Организатори
UNFPAЦели за одржлив развој
Податоци за контакт
spirkovska@unfpa.orgУНФПА ја продолжува кампањата “Има помош за живот без насилство”
Бесплатна правна помош, поддршка на жртвите на сексуално насилство и 24-часовна помош за случаи на семејно насилство, се некои од услугите за кои се дискутираше на втората средба во локалната заедница Шуто Оризари, што се одржа деновиве во рамки на кампањата „Има помош за живот без насилство“.
Претставнички на Центарот за упатување на жртви од сексуално насилство, на Центарот за социјални работи на град Скопје и адвокатка која нуди бесплатна правна помош на жртви на семејно насилство, говореа за дел од достапните услуги за жените жртви и преживеани на родово базирано и семејно насилство како и предизвиците со кои се соочуваат.
Кампањата, што ќе опфати неколку општини низ државата, е дел од заедничките комуникациски активности на UNFPA North Macedonia и Министерство за труд и социјална политика, што се реализираат со финансиска поддршка на британската Амбасада во Скопје.
Насилството е кривично дело. Секоја жена и девојка има право на помош, поддршка и заштита.