Високите функционери во Министерството и засегнатите страни од соодветните здравствени агенции покажаа цврста мотивација да ја спроведат иницијативата
СЗО иницира унапредување на функциите за раководење и управување во Министерството за здравство, со што ќе се овозможи подобра здравствена заштита за сите. СЗО го поддржува развојот на потребните вештини на назначените тимови за спроведување, следење и оценување на оваа иницијатива.
Д-р Ане Јохансен, шефица на Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија, го истакна новиот пристап на СЗО кон реформите во здравствениот систем според единствен метод – кој прави обиди и се прилагодува, а потоа го следи исходот и повторно ги прилагодува интервенциите, според потребите.
„Ја дизајниравме оваа иницијатива за поддршка на одржливиот развој на институционалните капацитети на здравствениот сектор, што ја издвојува од традиционалниот пристап на фокусирање исклучиво на проекти за зајакнување на здравствените системи. Наша цел е да воспоставиме силна основа за развивање на раководните функции на Министерството до ниво на кое може континуирано да го подобрува работењето на целиот здравствен систем“, потврди д-р Јохансен.
Високите функционери во Министерството и засегнатите страни од соодветните здравствени агенции покажаа цврста мотивација да ја спроведат иницијативата со цел да придонесат за значително подобрување на здравствениот исход за сите пациенти во земјата.