Организатори
FAOЦели за одржлив развој
Податоци за контакт
Radmila.slavkova@fao.orgСесија на ФАО-ФИГ Конгрес 2022 : Искористување на потенцијалот за повеќенаменска консолидација на земјиште во Источна Европа
ФАО и Меѓународната федерација на геодети (ФИГ) организираа заедничка сесија за време на Конгресот на ФИГ за 2022 година кој се одржува во Варшава, Полска, со посебен фокус на потенцијалот за повеќенаменската консолидација на земјиште во земјите од Источна Европа и првичните искуства од Северна Македонија.
Локација
За настанот
Целта на сесијата е да се презентираат и дискутираат перспективите и потребата од повеќенаменски инструменти за консолидација на земјиште во Источна Европа. Сесијата опфати презентација за случајот во Северна Македонија од страна на македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде беа прикажани првичните искуства со повеќенаменска консолидација на земјиште во рамките на проектот финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од ФАО „Воведување на Националната програма за консолидација на земјиште“ (MAINLAND), како и очекуваните наредни чекори.
За повеќе информации, посетете ја веб страницата: www.fao.org/europe/events/detail-events/en/c/1604301/