УНФПА ја започна кампањата Bodyright на Западен Балкан
Кампањата на УНФПА како глобален повик за преземање акција за да се запре насилството врз жените и девојките во виртуелните простори.
Кампањата Bodyright, што се спроведува од страна на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во светски рамки, започна и на Западен Балкан со вклучено учество на претставници од Северна Македонија, поддржани од Канцеларијата на УНФПА во Скопје.
Кампањата на УНФПА претставува глобален повик за преземање акција за да се запре насилството врз жените и девојките во виртуелните простори, вклучително и јакнење со регионалните партнерства преку создавање конзистентни и ефективни правни мерки, изработка на речник на зборови кои во областа на дигиталното насилство врз жени и девојчиња, партнерства со компании кои работата на технологија и искуства во онлајн просторот, како и генерално јакнење на свеста за борба со дигиталното насилство, како и родово-базираното насилство воопшто.
Настаните, во изминатиот период, вклучија активности во Белград, Приштина и Сараево, по настанот во Скопје што прв се одржа во серијата на средби за промоција на кампањата, на 20.јуни, годинава. УНФПА Србија, на 17.ноември, го претстави аспектот на потребата од развивање на речник со термини кои се користат во виртуалниот простор кога станува збор за родово базирано насилство каде учество имаа и претставничките од Северна Македонија, Ана Василева, феминистка и активистика за заштита на човековите права, и Сара Миленковска, јавна личност која активно се залага за правата на жените и девојките.
Кампањата продолжи во Приштина, на 13.декември, каде учесници од Северна Македонија беа Елена Панова, директорка на маркетинг и дигитална трансформација од компанијата А1 и Наташа Бошкова, адвокатка, кои дадоа свој придонес во панел-дискусиите поврзани со улогата на технолошките компании во делот на онлајн родово базирано насилство како и правна заштита на жртвите и преживеаните.
Последниот настан во серијата случувања во рамки на кампањата Bodyright се одржа во Сараево, на 15.декември, каде се дискутираше за легислативата и превенција од онлајн насилство на просторите на Западен Балкан, со учество во панел
дискусиите на делегација од Северна Македонија што ја сочинуваа Лидија Штерјов, раководителка на Одделението за социјално вклучување при Министерството за труд и соцјална политика (МТСП) и Стојне Митева, активистика и раководителка на Скај плус – засолниште за жртви и преживеани од семејно насилство од општина Струмица.
Кампањата Bodyright во регионот се фокусира на четири аспекти – прилагодување на наративот околу родово базирано насилство со јакнење на свеста во јавноста за сите форми на онлајн насилство, разгледување и зајакнување на легислативата за овој тип на насилство, развивање на иновативни решенија од страна на технолошките компании за спречување на дигиталното насилство и подобрување на безбедноста на Интернет, како и мобилизација на медиумите и младите за борба против сите форми на насилство.