Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА и Црвениот крст на Република Северна Македонија и оваа година традиционално ја одбележаа ,,Неделата на грижа на старите лица,, од 21 до 28 ноември под мотото: ,,Сите сме нивни деца“. Целта за одбележување на неделата е да се подигне свеста на населението за правата на старите лица, како и потребната грижа и помош на старите лица.
Во рамки на Неделата се организираа серија информативни работилници поддржани од УНФПА за правата од здравствена и социјална заштита за лицата од трето доба, едукативни работилници за презентација на услугата Нега во домот и информации за мерење на шеќер и крвен притисок. Настаните се одвиваа во соработка со Здруженијата на пензионери, специјални едукатори вклучени во обуките за негователи на стари лица, волонтери во клубовите на млади, доктори, правници, психолози и специјалисти од Инстиутот за медицина на трудот.
Активностите се имплементираа на локално ниво во неколку општини низ државата вклучително и Берово, Битола, Богданци, Гостивар, Дебар, Кавадарци, Зрновци, Крива Паланка, Крушево, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Злетово, Радовиш, Конче, Свери НИколе, Струмица, Струга, Тетово и Скопје.