Организатори
UNHCRЦели за одржлив развој
Податоци за контакт
ashkapov@unhcr.orgОтворен повик за студенти да се приклучат на програмата "Правната клиника за бегалци"
На 11 февруари, Правната клиника за бегалци отвори повик за студентите за да се приклучат на програмата во текот на летниот семестар на академската 2021/22 година.
Локација
За настанот
Правната клиника за бегалци е можност студентите да стекнат теоретски и практични знаења за правото на бегалците и миграцијата. За овој семестар е предвидено предавањата да се изведуваат онлајн и студентите ќе имаат можност да присуствуваат на предавања од универзитетски професори - ментори на правната клиника, како и предавања и работилници со претставници на УНХЦР во Република Северна Македонија и Македонско здружение на млади правници, и домашни и меѓународни експерти и практичари. Правната клиника за право на бегалци ја спроведува Центарот за право на бегалци и миграција - Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје во рамките на стратешкото партнерство помеѓу Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје и канцеларијата на УНХЦР во Република Северна Македонија.