соочува земјата и ги поддржаа Заедничките работни планови за 2023-та година.
„Само со заеднички напори можеме да ги заштитиме човештвото и природата, особено ако сме посветени на постигнувањето на Агендата 2030, на национално и на глобално ниво. Целосната имплементација на рамката за соработка за одржлив развој е патот кон постигнување опипливи промени за луѓето во Северна Македонија, што резултира со подобри правни, поефикасни и поодговорни институции и поголема иднина за сите“, рече Фатмире Исаки, заменик министер за надворешни работи.
РСОР е клучен стратешки документ што ја води работата на ОН во Северна Македонија и ја претставува колективната понуда на системот за развој на ОН за поддршка на земјата во постигнувањето на целите за одржлив развој. За да се осигури дека ги одразува интересите и приоритетите на сите луѓе во земјата, РСОР е развиен преку партиципативен и консултативен процес, почнувајќи со анализа на развојниот контекст на земјата, стратешката приоритизација и нејзината операционализација преку годишните работни планови на ентитетите на ОН и засегнатите страни.
„Контекстот значително еволуираше од основањето на РОСР во 2020-та година. КОВИД-19 и неговото непосредно и долгорочно социо-економско влијание, проследено со тековните енергетски, безбедноста на храната и финансиските кризи – сите обликувани од војната во Украина – ставија значителен притисок врз Владата да продолжи да дава приоритет на реформските процеси и структурните промени бидејќи фискалниот простор се намалува, а ранливостите се зголемуваат“, вели Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија. „Со јасна цел и фокусирани стручни совети и поддршка, поткрепени со фокусот да не се остави никој зад себе, тоа ќе остане клучот на работата на ОН во Северна Македонија во 2023-та година.”
РОСР 2021-2025 година, исто така, ја одразува молбата на генералниот секретар на ОН за забрзана акција за спроведување на Агендата 2030 преку Декада на акција.
1 of 5
Соопштение
21 декември 2022
Систематски решенија како одговор на глобалната криза со храна и енергија
Скопје, 21 декември, 2022г. - На конференцијата со наслов „Поглед подалеку“, што се одржа денеска во Скопје во организација на Обединетите нации, претставници на повеќе агенции на ОН заедно со меѓународни експерти и претставници на владата дискутираа за клучните мерки што Република Северна Македонија ги презема и треба да ги планира во иднина со цел надминување на предизвиците во кризата со храна и енергија.
„Сегашната криза на многу начини е без преседан. Сепак, основните причини и двигатели не се ниту нови, ниту изненадувачки, и ја одразуваат нашата неспособност да дадеме доволно голем приоритет на унапредувањето на Целите за одржлив развој. Политичките решенија се сложени. Треба да одговориме на непосредните потреби за избавување на луѓето од сиромаштија, но исто така треба да ги поддржиме бизнисите со цел да се зачуваат работните места, со конкретни мерки за да обезбедиме најдобри можни резултати со расположливите ресурси. Најважно, политиките треба да бидат системски, одржливи и визионерски за да се осигура дека, и покрај предизвиците, ќе останеме силно фокусирани на одржлив раст и развој. За тоа се потребни навремени и точни податоци, соработка и координација“, рече Постојаната координаторка на ОН, Росана Дуџак на отворањето на конференцијата.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за време на панелот истакна дека проблемите треба системски да се решаваат. „Ако системски не се решаваат, проблемите се зголемуваат. Пример, сме зборувале за дигитализација со години, но, тоа било само , површински, а не суштински. Дигитализацијата бара суштинска промена на однесувањето на чинителите и на граѓаните. Ние не сме влегле во било кој сегмент да го решаваме проблемот на начин на кој треба да го решаваме“, вели Битиќи. „Во врска со енергетската криза сфаќаме дека производството е битно, но сме знаеле дека 35 отсто сме зависни од увоз на енергија. Тоа било убаво оти цената била добра. Штом доаѓа криза сите прашуваат зошто не се решава проблемот. Тој проблем не се решава преку ноќ. Проблемот е пак системски. Требало да почне да се решава пред 10 години и тоа во областа на алтернативните енергиии. Зелената енергија. Ние сега со малку интервенции се обидуваме да ги враќаме олдтајмерите во сообраќај. Но тоа не е решение. Решение е зелената енергија, транзиција кон зелена енергија“, додаде вицепремиерот за економски прашања.
