Најново
Приказна
11 ноември 2026
SustainED универзитетска коалиција - активности за Целите за одржлив развој
Дознајте повеќе
Приказна
30 октомври 2026
Од Будинарци до Рим: Вангелина Пармачка меѓу 100-те жени херои на ФАО
Дознајте повеќе
Приказна
15 октомври 2026
ФАО: Поголема поддршка за жените земјоделки и нивното лидерство во руралниот развој
Дознајте повеќе
Најново
The Sustainable Development Goals in Северна Македонија
Целите за одржлив развој се глобален повик за акција да се стави крај на сиромаштијата, да се заштити животната средина и климата и да се обезбеди сите луѓе да уживаат во мир и просперитет. Ова се целите на кои Обединетите нации работат во Северна Македонија:
Приказна
11 ноември 2026
SustainED универзитетска коалиција - активности за Целите за одржлив развој
Таблата може да се разгледа тука.
1 of 5
Приказна
30 октомври 2026
Од Будинарци до Рим: Вангелина Пармачка меѓу 100-те жени херои на ФАО
Вангелина Пармачка од беровското село Будинарци е меѓу избраните 100 жени од целиот свет во иницијативата на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) „100 жени херои во агро-прехранбените системи и руралниот развој“. На 15 октомври 2026 година, таа ја претстави Северна Македонија на Светскиот форум за храна во Рим, каде што доби признание во седиштето на ФАО. Нејзината приказна е приказна за секојдневна работа на фармата, за гордоста да се произведува храна и за истрајноста трудот на жените во земјоделството да стане повидлив и повреднуван.„Горда сум што сум земјоделка“Во Будинарци, Вангелина заедно со своето семејство управува со фарма со околу 600 овци и произведува традиционално овчо сирење. Таа секојдневно е вклучена во грижата за животните, производството и пласманот на производите.За неа, сточарството е начин на живот и професија од која може да се обезбеди достоинствена егзистенција.„Ова е благодарна професија од која може чесно да се живее. Горда сум што сум земјоделка и што со заедничка работа ја обезбедуваме егзистенцијата на нашето семејство“, вели Вангелина.Од одгледувањето на овците до сирењето што стигнува до потрошувачите, нејзината работа ги поврзува традиционалното знаење, производството на храна и претприемништвото. Таа е и пример за улогата на жените во семејните стопанства, каде што нивните обврски опфаќаат многу повеќе од самото производство.Од работата на фармата до застапувањето за женитеАнгажманот на Вангелина не завршува на нејзината фарма. Како член на Управниот одбор и координаторка на Мрежата на жени фармери при Националната федерација на фармери (НФФ), таа се залага за поголемо признавање на трудот на руралните жени, посилни права и подобри услови за работа и живот.„Жените фармери се невидливи потпори на селото и државата. Нивниот труд мора да се препознае и вреднува“, нагласува таа.Преку заедничкото дејствување во НФФ, жените придонесоа за иницирање посебна мерка за поддршка на инвестициите на жените фармери во Програмата за рурален развој. Нивното застапување придонесе и за воспоставување програма за поддршка на социјалната сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност, што го отвори патот кон регулирање на породилното отсуство за регистрираните жени фармери.„Заедничката акција носи вистински промени и подобар економски и социјален статус за жените“, вели Вангелина.Овие искуства ја зацврстуваат нејзината верба дека здружувањето им помага на жените да ги претворат заедничките предизвици во конкретни предлози и решенија.Признание што може да охрабри и други жениИницијативата на ФАО се реализира во рамки на Меѓународната година на жената земјоделка 2026, прогласена од Обединетите нации. Таа ги истакнува придонесите на жените во производството, преработката и трговијата со храна, како и во развојот на руралните заедници, повикувајќи на поголема поддршка и еднакви можности.жПризнанието за Вангелина го доближува до меѓународната јавност знаењето, посветеноста и лидерството на земјоделките од Северна Македонија.Таа верува дека иднината може да донесе подобри услови, поголема еднаквост и повеќе можности за жените во земјоделството. Себеси се гледа како уште поактивен глас на руралните жени и пример за младите девојки дека земјоделството може да биде стабилна и достоинствена професија.Нејзиниот пат од Будинарци до Рим покажува дека работата на една семејна фарма може да оди рака под рака со лидерство што придонесува за промени и надвор од неа.Повеќе за иницијативата „100 жени херои“ на ФАО:
https://www.fao.org/100-women-heroes/en
https://www.fao.org/100-women-heroes/en
1 of 5
Приказна
15 октомври 2026
ФАО: Поголема поддршка за жените земјоделки и нивното лидерство во руралниот развој
