Организатори
UNHCRЦели за одржлив развој
Податоци за контакт
ashkapov@unhcr.orgНапреден тематски форум за меѓународна заштита на бегалците
На 25 јануари, Центарот за право на бегалци и миграција на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во соработка со УНХЦР Северна Македонија и Меѓународниот институт за хуманитарно право во Санремо беа домаќини на Напреден тематски форум за меѓународна заштита на бегалците, фокусиран на темата Комплементарни начини, со приоритет на образованието. На форумот учествуваа истакнати експерти и меѓународни академици и практичари со напредни знаења од областа на заштитата, развојот и образованието за бегалците.
Локација
За настанот
Форумот беше затворен со работни групи коишто развиваа препораки за тоа што можат да направат државите, граѓанскиот сектор, приватниот сектор и сите луѓе со добра волја за да се воведат и прошират комплементарни начини со фокус на образованието. Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, одржа инспиративен говор на отворањето во поддршка на правата на бегалците.