Заменик претставникот на УНИЦЕФ, Артур Ајвазов, посочи дека шоковите од растот на цените несразмерно ги погодуваат домаќинствата со повеќе деца и посиромашните семејства, поради нивните пониски приходи и поголемото учество на потрошувачката на храна и енергија во буџетот на нивните домаќинства. Зголемувањето на цените на храната им остава на овие семејства многу малку средства за подмирување на другите основни потреби. Ајвазов посочи дека Владата треба да размисли за дополнителни мерки со цел да го намали товарот врз децата и другите ранливи групи, вклучително и со проширување на пристапот и обемот на постоечките парични трансфери и да осигура дека буџетската криза нема да ги наруши основните услуги во здравствената заштита , социјална заштита и образование.
Во обраќањето на конференцијата, заменик регионалниот претставник на ФАО за Европа и Централна Азија, Набил Ганги, истакна дека од долгорочна перспектива, важно е да се разгледаат структурните причини за кризата со храна, а со цел подобар пристап во решавање на овој проблем треба да се прави разлика меѓу прашањата кои влијаат на пристапот до храна и прашањата кои се однесуваат на достапноста на храната. Во однос на пристапот до храна, ситуацијата е повеќедимензионална и ја одразува сложената меѓусебна поврзаност помеѓу кризата со храна, енергија и финансии. Според Ганги, за справување со предизвици со обезбедноста со храна, предизвикани од тековните кризи, потребен е пристапот на„земјоделско-прехранбени системи“, што ФАО го промовира во насока на дејствување надвор од вообичаените секторски рамки. Тоа е систематска комбинација на политики, инвестиции и решенија фокусирани на одржливи подобрувања во продуктивноста и ефикасноста, поголема отпорност и обезбедување на доволно здрава храна за сите.
„Емпириски истражувања покажуваат дека добро развиениот финансиски систем може да го зголеми растот и до 1 п.п., а уште поважно и да ја намали сиромаштијата. Финансиските системи придонесуваат за поттикнување на заштедите и нивно насочување во инвестиции кои се важни за зголемување на обем на капитал и продуктивноста коишто пак се главни детерминанти на долгорочниот раст“, изјави гувернерката на НБРСМ, Анита Ангеловска – Бежоска. „Значењето на финансиите е особено големо во овие кризни околности кои ги потенцираат структурните слабости и потребата за зелена и дигитална трансформација на економијата. Кај нас позитивно е што кредитната поддршка за зелена трансформација расте, односно кредитите за ова намена во изминативе три години забележаа раст од 80%“, вели Ангеловска Бежоска.
Според Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, кризата најверојатно ќе продолжи и во 2023 година и тешко е да се предвиди во која насока ќе се развиваат работите. „УНДП и другите агенции на ОН во земјата, заедно со другите развојни партнери се тука да ги поддржат институциите и граѓаните и да придонесат за јавниот дијалог и градењето консензус околу конкретните политики и други мерки кои ќе придонесат за справување со тековните развојни предизвици и влијанието на глобалната криза. Меѓутоа, сега имаме подобро разбирање за ранливостите и основните причини за кризата, внатрешните и надворешните фактори и предлагаме системски патишта како одговор на кризата. Една од работите на кои треба да се посвети внимание е сивата економија, која според истражувањата изнесува некаде околу 35 отсто да влезе во системот, да се плаќаат даноци. Втора работа е поттик на малите и средни претпријатија и регионалната соработка“, рече Григорјан.
Министерот за финансии, Фатмир Бесими истакна дека изминатите три години кои се одбележани со криза ја поместија среднорочната рамка на планираните фискални таргети, насочени кон консолидација на јавните финансии и нивна долгорочна оддржливост. "Но истовремено нас креаторите на политиките, ни даваат можност и ни покажуваат каде во системот имаме потреба од промени. Затоа сметаме дека е добро реформската агенда да се спроведува во кризните епизоди."
Тој додаде дека оваа година наспроти очекувањата не беше година погодна за фискална консолидација, и имаше потреба од мерки за поддршка на граѓаните, стопанството и за поголемо производство на електрична енергија од домашни капациетите за справување со енергетската и ценовната криза.