Еднакви права, социјална сигурност и подобар пристап до земјиште, финансии, знаење и пазари беа клучните пораки од одбележувањето на Меѓународниот ден на руралните жени во Струмица. Обединетите нации и ФАО повикаа на поголеми инвестиции во економското јакнење на жените земјоделки и нивното учество во донесувањето одлуки.Настанот „Жените земјоделки – лидери на одржливото земјоделство и руралниот развој“ го организираше Националната федерација на фармери (НФФ), со поддршка на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), Амбасадата на Шведска и шведската организација за развој We Effect.Одбележувањето се одржа во рамки на Меѓународната година на жената земјоделка 2026, прогласена од ОН за да го истакне придонесот на жените во производството на храна и да поттикне конкретни промени за нивна поголема рамноправност.„Вие ја храните оваа земја. Тоа не е комплимент, туку факт“, порача Рита Колумбија, постојана координаторка на ОН во Северна Македонија, нагласувајќи дека инвестициите во жените земјоделки се инвестиции во иднината на руралните заедници.Кристина Митиќ Арсова од ФАО истакна дека поддршката на малите земјоделци е во срцето на мандатот на организацијата – свет без глад, во кој луѓето што произведуваат храна можат достоинствено да живеат од својата работа.„Меѓународната година на жената земјоделка 2026 е повик за заедничка акција и поголеми инвестиции во знаењето, можностите и лидерството на руралните жени“, порача таа.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, го промовираше јавниот повик за Мерката 115 – „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“, која предвидува поддршка до 360.000 денари по корисник. Тој ги истакна и надоместокот за мајчинство и потребата современите технологии да им бидат подостапни на жените земјоделки.„Ќе работиме тие можности да им бидат подостапни на жените, преку стручен совет, обуки и поддршка за инвестиции“, порача Серафимовски.Надоврзувајќи се на можностите што ги нуди Мерката 115, претседателот на НФФ, Стеванче Јорданоски, нагласи дека за трајно економско јакнење е потребна поддршка што оди подалеку од финансирањето.„Финансиската поддршка треба да биде надополнета со практични обуки, подобар пристап до пазари и можности за развој на бизнисот“, истакна Јорданоски, повикувајќи и на трајни механизми за социјална заштита на жените земјоделки.Лоло Дарин, раководителка за развојна соработка во Амбасадата на Шведска, ја поздрави иницијативата за платено породилно отсуство за регистрираните жени земјоделки и изрази надеж дека таа ќе прерасне во трајна системска промена.„Искуствата од Шведска и од многу други земји покажуваат дека кога жените напредуваат, напредуваат и заедниците“, истакна Дарин.Сашо Ангеловски, национален менаџер на We Effect за Европа, нагласи дека лидерството, трудот и претприемачкиот дух на жените земјоделки се суштински за производството на храна, локалните економии и одржливото управување со природните ресурси.На панел-дискусијата „Од ресурси до резултати“, учесничките споделија искуства за пристапот до советодавни услуги, финансии, технологии и пазари. Разговорот ја истакна потребата мерките за поддршка да одговараат на реалните потреби на жените и да го зајакнат нивното учество во креирањето на земјоделските политики.Настанот заврши со доделување признанија од НФФ на четири жени и една граѓанска организација за нивниот придонес во земјоделството, руралниот развој и родовата еднаквост.Повеќе за иницијативата „ФАО 100 жени херои во земјоделските системи и руралниот развој“https://www.fao.org/100-women-heroes/en
1 of 5
Приказна
03 јули 2026
Инвестициите во одржливост претставуваат голема можност за зголемување на конкурентноста на приватниот сектор
Одржливоста не е услов, туку голема можност за зголемување на конкурентноста на приватниот сектор во Северна Македонија. Ова беше заклучокот на денешниот Бизнис форум со наслов „Претворање на одржливоста во конкурентност: Изградба на отпорни бизниси во неизвесен свет“.За промоција на одржливоста како извор на поголема конкурентност за приватниот сектор, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Стопанската комора на Северна Македонија и семејството на Обединетите нации во земјата, во соработка со други домашни и меѓународни партнери, го организираа форумот.„Денешниот форум е многу повеќе од уште една конференција посветена на економијата. Тоа е можност да разговараме како ја замислуваме иднината на нашата земја и каква економија сакаме да градиме во годините што следат,“ изјави Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на Република Северна Македонија.Учесниците на форумот нагласија дека одржливоста не е дестинација, туку трансформативно патување, каде успехот зависи од адаптабилност, иновации и отпорност, а не од големината на фирмите. Компаниите што рано инвестираат во ефикасност на ресурсите, иновации, одговорно управување и развој на работната сила се подобро позиционирани да управуваат со ризици и да ги искористат можностите.„Одржливоста е добра за развој и раст на бизнисот. Инвестирањето во поинклузивна, поотпорна и поодржлива иднина не е само заедничка одговорност — тоа е конкурентна предност која им помага на компаниите да управуваат со ризик, да се прилагодат на промените и да напредуваат во услови на неизвесност,“ рече Рита Колумбија, постојан координатор на ОН во Северна Македонија. „Затоа Обединетите нации стојат подготвени да соработува со приватниот сектор, нудејќи знаење, партнерства и практични алатки за усогласување на бизнис успехот со одржливиот развој.“Меѓу многуте теми, учесниците дискутираа за Одржливост / ESG во пракса, како што се Иновации, Дигитализација и Зелени инвестиции за отпорност, Одржливи синџири на снабдување и подготвеност за извоз, како и Пристап до одржливо финансирање и ESG‑поврзани инвестиции.