Панел дискусија-Искоренување на ракот на грлото на матката.
Скопје, 21 февруари - Можностите за справување со ракот на грлото на матката и унaпредување на женското репродуктивно здравје преку подигнување на свеста за ова заболување, беа клучните теми на панел дискусијата што денеска се одржа во Скопје, во организација на УНФПА Северна Македонија и Министерство за здравство на РСМ.
Експерти од Националната комисија за превенција и рана детекција на рак на грлото на матката, Националната комисија за имунизација, Управата за електронско здравство, ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари, Македонското лекарско друштво, говореа за состојбата во државата, постоечките услуги, јакнење на националните партнерства и создавање на ефективни мерки базирани на докази.
Беше заклучено дека е потребно подигање на јавната свест во однос на ХПВ-вакцините, како најдобра превенција за спречување на рак на грлото на матката и помасовен скрининг за ова малигно заболување.
Oваа панел дискусија ги заокружи активностите на кампањата за подигање на свеста за ракот на грлото на матката.