"Во вакви услови Владата успешно прибегна кон рационализација на расходната страна на Буџетот, со што остварениот дефицит е во голема мера задржан во рамки на фискалните таргети, кои до 2027 година терба да се сведат на 2,8 % од БДП буџетски дефицит и јавен долг под 60 %", порача Бесими.
Цел на агенциите на Обединетите нации, УНДП, ФАО и УНИЦЕФ, е заедно со националните и меѓународните партнери, да се изнајдат одржливи и долгорочни решенија кои ќе дадат одговор на потребите на ранливите групи и истовремено ќе подржат раст и развој, во услови на висока инфлација и скромни финансиски ресурси.
1 of 5
Соопштение
09 јуни 2022
Обединетите нации во Северна Македонија го објавија Годишниот извештај за остварените резултати во 2021
"Целите за одржлив развој не се само дополнителен план за светот, туку заедничка визија и затоа мора целосно да ја прифатиме нивната трансформација и имплементација. За да се постигне Агендата 2030, Северна Македонија останува целосно посветена на развојот на институциите и партнерствата што ќе овозможат одржливост за сегашните и за идните генерации”, подвлече Бујар Османи, Министер за надворешни работи.
Извештајот се фокусира на резултатите од 2021, како и на лекциите научени во процесот на имплементација на програмите и активностите во текот на првата година од спроведувањето наРамката за соработка за одржлив развој (РСОР) 2021 – 2025 – заеднички стратешки документ на ОН и на Владата на Северна Македонија.
“Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 го потсети светот дека сите сме поврзани и дека мора да работиме заедно за да постигнеме одржлив развој и притоа никој да не заостане”, рече Росана Дуџак, Постојан координатор на ОН во Северна Македонија. “Овој извештај практично покажува како заедничката работа може да придонесе за остварување на подобри резултати со нашите заеднички напори.”
Согласно приоритетите утврдени во РСОР 2021-2025, извештајот го следи напредокот во четири области, инклузивна благосостојба, квалитетни услуги за сите, здрава животна средина и добро владеење.
Помеѓу многу други, некои од резултатите што се нотирани во извештајот вклучуваат креирање на 6,822 нови работни места за млади лица, обезбедување совети и усслуги за дигитализација на над 500 компании, консолидација на 1,078 хектари земјоделско земјиште, подобрување на економската состојба, како и враќањето на децата во училиште. Дополнително, забележан е напредок во состојбат асо вработување, особено кај жените, кои беа најмногу погодени за време на пандемијата, но не и кај младите, што се уште претставува предизвик.
Вкупно 24 тела на ОН работеа заедно со повеќе од 130 партнери во Северна Македонија во текот на 2021 и нивната работа е усогласена државните национални развојни и стратешки приоритети, меѓународните обврски во однос на човековите права и родовата еднаквост, како и обврските кон Агендата 2030 и Целите за одржлив развој,.
Дигитална верзија на извештајот е достапна на три јазици, англиски, македонски и албански, на следниот линк.
1 of 5
Соопштение
29 април 2022
Нова Програмска рамка ФАО - Северна Македонија за поконкурентна, одржлива и поотпорна рурална економија
Приоритетите на новата Програмска рамка на ФАО за Северна Македонија за периодот 2021–2025 година се во согласност со приоритетите на Владата, Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2021–2027 и Рамката за соработка за одржлив развој меѓу Северна Македонија и Обединетите нации 2021-2025, во насока на трансформирање на системот за храна и усогласување на земјоделството и руралната економија со стандардите на Европската унија и Целите за одржлив развој.
Договорот го потпишаа Mинистерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија, Љупчо Николовски и заменик регионалниот претставник на ФАО за Европа и Централна Азија, Набил Ганги, во рамки на нивната денешна средба со генералниот директор на ФАО, Кју Донгју.
„Оваа рамка е продолжување на долгогодишното партнерство меѓу ФАО и Северна Македонија и нашите заеднички напори за унапредување на развојот на земјоделството, зајакнување на малите земјоделци и семејните земјоделски стопанства и инвестирање во одржлива иднина и сигурност на храната за македонскиот народ“, изјави Набил Ганги, заменик регионален претставник на ФАО.
