Одржливи градови и заедници
Таргети за цел 11
11.1 До 2030 година да се осигури пристап за сите до соодветно, безбедно и достапно домување и основни услуги и надградба на сиромашните квартови
11.2 До 2030 година да се обезбеди пристап до безбедни, пристапни, достапни и одржливи транспортни системи за сите, да се подобри безбедноста на патиштата особено преку проширување на јавниот превоз, со посебно внимание на потребите на ранливите лица, жените, децата, лицата со попреченост и постарите лица
11.3 До 2030 година да се подобри инклузивната и одржлива урбанизација и капацитетот за партиципаторно, интегрирано и одржливо планирање и управување со населените места во сите земји
11.4 Да се зајакнат напорите за заштита и зачувување на светското културно и природно наследство
11.5 До 2030 година значително да се намали бројот на смртни случаи и бројот на загрозени луѓе и значително да се намалат директните економски загуби во однос на глобалниот бруто домашен производ предизвикани од катастрофи, вклучувајќи и катастрофи поврзани со вода, со фокус на заштита на сиромашните и на луѓето во ранливи состојби
11.6 До 2030 година да се намали негативното влијание врз животната средина по глава на жител од градовите, меѓу другото и со обрнување посебно внимание на квалитетот на воздухот и на управувањето со комуналниот и со другите видови отпад
11.7 До 2030 година да се обезбеди универзален пристап до безбедни, инклузивни и достапни зелени и јавни површини, особено за жените и децата, за постарите лица и за лицата со попреченост
11.a Да се поддржат позитивни економски, социјални и еколошки врски помеѓу градските, приградските и руралните средини преку зајакнување на националното и регионалното развојно планирање
11.б До 2020 година значително да се зголеми бројот на градови и населби што ќе донесуваат и ќе спроведуваат интегрирани политики и планови чијашто цел е инклузија, ефикасност на ресурсите, ублажување и приспособување кон климатските промени, отпорност на катастрофи, како и да се развива и да се спроведува холистичко управување со ризикот од катастрофи на сите нивоа, во согласност со Рамката од Сендај (2015-2030) за намалување на ризикот од катастрофи
11.в Да се обезбеди поддршка за најмалку развиените земји преку финансиска и техничка помош за градење одржливи и приспособливи објекти од локални материјали