Заклучокот беше дека посилната соработка меѓу Владата, приватниот сектор, финансиските институции, коморите и развојните партнери е суштинска за одржливоста да стане двигател на раст, извоз и отпорност. Тие препорачаа воспоставување национална мулти‑партнерска платформа за промоција на одржливи деловни практики, обезбедување прилагодена поддршка и финансирање за МСП за исполнување на барањата на ЕУ пазарот, проширување на пристапот до комбинирано одржливо финансирање, зајакнување на стопанските комори за испорака на практични ESG решенија и мерење на напредокот преку национален панел за одржлива конкурентност. Заедно, овие чекори имаат цел да ја претворат одржливоста во извор на долгорочна економска сила и подобрен животен стандард.„Одржливоста треба да биде интегрирана во секоја ниша од општествениот систем, од образованието до приватниот сектор, за во духот на Агендата 2030 никој да не биде изоставен и секој да може да придонесе за општествениот развој,“ препорачаа учесниците.Покрај многу институционални претставници, меѓу кои Народната банка на Република Северна Македонија, Македонската берза и други, на дискусијата се приклучија и претставници од бројни приватни компании со свои искуства и практики, со цел да инспирираат други компании да го следат нивниот пример. Меѓу нив беа претставници од ЕВН, Телеком, Пакомак, Завар, ТАВ аеродроми, ЕКО Флуид, Алкалоид, Витаминка, Макстил, Тиквеш, Комфи Ангел, Костал, неколку домашни банки (НЛБ, ПроКредит и Халк Банка) и меѓународни финансиски институции, како Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
1 of 5
Приказна
04 јуни 2026
Состанок на Заедничкиот управувачки комитет на Рамката за соработка за одржлив развој помеѓу Обединетите нации и Северна Македонија 2026–2030
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и Постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија, денеска го одржаа првиот состанок на Заедничкиот управувачки комитет за спроведување на новата Рамка за соработка за одржлив развој помеѓу Обединетите нации и Северна Македонија за периодот 2026–2030 година.На состанокот беа усвоени заедничките работни планови за претстојниот период. Воедно, беше направен осврт на досегашните достигнувања во спроведувањето на Рамката за соработка, како и на приоритетите за наредниот период.Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека улогата на Обединетите нации останува клучна како платформа за дијалог, двигател на развојните политики и гарант на меѓународниот поредок заснован на правила.„Особено значајно е што влегуваме во нов циклус на глобално лидерство во системот на Обединетите нации, со претстојниот избор на нов генерален секретар. Тоа отвора нова можност за дополнително зајакнување на ефективноста, реформите и релевантноста на Организацијата во справувањето со современите предизвици, како и за обновување и зацврстување на довербата во мултилатерализмот. Новата Рамка за соработка 2026–2030 претставува стратешка основа за понатамошно продлабочување на партнерството меѓу Владата и системот на Обединетите нации“, истакна Муцунски.
Постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија, ја нагласи важноста на заедничките напори на сите општествени чинители во процесот на одржлив развој и изрази благодарност за нивниот придонес.„Во 2025 година, Обединетите нации во Северна Македонија дејствуваа обединето во поддршка на националните приоритети на државата, истовремено завршувајќи ја Рамката за соработка 2021–2025 и поставувајќи ги основите за новата визија за периодот 2026–2030 година. Постигнатиот напредок е заеднички успех. Им благодарам на Владата за цврстото партнерство, како и на нашите развојни партнери за довербата, поддршката и соработката. Особено ја ценам улогата на граѓанските организации, академската заедница, младинските и женските организации, како и приватниот сектор, чии придонеси беа од суштинско значење. Заедно градиме позелена и поздрава иднина за генерациите што доаѓаат“, истакна Колумбија.Во рамки на дискусијата, членовите на Заедничкиот управувачки комитет од Владата и Тимот на Обединетите нации во земјата разменија мислења за приоритетите на Владата во тековниот период, како и за натамошната поддршка што системот на ОН може да ја обезбеди во спроведувањето на националните развојни цели и новата Рамка за соработка за периодот 2026–2030 година.
Постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија, ја нагласи важноста на заедничките напори на сите општествени чинители во процесот на одржлив развој и изрази благодарност за нивниот придонес.„Во 2025 година, Обединетите нации во Северна Македонија дејствуваа обединето во поддршка на националните приоритети на државата, истовремено завршувајќи ја Рамката за соработка 2021–2025 и поставувајќи ги основите за новата визија за периодот 2026–2030 година. Постигнатиот напредок е заеднички успех. Им благодарам на Владата за цврстото партнерство, како и на нашите развојни партнери за довербата, поддршката и соработката. Особено ја ценам улогата на граѓанските организации, академската заедница, младинските и женските организации, како и приватниот сектор, чии придонеси беа од суштинско значење. Заедно градиме позелена и поздрава иднина за генерациите што доаѓаат“, истакна Колумбија.Во рамки на дискусијата, членовите на Заедничкиот управувачки комитет од Владата и Тимот на Обединетите нации во земјата разменија мислења за приоритетите на Владата во тековниот период, како и за натамошната поддршка што системот на ОН може да ја обезбеди во спроведувањето на националните развојни цели и новата Рамка за соработка за периодот 2026–2030 година.
1 of 5
Соопштение
27 март 2025
Северна Македонија се подготвува против чума кај малите преживари
Скопје, 27 март 2025 година. Симулациска вежба за појава на болеста чума кај мали преживари (Peste des petits ruminants) завршува денес во Северна Македонија. Вежбата беше организирана од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на Северна Македонија со поддршка од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и експерти од Агенцијата за безбедност на храна на Бугарија.Чумата кај малите преживари е високо заразна вирусна болест која ги погодува козите, овците, друг ситен добиток и дивите животни. Симптомите кај засегнатите животни вклучуваат висока температура и депресија, проследени со исцедок од очите и носот. Животните не можат да јадат, бидејќи нивната уста се покрива со болни рани, а истовремено страдаат од тешка пневмонија и дијареја. Откако еднаш ќе навлезе, вирусот може да зарази 90 до 100 проценти од подложната популација. Иако стапката на смртност варира, во тешки случаи може да достигне од 50 до 100 проценти. Оваа болест е тесно поврзана со вирусот на чума кај говедата (rinderpest), кој беше прогласен за искоренет на глобално ниво во 2011 година. Додека чумата кај говедата е успешно елиминирана, напорите за контрола и конечно искоренување на оваа смртоносна болест кај малите преживари продолжуваат.Појавата на чумата кај малите преживари во Европа, вклучително во Бугарија, Грција, Романија и Унгарија, ја нагласува потребата од превенција и контрола на оваа болест.Директорот на АХВ, Оливер Миланов, на отворањето на симулациската вежба ја нагласи важноста на вежбата за превенција и за проценка на ефикасноста на постојниот систем за заштита од болеста. Тој посочи дека болеста од минатата година е присутна во регионот и пошироко во Европа, и дека АХВ веднаш го активираше алармот за сериозен и координиран пристап кон нејзината превенција. „Засега успеваме заеднички да се заштитиме од болеста, која многу брзо и лесно може да ја зафати и нашата земја – особено во услови на динамична економија во европски и глобален контекст. Досега потврдивме извонредна, блиска и професионална соработка со сите чинители вклучени во системот за заштита од појава и ширење на чумата кај малите преживари – болест од А категорија, која бара спроведување на највисоки стандарди и мерки за заштита,“ изјави Миланов.Обраќајќи се на работилницата, Еран Раизман, ФАО експерт за здравје на животните во сточарството, истакна дека „чумата кај малите преживари претставува една од најголемите економски закани за фармерите кои се потпираат на малите преживари за својата егзистенција. Оваа обука ја зајакнува свесноста за болеста, обезбедува знаење за надзор, рано предупредување и системи за пријавување, како и добри практики за биосигурност, кои се клучни за нејзина превенција и сузбивање. Мултисекторски партнерства и координација со сите засегнати страни се неопходни за да се обезбеди искоренување на оваа болест.“Во тридневната симулациска вежба учествуваа претставници од АХВ, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ветеринарната комора на Северна Македонија, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, експерти од Европската унија и членови на Сојузот на здруженија на одгледувачи на овци ’’Модерен овчар”.Првиот ден, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна, се одржа теоретско-практичен дел од симулациската вежба, посветен на презентации за болеста, клиничките знаци, земањето и пакувањето на примероци, надзорот и методите за сузбивање. Учесниците, исто така, добија преглед на искуствата на земјите од регионот кои се соочиле со оваа болест.Вториот ден во с. Брњарци, општина Гази Баба, се одржа теренскиот дел од вежбата, посветен на практична примена на различни процедури, како што се клинички преглед, земање на примероци, истражување на појава на жариште на болеста, како и активности поврзани со отстранување на угинати животни, чистење и дезинфекција по појава на болеста.Последниот ден ги сумираше наодите и препораките за подготвеност, вклучувајќи дискусија за психолошката поддршка на фармерите и ветеринарите за време на епидемии, како и измените во националниот план за итни мерки.Вредноста на овие вежби надминува едноставното идентификување на слабости во подготвеноста. Тие претставуваат и моќни методи за градење капацитети и создавање можности за ветеринарниот персонал да ги унапреди своите вештини. Слична симулациска вежба беше спроведена во периодот од 10 до 11 март 2025 година со поддршка на ФАО, во соработка со АХВ, со фокус на африканската свинска чума – смртоносна болест на свињите и дивите свињи, која е присутна во регионот.Корисни линкови:Peste des Petits Ruminants Global Eradication Programme (PPR-GEP)Глобална програма за искоренување на чумата кај малите преживари (PPR-GEP)FAO PPR websiteВеб-страница на ФАО за чумата кај малите преживари (PPR)FAO Alert: European countries to enhance preparedness for combating Peste des petits ruminantsФАО аларм: Европските земји ја зајакнуваат подготвеноста за борба против чумата кај малите преживариКОНТАКТ ЗА МЕДИУМИТЕ:
Радмила СлавковаСпецијалист за комуникации и мониторинг, ФАО radmila.slavkova@fao.org Тел.: +389 71 21 23 08
Радмила СлавковаСпецијалист за комуникации и мониторинг, ФАО radmila.slavkova@fao.org Тел.: +389 71 21 23 08
1 of 5
Соопштение
16 ноември 2023
Нови „зелени“ опции за заем за недоволно опслужените мали и средни претпријатија и поединци во Северна Македонија
СКОПЈЕ| 3 ноември 2023 година| Нови опции за заем со плаќања засновани на успешност (ПБП) ќе бидат достапни за малите и средни претпријатија (МСП), насочени кон групи кредитоспособни, но недоволно услужени поединци/домаќинства од Северна Македонија за финансирање на нивните инвестиции во обновливи извори на енергија (ОИ) и решенија за енергетска ефикасност (EE). Ова беше најавено на настанот за промоција на производите на Green Finance Facility (GFF) денеска во Скопје, на кој претставници од Владата на Северна Македонија, семејството на Обединетите нации (ОН), Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и од комерцијалните банки од земјава се состанаа за да ја одбележат оваа значајна пресвртница во спроведувањето на проектот.
