Our Work on the Sustainable Development Goals in Северна Македонија
How the UN is supporting The Sustainable Development Goals in Северна Македонија
Вкупно 18 агенции ќе работат заедно со новата Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации (Рамка за соработка) во наредните пет години за да и помогнат на земјата да ги оствари Целите за одржлив развој: 17 меѓусебно поврзани и амбициозни цели што се однесуваат на главните развојни предизвици со кои се соочуваат луѓето од Северна Македонија и низ светот.
Рамката за соработка 2021-2025 е главен стратешки документ што ја утврдува работата на системот на Обединетите нации во Северна Македонија, изработен во блиско партнерство со Владата на Северна Македонија и други значајни партнери. Таа е усогласена со националните развојни приоритети, меѓународните човекови права, обврските за родова еднаквост и Агендата 2030. Препознавајќи го значењето на членството во Европската Унија (ЕУ) како главен национален приоритет, Рамката за соработка настојува да обезбеди и целосно усогласување со процесот на интеграција во ЕУ.
The Sustainable Development Goals in Северна Македонија
Целите за одржлив развој се глобален повик за акција да се стави крај на сиромаштијата, да се заштити животната средина и климата и да се обезбеди сите луѓе да уживаат во мир и просперитет. Ова се целите на кои Обединетите нации работат во Северна Македонија: