Консолидација на земјиште и земјишно банкарство во фокусот на 13-та Меѓународна работилница ЛЕНДНЕТ во Скопје

25 мај 2022, Скопје, Северна Македонија
Споделување на регионални искуства и најдобри практики за консолидација на земјиште, земјишно банкарство и справување со напуштањето на земјоделското земјиштето ќе биде во фокусот на 13. Меѓународна работилница ЛЕНДНЕТ, која се одржува во хибриден формат од 25 до 27 мај 2022 година во Скопје.
Повеќе од 180 професионалци од областа на управување со земјиште од околу 40 земји, главно од Европа и Централна Азија, ќе присуствуваат на настанот за да дискутираат за инструментите за земјишно банкарство и нивната примена во регионот, со преглед на неодамна објавената студија на ФАО „Европски добри практики за земјишно банкарство“. Претставници од Данска, Латвија и Словенија ќе споделат добри практики и искуства од нивните држави во оваа област.
Работилницата ја организира ФАО заедно со Градежен факултет при Универзитетот ‘’Св. Кирил и Методиј’’- Скопје, во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија.
Научените лекции од воведувањето на консолидацијата на земјиште во Северна Македонија е уште една клучна тема на настанот. Претставници од МЗШВ, Делегацијата на Европската Унија и ФАО ќе ги претстават националните приоритети на земјишната политика, поддршката на ЕУ и ФАО за земјоделството и руралниот развој во Северна Македонија и досегашните успеси во консолидацијата на земјиштето во рамките на проектот МАИНЛАНД финансиран од ЕУ и ко-финансиран од ФАО. На овој настан, ФАО ќе ја промовира својата нова иницијатива за воведување на образовни програми за консолидација на земјиште во соработка со универзитетите од регионот, вклучително и со Градежниот факултет во Скопје. Учесниците на ЛЕНДНЕТ, исто така, ќе разговараат за напуштањето на руралните средини и земјоделското земјиште во земјава и регионот, и како земјоделските политики можат да помогнат во адресирање на овие трендови.
На 26 мај (четврток) 2022 г., во текот на вториот ден од работилницата ЛEНДНЕТ, ќе биде организирана теренска посета на консолидационото подрачје во село Егри (Општина Битола), предводена од проектот МАИНЛАНД.
Целта е на сите учесници на ЛАНДНЕТ да им се претстават видливите резултати од соработката на Европската унија, ФАО и МЗШВ за поддршка на консолидацијата на земјоделското земјиште во Северна Македонија и да се слушне директно од земјоделците од Егри за бенефитот кој тие го имаат од проектот МАИНЛАНД.
Како прв успешно завршен македонски проект за консолидација на земјиште по принципот на распределба со промена на границите, Егри е пример за успешна консолидација и во меѓународни рамки. Тука подобрената структура на земјоделското земјиште беше надополнета со инвестиции во земјоделска инфраструктура за подобрување на пристапните патишта, каналите за одводнување и наводнување, со финансиска поддршка од Европската Унија во висина од од 500.000 евра.
За LANDNET:
LANDNET е растечка мрежа на професионалци за управување со земјиште, од земји во Европа и Централна Азија. Работејќи под иницијатива на ФАО, тие редовно се состануваат од 2002 година за да разменуваат знаење и искуства поврзани со консолидација на земјиште, земјишно банкарство, развој на пазарот на земјиште итн.
ЛИНКОВИ: