UN Entities in Северна Македонија

ФАО
Организацијата за храна и земјоделство е специјализирана агенција што ги предводи меѓународните заложби за справување со гладта. Целта е да се постигне безбедна храна за сите, како и да се осигура редовен пристап на луѓето до доволно висококвалитетна храна за активен и здрав живот.
МОТ
Меѓународната организација на трудот (МОТ) е посветена на унапредување на социјалната правда и меѓународно признатите човекови и работнички права, спроведувајќи ја својата основачка мисија дека социјалната правда е неопходна за универзален и долготраен мир.
ммф
Меѓународниот монетарен фонд е организација од 189 земји, што работи на поттикнување на глобалната монетарна соработка, обезбедување финансиска стабилност, олеснување на меѓународната трговија, промовирање на висока вработеност и одржлив економски раст, и намалување на сиромаштијата низ светот.
ИОМ
Меѓународната организација за миграции е посветена на принципот дека хуманата и уредна миграција е од корист и за мигрантите и за општеството. Како водечка меѓународна организација за миграции, ИОМ дејствува со своите партнери во меѓународната заедница.
ОХЦХР
Мисијата на ОХЦХР е да работи на заштита на сите човекови права за сите луѓе; да помогне во еманципација на луѓето при остварување на своите права; и да им помогне на одговорните за зачувување на ваквите права преку осигурување дека тие се спроведуваат.
УНЕП
Програмата на ОН за животна средина е водечкиот глобален авторитет што ја поставува агендата за заштита на животната средина, промовира кохерентна имплементација на целите за одржлив развој што се однесуваат на животната средина, а служи и како авторитативен застапник за глобалната животна средина.
UN Women
UN Women е ентитет на ОН посветен на родовата еднаквост и зајакнување на жените. Глобален шампион за жени и девојчиња, UN Women е основана за да го забрза напредокот во исполнувањето на нивните потреби ширум светот.
УНДП
На терен во околу 170 земји и територии, УНДП работи на искоренување на сиромаштијата, заштитувајќи ја истовремено планетата Земја. Им помагаме на земјите да развијат силни политики, вештини, партнерства и институции за да можат да постигнат одржлив напредок.
Фонд за население на ОН
УНФПА е водечка агенција на ОН која работи на воспоставување на свет во кој секоја бременост е посакувана, секое породување е безбедно, и во кој секоја млада личност го има исполнето својот потенцијал. Активностите на УНФПА достигнуваат милиони жени и млади лица низ 155 земји и територии.
УНХЦР
УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци е глобална организација посветена на спасување животи, заштита на правата и градење подобра иднина за бегалците, присилно раселените заедници и луѓето без државјанство.
УНИЦЕФ
УНИЦЕФ работи во 190 земји и територии на спасување на детските животи, бранење на детските права, и помагање да го искористат нивниот потенцијал, од најрано детство па се до периодот на адолесценција. Ние никогаш не се предаваме.
УНИДО
Цел на УНИДО е да ја искорени сиромаштијата преку инклузивен и одржлив индустриски развој. УНИДО смета дека ваквиот развој е клучен двигател за успешна интеграција на економските, социјалните и еколошките димензии, потребни за целосно реализирање на одржлив развој во корист на идните генерации.
УНОДЦ
УНОДЦ е глобален лидер во борбата против недозволена трговија со дрога и меѓународен криминал. Работи во сите региони на светот преку широка мрежа на канцеларии.
Светска банка
Со 189 земји-членки, персонал од повеќе од 170 земји и канцеларии на над 130 локации, Групацијата на Светска банка е единствено глобално партнерство: пет институции кои работат на одржливи решенија што ја намалуваат сиромаштијата и градат заеднички просперитет во земјите во развој.