„Имајќи предвид дека сите земји се соочуваат со многу предизвици, како што се економското закрепнување по Ковид, економската и енергетската криза, сметам дека овој проект со производи наменети за малите и средни претпријатија и поединци од недоволно опслужените категории е одлична можност. да ја изразиме нашата силна посветеност за забрзување на имплементацијата на Агендата 2030 и постигнување на целите за одржлив развој“ - рече Фатмир Битиќи, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции во Владата на Север. Македонија.
Шпаркасе Банка, ПроКредит Банка и Силк Роуд Банка се првите комерцијални банки кои ќе даваат подзаеми на малите и средните претпријатија и целните групи за инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, додека ГФФ ќе субвенционира 5-30% од главницата на заемот. Кредитите за ПБП од овој вид сега ќе бидат достапни на седум целни групи на кредитоспособни, но недоволно услужени поединци/домаќинства, вклучително домаќинства со жени на чело, самохрани родители, домаќинства со лица со попреченост, Роми, вработени погодени од Ковид-19, примачи на дознаки и мигрантите кои се враќаат. Инвестициите и од МСП и од седумте целни групи поединци/домаќинства се очекува да ја подобрат и намалат потрошувачката на енергија, да ги намалат емисиите на стакленички гасови и да придонесат за почист воздух во Северна Македонија. „ГФФ има за цел да ги донесе придобивките од зелената транзиција до малите и средните претпријатија и групите на општеството кои обично се последни кои се приклучуваат и имаат корист од зелената транзиција, како што се домаќинствата со самохрани родители, Ромите, домаќинствата со лица со попреченост и примателите на дознаки. Се надевам дека заемите од GFF ќе ги направат инвестициите во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност полесни и поприфатливи за малите бизниси и домовите“ – рече Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија. Програмата е усогласена со и го поддржува постигнувањето на Целите за одржлив развој (ЦОР) и целите на Рамката за соработка за одржлив развој на ОН (SDCF). Се очекува да резултира со 70.068 MWh годишна заштеда на енергија, 80.510 тони CO2-eq избегнати емисии и 10,7 MW во нов капацитет за обновлива енергија. Понатаму, овозможувањето пристап до пристапно финансирање за обновливи извори на енергија и решенија за енергетска ефикасност ќе придонесе за напредок кон ЦОР 7 и 13. Заемите за плаќање засновани на успешност ќе бидат достапни почнувајќи од 3 ноември 2023 година, до крајот на 2025 година или додека финансиските средства на GFF доделени за PBP не бидат целосно доделени на корисниците на проектот. Договорите со други локални партнерски финансиски институции одговорни за имплементација на заеми за плаќање врз основа на перформанси (ПБП) во земјата се очекува да бидат потпишани во 2024 година. Проектот „Green Finance Facility“ го спроведуваат Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE), заедно со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). како партнерска меѓународна финансиска институција, а финансиски е поддржан од Заедничкиот SDG фонд, со кофинансирање од Владата на Северна Македонија.
