Да делуваме кон остварување на Целите за одржлив развој

Целите за одржлив развој (ЦОР) се патоказ кон постигнување подобра и поодржлива иднина за сите. Тие се универзален повик за акција со која ќе се стави крај на сиромаштијата, ќе се заштити планетата и ќе се осигура сите луѓе да живеат во мир и благосостojба. Научете повеќе и преземете акција.

Вклучете се денес

За да ни помогнете да се прошири оваа порака, најдете начини на кои може да се вклучите

Откријте како може да учествувате

Sort by
Најново
Преземете акција
05 јануари 2026
5 години за

Пет години. Толку време ни преостанува. Не за апстрактни ветувања — туку за решенија што луѓето можат да ги видат, почувствуваат и во кои можат да имаат доверба.

5 години за луѓето. Планетата. Влијанието. е глобална, национално предводена иницијатива што го означува последниот забрзан период за исполнување на Целите за одржлив развој (2026–2030). Таа ги преформулира ЦОР не како далечни глобални цели, туку како практични решенија за секојдневните предизвици — од цени на храна и работни места, до сметки за енергија, дигитален пристап, безбедност и здравје.

Оваа кампања е ко-креирана со повеќе од 100 млади советници од 21 земја, кои помогнаа во обликувањето на јазикот, визуелниот идентитет и приоритетите. Нивната порака беше јасна: на луѓето не им се потребни уште слогани — потребни им се релевантност, кредибилитет и можност за активно учество.