Правен водич на ФАО за консолидација на земјиште
Оваа публикација има за цел да обезбеди детално упатство за законодавните прашања во врска со консолидација на земјиштето на начини што се усогласени со Доброволните упатства за одговорно управување со земјиште, риболов и шуми во контекст на националната безбедност на храната, и меѓународниот закон за човекови права. Тој се фокусира на консолидација на земјиштето во руралните области и се заснова на искуството на ФАО, како и на регионални законски практики за консолидација на земјиштето во Европа, пред се на анализата на регулаторните практики во Данска, Финска, Германија, Литванија, Холандија, Србија, Шпанија (Галиција) и Турција. Дополнително, како извори на информации се користени и некои регулаторните практики за консолидација на земјиштето од други европски земји.