Извештај: Нов начин на управување со миграцијата: од тврдина кон иднина
*Во овој извештај, ви претставуваме како би можело да изгледа креирањето миграциска политика доколку се примени стратешко предвидување
Миграцијата е комплексен, повеќедимензионален домен кој брзо се менува. Традиционалниот начин на управување со миграцијата е затворен и реактивен на настаните, како да управуваме со тврдина. Ова е разбирливо бидејќи креаторите на политиката постојано се соочуваат со огромната задача да ги обединат краткорочните потреби и долгорочните можности, и на национално и на ниво на ЕУ. Но, допрва треба да изнајдеме долгорочен и одржлив пристап кон управувањето со миграцијата.
Клучен предизвик за креаторите на политиките е отсуството на управување кое ја зема во предвид иднината (futures informed governance). Во овој контекст, Владата на Република Северна Македонија и ОН пилотираа амбициозна и визионерска иницијатива за антиципативно управување што систематски го поврзува знаењето за предвидување (foresight) со миграциската политика.
Во овој извештај, адресиран главно до креаторите на политиките и практичарите, ви претставуваме како би можело да изгледа креирањето миграциска политика доколку се примени стратешко предвидување во Северна Македонија. Кога структурите, процесите и капацитетите на управување се антиципативни, тие можат да ја балансираат отпорноста и трансформацијата, обезбедувајќи им на владите долгорочен и проактивен пристап.
Извештајот го сумира развојот на нашата работа со Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Меѓународната организација за миграција (ИОМ), и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во Северна Македонија.
За да одговори како може да се примени антиципиративното управување за менаџирање со миграцијата, извештајот нуди четири чекори:
- Преглед на концептуална рамка за антиципативно креирање политики. Нашиот предложен модел, претставен во третото поглавје, се состои од шест основни функции кои, ако се комбинираат, ги балансираат и отпорноста (resilience) и целите на трансформацијата. Во поглавје четири, дополнително го истражуваме моделот во контекст на миграцијата.
- Приказ на антиципативен модел на креирање политики за поддршка на владата на Северна Македонија да внесе знаење за предвидување (foresight) во различни фази во циклусот на развивање на политики.
- Проценка на тековниот систем на управување со миграцијата во Северна Македонија. Целта беше да се разберат ограничувањата и можностите и да се развијат начини за унапредување. Оваа работа, претставена во петтото поглавје, резултираше со шест теми за управување кои можат да се решат преку антиципативни пристапи: i) законодавно и транспарентно владеење, ii) владеење во силоси, iii) статистички системи и силоси, iv) свест и интеграција на граѓаните, v) локализација, и vi) регионална соработка.
- Препораки за експериментирање и развој на антиципативни пристапи за управување со миграцијата во Северна Македонија. Препораките, наведени во седмото поглавје, се засноваа на два главни лостови за промена: 1) да се зајакне долгорочниот и холистички поглед на миграцијата во рамките на националните развојни напори и 2) да се изгради регионална соработка за постигнување на целите за демографска отпорност.
Ова дело ќе биде вредно за креаторите на миграциската политика заинтересирани за усвојување на проактивни пристапи кои се ориентирани кон иднината. За да ја создадеме иднината на миграцијата потребно ни е антиципативно управување, а не ѕидови и тврдини.
Оваа публикација е дел од иницијативата промовирана од Високиот Комисија на Обединетите нации (УНХЦР), Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), во соработка со Владата на Република Северна Македонија, а под координација на Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН во Република Северна Македонија.
Иницијативата е дел од Заедничката програма „Планирање на миграциска политика заснована на докази и дискурс во Северна Македонија“ поддржан од Мулти-партнерскиот доверителски фонд на ОН за миграција.