“Подготвени сме да ги продолжиме активностите и одличната соработка со ФАО преку која министерството, Владата и граѓаните на нашата држава директно на терен го гледаат бенефитот. Ќе го спомнам само успехот кој го направивме со тековните проекти за консолидација на земјоделското земјиште во рамките на Националната Програма за консолидација, со кои направивме историско придвижување во подобрување на структурата на земјоделското земјиште, што крајно придонесе за намалување на трошоците и зголемување на приходите на земјоделците. Соработката со ФАО е богата, течат многу заеднички проекти кои се од огромен интерес за државата“ истакна министерот Николовски.
Земјоделството е еден од клучните економски сектори и значаен работодавач во руралните средини, со 12 отсто од бруто домашниот производ и околу 22 отсто од вкупната вработеност. Сепак, бројни предизвици влијаат на развојот на секторот, меѓу кои расцепканоста на земјоделското земјиште, ограничен пристап до инфраструктура, земја, вода, енергија, знаење и финансиски услуги, слаби вредносни синџири и ранливост на климатските промени.
Имајќи го ова предвид, ФАО е подготвена да ја поддржи Северна Македонија во две главни области - градење на посилна рурална економија во согласност со стандардите на ЕУ, со фокус на малите земјоделски стопанства и жените фармери; и унапредување на климатската акција, природните ресурси и управувањето со ризиците од катастрофи.
Поконкретно, ФАО ќе ја поддржи Владата на Северна Македонија во развој на ефективни политики и овозможување инвестиции за рурална трансформација, подобрување на структурата на земјоделското земјиште и мобилноста на пазарот на земјиште, модернизирање на производството, зајакнување на вредносните синџири и овозможување на климатски паметно, отпорно земјоделство.
Ќе продолжи поддршката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во спроведување на тековните проекти за консолидација на земјоделското земјиште во рамките на Националната Програма за консолидација на земјиштето и нејзино понатамошно проширување на национално ниво, како и спроведување на други инструменти за пазарот на земјиште.
Преку споделување на знаење и јакнење на капацитети, ФАО ќе му помогне на МЗШВ и на другите релевантни партнери во развој на политики и мерки за подобрени советодавни, ветеринарни и фитосанитарни услуги, како и во напорите за усогласување на управувањето со здравјето на животните, безбедноста и квалитетот на храната со стандардите на Европската инија, во насока на задоволување на домашните потреби, како и соочување со предизвиците во глобалните прехранбени синџири.
Во рамки на вториот приоритет на програмата, ФАО ќе ги поддржи напорите на земјата за климатска акција. Ова вклучува одржливо управување со природните ресурси (земјиште, вода, шуми и биодиверзитет), градење климатска отпорност на земјоделското производство и намалување на ризиците од катастрофи во земјоделството. Зајакнувањето на климатската отпорност на малите земјоделци на многу начини – вклучително и поефикасна употреба на земјоделски репроматеријали, висококвалитетни податоци за донесување одлуки, климатски- паметно земјоделство и проширување на системите за наводнување – ќе бидат меѓу клучните области на поддршка.
„Постигнувањето на овие резултати е можно со силна посветеност на Владата и поддршка од развојните партнери, како и со придонесот на ФАО преку нејзината Програма за техничка соработка. Техничката помош на ФАО игра важна улога преку адресирање на предизвици во клучни области каде недостасува техничка експертиза на национално ниво, но и како каталитички инструмент за одржливо влијание и привлекување на нови инвестиции во насока на постигнување на Целите за одржлив развој дефинирани во Програмската рамка’’, вели Горан Ставриќ, програмски директор на ФАО (Програма за техничка соработка). Северна Македонија се потпира на глобалното искуство и знаењето на ФАО како акредитиран субјект за на Зелениот климатски фонд (Green Climate Fund), Фондот за адаптација (Adaptation Fund) и Глобалниот еколошки фонд (GEF) за пристап до климатски финансии во насока на остварување на националните приоритети за адаптација и ублажување на климатските промени, и исполнување на меѓународните климатски обврски на државата.