Шпаркасе Банка, ПроКредит Банка и Силк Роуд Банка се првите комерцијални банки кои ќе даваат подзаеми на малите и средните претпријатија и целните групи за инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, додека ГФФ ќе субвенционира 5-30% од главницата на заемот. Кредитите за ПБП од овој вид сега ќе бидат достапни на седум целни групи на кредитоспособни, но недоволно услужени поединци/домаќинства, вклучително домаќинства со жени на чело, самохрани родители, домаќинства со лица со попреченост, Роми, вработени погодени од Ковид-19, примачи на дознаки и мигрантите кои се враќаат. Инвестициите и од МСП и од седумте целни групи поединци/домаќинства се очекува да ја подобрат и намалат потрошувачката на енергија, да ги намалат емисиите на стакленички гасови и да придонесат за почист воздух во Северна Македонија. „ГФФ има за цел да ги донесе придобивките од зелената транзиција до малите и средните претпријатија и групите на општеството кои обично се последни кои се приклучуваат и имаат корист од зелената транзиција, како што се домаќинствата со самохрани родители, Ромите, домаќинствата со лица со попреченост и примателите на дознаки. Се надевам дека заемите од GFF ќе ги направат инвестициите во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност полесни и поприфатливи за малите бизниси и домовите“ – рече Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија. Програмата е усогласена со и го поддржува постигнувањето на Целите за одржлив развој (ЦОР) и целите на Рамката за соработка за одржлив развој на ОН (SDCF). Се очекува да резултира со 70.068 MWh годишна заштеда на енергија, 80.510 тони CO2-eq избегнати емисии и 10,7 MW во нов капацитет за обновлива енергија. Понатаму, овозможувањето пристап до пристапно финансирање за обновливи извори на енергија и решенија за енергетска ефикасност ќе придонесе за напредок кон ЦОР 7 и 13. Заемите за плаќање засновани на успешност ќе бидат достапни почнувајќи од 3 ноември 2023 година, до крајот на 2025 година или додека финансиските средства на GFF доделени за PBP не бидат целосно доделени на корисниците на проектот. Договорите со други локални партнерски финансиски институции одговорни за имплементација на заеми за плаќање врз основа на перформанси (ПБП) во земјата се очекува да бидат потпишани во 2024 година. Проектот „Green Finance Facility“ го спроведуваат Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE), заедно со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). како партнерска меѓународна финансиска институција, а финансиски е поддржан од Заедничкиот SDG фонд, со кофинансирање од Владата на Северна Македонија.
1 of 5
Соопштение
26 јули 2023
Повик за учество на тендер за ‘’Изградба на градби за хидромелиоративни работи и градби за уредување на земјоделско земјиште во с.Дабјани, Општина Долнени’’
Проектот финансиран од Европската унија „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“, ко-финансиран и спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО), распиша јавен тендер (UNGM Референтен број: 2023/REUXD/REUTD/122655) за обезбедување на услуги за „Изградба на градби за хидромелиоративни работи и градби наменети за уредување на земјоделско земјиште (тампонирани пристапни/сервисни патишта) во с. Дабјани, Општина Долнени’’.
Активностите што треба да се спроведат како дел од овој тендер вклучуваат градежни работи за подобрување на земјоделската инфраструктура во консолидационо подрачје Дабјани. Поконкретно, ова вклучува рехабилитација на постојните тампонирани пристапни/сервисни патишта и изградба на нови. Дополнително, ќе се спроведат хидромелиоративни интервенции за подобрување на системот за одводнување, вклучително и изградба на премини преку постојните одводни канали со користење на цевки и цевасти пропусти.
Потенцијални понудувачи можат да бидат сите градежни фирми регистрирани во Република Северна Македонија, кои поседуваат најмалку лиценца Б за градба, издадена од Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија.
За пристапување до тендерската документација и поднесување понуда, заинтересираните компании прво треба да се регистрираат на Порталот на Обединети Нации за глобален пазар - United Nations Global Marketplace portal (УНГМ-UNGM) (www.ungm.org/Vendor/Registration), бидејќи само компаниите регистрирани во UNGM имаат право да учествуваат. По успешна регистрација, компаниите ќе можат да пристапат до тендерската документација и да ги достават своите понуди преку истиот портал на UNGM (www.ungm.org/Account/Account/Login).
Краен рок за поднесување на електронска понуда за тендерот е 21 август (понеделник) 2023, најдоцна до 13:00 часот, по средноевропско време.
Повеќе информации:
Консолидационото подрачје Дабјани се наоѓа во општина Долнени, оддалечено приближно 22 км од градот Прилеп. Во моментов тоа е најголемиот тековен проект за консолидација на земјиште во Северна Македонија. Подрачјето зафаќа 742 хектари (ха) земјоделско земјиште, во сопственост поделена помеѓу 85 приватни сопственици на земјиште (435 ха) и државата (307 ха).
Во 2019 година беше спроведена Студија за оправданост (физибилити студија) за Дабјани со цел да се истражи потенцијалот за консолидација на земјиштето при што се испитаа земјоделското земјиште, сите имотни и правни прашања, состојбата на постојната земјоделска инфраструктура и нивото на интерес меѓу сопствениците на земјиштето за учество во процесот на консолидација. Студијата исто така го потврди пристапот на консолидација на земјиштето во Дабјани – распределба со промена на границите - кој е применет во ова подрајче.
