Мир, правда и силни институции
Таргети за цел 16
16.1 Значително да се намалат сите форми на насилство и стапките на смртност, насекаде
16.2 Да се стави крај на злоупотребата, експлоатацијата, трговијата и на сите форми на насилство и измачување на децата
16.3 Да се промовира владеење на правото на национално и на меѓународно ниво, и да се обезбеди еднаков пристап до правда за сите
16.4 До 2030 година значително да се намалат незаконските финансиски текови и трговијата со оружје, да се зајакне обновата и враќањето на украден имот и да се спречат сите форми на организиран криминал
16.5 Значително да се намали корупцијата и митото во сите нивни облици
16.6 Да се развијат ефикасни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа
16.7 Да се обезбеди одговорно, инклузивно носење одлуки на сите нивоа, во кое учествуваат и се претставени сите засегнати страни
16.8 Да се прошири и да се зајакне учеството на земјите во развој во институциите за глобално управување
16.9 До 2030 година да се обезбеди правен идентитет за сите, вклучително и евиденција на родените
16.10 Да се обезбеди пристап на јавноста до информации и заштита на основните права и слободи во согласност со националното законодавство и меѓународните договори
16.a Да се зајакнат релевантните национални институции вклучително и преку меѓународна соработка за градење на капацитетите на сите нивоа, особено во земјите во развој за спречување на насилството и борба против тероризмот и криминалот
16.б Да се промовираат и да се спроведуваат недискриминаторски закони и политики за одржлив развој