Линкови:
In rural North Macedonia, FAO helps improve sustainable and resilient development
Enhancing rice production in North Macedonia through land consolidation
Young Macedonian artist wins World Food Day poster contest honoring food heroes
Land consolidation is the missing link for farmers in North Macedonia
North Macedonia receives continued support for “greening”
1 of 5
Соопштение
28 март 2022
Преку заедничка работа до подобри здравствени услуги за сите
Претставници на семејството на Обединетите нации (ОН), здравствени работници и претставници од голем број национални партнери вклучени во програмата разговараа за научените лекции од заедничката програма, имплементрана од три агенции на ОН, УНФПА, УНИЦЕФ и СЗО, во координација со Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН, а финансирано од Фондот на ОН за одговор и закрепнување од КОВИД-19.
Учесниците на настанот дискутираа и за како да се допре до лицата што можеби не се покриени со здравствени услуги, како да се подобри превентивната заштита во оддалечени региони и места, како да се зајакне имунизацијата, да се користи дигитализација за да се подобри пристапот до здравствени услуги.
„Оваа програма е воспоставена како брз и иновативен одговор на растечките потреби предизвикани од КОВИД-19 и среќни сме што сме меѓу мал број на земји во светот ние што добија финансии од Фондот на ОН за одговор и закрепнување од КОВИД-19,” рече Патриција ДиЏовани, Привремен вршител на должноста Постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија. „Програмата овозможи бесплатни, живото-спасувачки услуги за луѓето, особено за жените и девојчињата што живеат во потешко достапни регионии, а за кои овие услуги можеби се прекинати поради КОВИД-19. Таа треба да служи како пример за многу идни активности и инвестиции во здравствениот сектор, не само за заштита на човечките животи, туку и за зголемување на квалитетот на живот и за подобра иднина на сите луѓе во земјата.”
„Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на КОВИД-19 во Северна Македонија” е заедничка програма што помогна владата да воспостави основни здравствени услуги во контекст на КОВИД-19 преку надградба на веќе направените, значајни инвестиции во националниот систем за здравствена и социјална заштита, за заштита од ширење на заразни болести и за обезбедување на соодветен одговор на разни кризни состојби.
Програмата понуди неколку иновативни здравствени услуги, како на пример мобилните гинеколошки клиники што посетија потешко достапни региони и места, регистарот за е-имунизација чија цел е да се подобри собирањето на податоци и пресметката на покриеност со вакцини, подигнување на свеста за важноста од имунизација со особен фокус на лицата што се двоумат за вакцинација, како и подигнување на свеста кај жени и девојчиња за сексуално и репродуктивно здравје и за родово-базирано насилство. Овие подобрени услуги таргетираат конкретно утврден дефицит предизвикан од КОВИД-19 и овозможуваат ефикасно собирање на податоци за имунизација, потребни за креирање на здравствените политики, истовремено придонесувајќи за поголе професионална поддршка и поддршка од јавноста за вакцинацијата.
Програмата таргетира ранливи категории на жени, адолесцентни девојчиња и деца, особено тие што живеат во оддалечени региони во земјата, што би имале корист од здравствени услуги поврзани со сексуалното и репродуктивно здравје, имунизација и психо-социјална поддршка. Имплементацијата на програмата започна во јануари 2021, а завршува сега, на крајот на март 2022, со вкупен буџет од $850,000.
Програмата е заеднички спроведена од три агенции на Обединетите нации, во соработка со клучни национални партнери, вклучително и Министерствата за здравство, и за труд и социјална политика, директоратот за e-Здравство, Здружението на гинеколози и обстетричари, Комитетот за безбедно мајчинство и новороденчиња, Македонското здравствено здружение, Македонското здружение на сестри и акушерки, Универзитетската клиника за Психијатрија и граѓански организации.
Оваа заедничка програма е овозможена благодарение на придонесите кон Фондот за одговор и закрепнување на ОН за COVID-19 од Владите на Норвешка, Холандија, Швајцарија, Данска, Шведска, Кореја, Финска, Австрија, Обединетото Кралство, Шпанија, Нов Зеланд, САД, Исланд, Хрватска, Португалија, Тајланд, Словачка, Романија, Камбоџа, Кипар и Филипини.
Повеќе инфо на:
https://northmacedonia.un.org/en/170196-safe-and-innovative-health-services-times-covid-19
1 of 5
Најнови ресурси
1 / 11
1 / 11