По спроведувањето на физибилити студијата, беше спроведено планирање на распределба на земјиштето и проектирање на потребните интервенции во земјоделската инфраструктура во консолидационото подрачје. Планот за распределба на земјиштето беше усвоен во јануари 2022 година. Преку процесот на распределба на земјиштето поддржан од проектот MAINLAND финансиран од ЕУ, во Дабјани бројот на земјишни парцели значително се намали, од 602 на 127 парцели, резултирајќи со парцели со правилна форма и просечна големина од 5.84 ха, што е значително зголемување од претходниот просек од само 1.23 ха пред консолидацијата на земјиштето.
Во рамките на проектот ‘’Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија’’финансиран од ЕУ, беше направен Основен проект за Изградба на градби за хидромелиоративни работи и градби наменети за уредување на земјоделско земјиште (тампонирани пристапни/сервисни патишта) во село Дабјани, а градежната дозвола беше издадена од општина Долнени на 13 јули 2023 со бр. 33-970/11.
За проектот финансиран од ЕУ „Унапредување на консолидација на земјиштето во Северна Македонија“.
Надоврзувајќи се директно на резултатите од проектот MAINLAND, овој проект има за цел да му помогне на МЗШВ во понатамошното унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија преку подобрување на националната политика за консолидација на земјиштето, вклучувајќи ги стратешките, правните и институционалните рамки, како и да продолжи да ја поддржува имплементацијата на Националната програма за консолидација на земјиштето преку целосна имплементација на два проекти за консолидација вклучително и изградба на земјоделска инфраструктура. Буџетот на проектот е 1,2 милиони евра, финансиран од ЕУ ИПА II 2019 (1 милион евра) и придонес на ФАО (0,2 милиони евра). Проектот ќе се реализира во период од 42 месеци, почнувајќи од август 2022 година до јануари 2026 година.
За повеќе информации поврзани со соопштението, ве молиме контактирајте:
Радмила Славкова, Национален специјалист за комуникации на ФАО
тел: +389 (0)71 21 23 08
е-маил: radmila.slavkova@fao.org
Овој канал не треба да се користи за добивање појаснувања за прашања поврзани со самиот тендер. За таа цел треба да се користат само каналите наведени во тендерскиот документ.
1 of 5
Соопштение
13 јули 2023
Германија и Северна Македонија: Експерт на ОН ги поздравува напорите за репатријација, реинтеграција и гонење на државјаните повратници од Сирија и Ирак
ЖЕНЕВА (13 јули, 2023 година) – Експерт на Обединетите нации денес ги поздрави суштинските напори на Германија и Северна Македонија за решавање на сложената ситуација во која се наоѓаат нивните граѓани повратници од конфликтните зони, особено од Арапската Република Сирија, преку нивна репатријација, реинтеграција и гонење.
„Земјите како Германија и Северна Македонија покажаа дека репатријацијата не е само возможна, туку и практична“, рече Фионула Ни Аолаин (Fionnuala Ní Aoláin), специјален известувач на ОН за унапредување и заштита на човековите права и основните слободи во борбата против тероризмот, на крајот од 10-дневната посета на Германија и Северна Македонија.
Фионула Ни Аолаин ги истакна тешките услови во камповите и затворите во североисточна Сирија каде овие лица масовно и произволно се затворени, особено нагласувајќи ги тешките последици по ранливите деца коишто и понатаму се затворени без пристап до образование, здравствена заштита, безбедност и други основни права.
„Ги поздравувам напорите на Германија за поттикнување на енергичен и стручен ангажман на граѓанското општество во процесите на откажување, дерадикализација и реинтеграција, што покажува колку е важно да се има пристап што го вклучува „целото општество“ за враќањето на овие лица, како и пристап кој е заснован на човековите права и кој овозможува сеопфатна и нестигматизирачка реинтеграција во општеството“, рече таа.
Специјалниот известувач истакна дека Северна Македонија започна со изработка на модел за реинтеграција во заедницата врз основа на мултидисциплинарна експертиза со вклучување на социјални работници, клинички психолози и претставници од безбедносниот сектор со цел семејствата, особено жените и децата, целисходно да се реинтегрираат во нивните заедници.
Експертот истакна дека е важно гонењето за меѓународните злосторства со разорно дејство извршени од страна на ИСИС во Сирија и Ирак да се врши во согласност со начелата за владеење на правото. Таа го поздрави иновативниот и уникатен пристап на Германија во постапувањето по меѓународните кривични дела и видливата подготвеност на земјата за премостување на огромниот јаз во неказнивоста на злосторствата извршени од страна на ИСИС.
„Изречно повикувам на репатријација на мажите и жените од Германија и Северна Македонија, за да се осигуриме дека напорите за враќање и отчетност и понатаму ќе продолжат“, рече таа.
Ни Аолаин рече дека двете земји мора и понатаму будно да внимаваат на тоа дали политиките и практиките за борба против насилниот екстремизам поврзани со враќањето и реинтеграцијата се навистина усогласени со стандардите за човековите права. Таа изрази загриженост дека некои напори за реинтеграција во пракса, наместо да спречат, можат да предизвикаат стигма и отфрлање на повратниците од општеството.
