Постојан координатор на ОН

Системот од постојани координатори има за цел да ги здружи различните агенции на ОН, за да се подобри ефикасноста и ефективноста на оперативните активности на ниво на Северна Македонија. Постојаниот координатор на ОН го води и стратешки го позиционира тимот на Обединетите нации во земјата и е назначени претставник за развојни активности на Генералниот секретар.

Системот на Постојан Координатор на ОН ги опфаќа сите организации од системот на Обединетите нации кои се занимаваат со оперативни активности за развој, без оглед на нивното формално присуство во Северна Македонија. Во тесна соработка со националните влади, постојаниот координатор и националните тимови ги застапуваат интересите и мандатите на системот на ОН, повикувајќи се на поддршката и насоките од целото семејство на ОН. Со координација на развојните активности се промовира постратешка поддршка за националните планови и приоритети, активностите стануваат поефикасни и се намалуваат трансакциските трошоци за владите. Ова чини ОН да биде порелевантен и посигурен партнер за владите во поддршката на Агендата за одржлив развој 2030, која беше одобрена од Генералното собрание на ОН на историската средба во 2015 година.

Кратка биографија

Рита Колумбија има 20-годишно искуство во меѓународен развој, хуманитарен и менаџмент. Претходно, таа беше претставник на Фондот за население на ОН (УНФПА) во Ирак, како и претставник на УНФПА во Молдавија, директор на земјата за Албанија и како дел од менаџерскиот тим на Регионалната канцеларија на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија.

Колумбија има магистерски студии по непрофитен и здравствен менаџмент на Универзитетот во Њујорк, магистерски студии по јавна администрација од Казахстанскиот институт за менаџмент, економија и прогноза, како и медицинска диплома од Националниот медицински универзитет во Казахстан.

Rita Columbia

Рита Колумбиа

Постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија