2020 Глобален извештај на УНОДЦ за трговија со луѓе
02 февруари 2021
Извештајот на УНОДЦ за 2020 Global Report on Trafficking in Persons е петти извештај од овој тип, по барање на Генералното Собрание, преку Планот за акција против трговија со луѓе на ОН од 2010.Извештајот покрива 148 земји и нуди преглед на шеми и текови на трговија со луѓе на глобално, регионално и национално ниво, покривајќи го периодот од 2016 до 2019. Со оглед на тоа што УНОДЦ систематски собира податоци за трговија со луѓе повеќе од десет години, претставени се и трендови на голем број индикатори во извештајот.