„При гонењето и судењето на повратниците мора да се постапува во согласност со меѓународните стандарди за фер и правично судење, казните мора да бидат пропорционални и условите во казнено-поправните установи мора да бидат соодветни, со цел на повратниците да им се даде подеднаква можност за рехабилитација и реинтеграција во општеството“, рече експертот на ОН.
Специјалниот известувач го поздрави проактивниот пристап на двете влади кон ова сложено правно и политичко прашање, што претставува значаен пример за другите држави во поглед на олеснување на враќањето и реинтеграцијата на нивните граѓани од конфликтните зони, вклучувајќи ја и Сирија.
ЗАВРШУВА
Г-а Фионуала Ни Аолаин (Fionnuala Ní Aoláin) е назначена за Специјален известувач за унапредување и заштита на човековите права и основните слободи во борбата против тероризмот од страна на Советот за човекови права на Обединетите нации. Таа ја извршува оваа функција од 1 август, 2017 година. Г-а Ни Аолаин е истовремено почесен професор и професор по право, јавни политики и општество на Институтот Робина од Правниот факултет при Универзитетот во Минесота и професор по право на Универзитетот Квинс, Белфаст, Северна Ирска. Нејзиниот мандат ги опфаќа сите земји и неодамна беше обновен со Резолуција 49/10 на Советот за човекови права.
Специјалните известувачи се дел од таканаречениот механизам на Специјални процедури на Советот за човекови права. Специјални процедури, најголемото тело на независни експерти во системот за човекови права на ОН, е општиот назив за група независни механизми на Советот за утврдување на факти и следење коишто се фокусираат на конкретни ситуации во одредена земја или тематски прашања во сите делови на светот. Овие експерти работат на доброволна основа; тие не се вработени во ОН и не добиваат плата за нивната работа. Тие се независни од која било влада или организација и служат во индивидуално својство.
Страници од веб-локацијата на ОН за човекови права во земјите: Германија и Северна Македонија
За повеќе информации и прашања од медиумите, контактирајте со:
Г-а Карен Рејес Толоса (+41 76 342 3400; karen.reyestolosa@un.org)
За прашања од медиумите поврзани со други независни експерти на ОН, контактирајте со Маја Деруаз (maya.derouaz@un.org).
Вестите во врска со независните експерти за човекови права на ОН можете да ги следите и на Твитер под следната назнака: @UN_SPExperts
Загрижени сте за светот во којшто живееме?
Во тој случај, ЗАСТАНЕТЕ во одбрана на нечии права денес.
#Standup4humanrights
и посетете ја веб-страницата на http://www.standup4humanrights.org
Во тој случај, ЗАСТАНЕТЕ во одбрана на нечии права денес.
#Standup4humanrights
и посетете ја веб-страницата на http://www.standup4humanrights.org
1 of 5
Соопштение
20 февруари 2023
Заедничката работа клуч за подобрување на квалитетот на живот за сите луѓе во Северна Македонија
Членовите на Заедничкиот управен комитет разговараа за годишните резултати на ОН за 2022-ра година, можностите и предизвиците со кои се соочува земјата и ги поддржаа Заедничките работни планови за 2023-та година.
„Само со заеднички напори можеме да ги заштитиме човештвото и природата, особено ако сме посветени на постигнувањето на Агендата 2030, на национално и на глобално ниво. Целосната имплементација на рамката за соработка за одржлив развој е патот кон постигнување опипливи промени за луѓето во Северна Македонија, што резултира со подобри правни, поефикасни и поодговорни институции и поголема иднина за сите“, рече Фатмире Исаки, заменик министер за надворешни работи.
РСОР е клучен стратешки документ што ја води работата на ОН во Северна Македонија и ја претставува колективната понуда на системот за развој на ОН за поддршка на земјата во постигнувањето на целите за одржлив развој. За да се осигури дека ги одразува интересите и приоритетите на сите луѓе во земјата, РСОР е развиен преку партиципативен и консултативен процес, почнувајќи со анализа на развојниот контекст на земјата, стратешката приоритизација и нејзината операционализација преку годишните работни планови на ентитетите на ОН и засегнатите страни.
„Контекстот значително еволуираше од основањето на РОСР во 2020-та година. КОВИД-19 и неговото непосредно и долгорочно социо-економско влијание, проследено со тековните енергетски, безбедноста на храната и финансиските кризи – сите обликувани од војната во Украина – ставија значителен притисок врз Владата да продолжи да дава приоритет на реформските процеси и структурните промени бидејќи фискалниот простор се намалува, а ранливостите се зголемуваат“, вели Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија. „Со јасна цел и фокусирани стручни совети и поддршка, поткрепени со фокусот да не се остави никој зад себе, тоа ќе остане клучот на работата на ОН во Северна Македонија во 2023-та година.”
РОСР 2021-2025 година, исто така, ја одразува молбата на генералниот секретар на ОН за забрзана акција за спроведување на Агендата 2030 преку Декада на акција.
1 of 5
Најнови ресурси
1 / 11
Ресурси
27 ноември 2025
1 / 11