За Светскиот ден на храната, ФАО повикува на фотографии од Европа и Централна Азија на тема – обезбедување на здрава исхрана за сите!
Иако постигнавме напредок во заложбите за подобар свет, сепак премногу луѓе се изоставени. Всушност, милиони луѓе ширум светот не можат да си дозволат здрава исхрана, што ги изложува на ризик од глад и други предизвици во исхраната.
Под мотото „Здрава исхрана за секого!“, конкурсот на ФАО за фотографии во рамки на Светскиот ден на храната во 2022 година за Европа и Централна Азија нуди одлична можност за поднесување фотографии од жителите на овој регион кои илустрираат како да се обезбеди здрава исхрана за сите на одржлив начин. Фокусирајте се на моментите и пристапите за тоа како здравата храна се произведува, преработува и споделува, а помалку на самата храна.
Не заборавајте, нашите постапки се нашата иднина!
Крајниот рок за поднесување е 2 ноември 2022 година на полноќ, по средноевропско време.
Повеќе информации и апликација овде.
Во врска со Светскиот ден на храната 2022 година
Колективна акција во 150 земји во светот е она што го прави Светскиот ден на храната еден од најодбележуваните денови во календарот на ОН. Стотици настани и активности ги спојуваат владите, бизнисите, граѓанските организации, медиумите, јавноста, дури и младите, промовирајќи глобална свест и акција за оние кои страдаат од глад и за потребата да се обезбеди здрава исхрана за сите, без никој да биде изоставен.
Светскиот ден на храната 2022 година се одбележува во година со повеќе глобални предизвици, вклучувајќи ја тековната пандемија, конфликти, климатските промени, раст на цените. Сето ова влијае на глобалната сигурност на храната.
Време е да работиме заедно и да создадеме подобра, поодржлива иднина за сите. Направете го #СветскиотДен наХраната ВАШ ден.
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:
ФАО Европа и Централна Азија
REU-WFD-Photos@fao.org
ФАО Северна Македонија
FAO-MK@fao.org