Карол Межеван е директорка на канцеларијата на Светската банка за Косово и Северна Македонија. Таа има 28 години професионално искуство во меѓународниот развој низ различни региони во светот.
Карол се приклучи на Банката во 2002 година, во канцеларијата во Јаунде, Камерун, како специјалист за шумарство. Во 2007 година стана дел од Програмата за млади професионалци и продолжи со управување со комплексни операции поврзани со природни ресурси и климатски промени во различни земји од Африка и Латинска Америка, секогаш со фокус на меѓусекторски димензии и прашања од областа на управувањето.
Пред да ја преземе актуелната функција, таа работеше во Рабат, Мароко како раководителка на програма и беше одговорна за програмата „Планета“ (земјоделство, води, животна средина, социјален развој и климатски промени) за земјите од Магреб.
Межеван има богато меѓународно искуство во земјите во развој, вклучително и четири долгорочни ангажмани (Тунис, Камерун, Аргентина и Мароко), како и мисии во повеќе од 20 земји од Африка, Средниот Исток-Северна Африка и Латинска Америка и Карибите.