Г. Артур Еркен, Директор на Одделот за политики и стратегии на УНФПА, беше во посета на мобилна гинеколошка амбуланта во Општина Теарце, каде се вршеа прегледи за
рано откривање на рак на грлото на матката, во придружба на претставниците на Македонското здружение на гинеколози и опстетричари, Црвениот крст, локалните власти, и претставниците од Националната канцеларија на УНФПА.
Иновативниот приод преку мобилни гинеколошки амбуланти има за цел да ги поддржи националните напори за подобрување на основните здравствени услуги преку вклучување на женското население од ранливите групи коишто живеат во руралните и оддалечени средини. Во изминатите месеци, мобилните гинеколошки амбуланти посетија неколку општини во земјата, и извршија стотици прегледи на жени и девојки, особено од ранливите категории и од оддалечените и тешко достапни места.