Обединетите нации во Северна Македонија

Обединетите нации во Северна Македонија работат кон подобрување на животите на сите граѓани што живеат во земјата преку имплементација на Агендата за одржлив развој, со современа експертиза и акција базирана на докази. Со водење на трансформацијата кон подобра, позелена и фер општество, ОН ја поддржуваат земјата во остварувањето на стратешките цели, вклучително и со поддршка на реформите што ќе помогнат на процесот на интеграција во Европската Унија (ЕУ).

Работата на ОН во земјата е рефлектирана во Рамката за соработка за одржлив развој на обединетите нации. Рамката за соработка 2021-2025 е развиена во партнерство со Владата и во координација со многу надворешни и домашни партнери, вклучувајќи организации и индивидуалци од различни сфери, од граѓанското општество, академијата или приватниот сектор. Базирана на длабинска анализа и поткрепена со обемен консултативен процес, Рамката за соработка е одобрена од Владата на 26 октомври 2020.

Flags of UN and North Macedonia
Фотографија: © UN RCO

Главни црти

Пресвртници

The Sustainable Development Goals in Северна Македонија

Целите за одржлив развој се глобален повик за акција да се стави крај на сиромаштијата, да се заштити животната средина и климата и да се обезбеди сите луѓе да уживаат во мир и просперитет. Ова се целите на кои Обединетите нации работат во Северна Македонија: