Индустрија, иновација и инфраструктура
Таргети за цел 9
9.1 Да се изгради квалитетна, сигурна, одржлива и отпорна инфраструктура, вклучително и регионална и прекугранична инфраструктура за поддршка на економскиот развој и човечката благосостојба, со фокус на достапна инфраструктура со правичен пристап за сите
9.2 Да се промовира инклузивна и одржлива индустријализација, и до 2030 година значително да се зголеми вработеноста во индустрискиот сектор и нејзиното учество во вкупниот бруто домашен производ во согласност со националните услови, и двојно да се зголеми нејзиното учество во најмалку развиените земји
9.3 Да се зголеми пристапот на малите индустриски и други претпријатија особено во земјите во развој до финансиски услуги, вклучително и до поволни кредити и нивна интеграција во синџирот на вредности и на пазарите
9.4 До 2030 година да се подобри инфраструктурата и да се осовременат индустриите со цел да станат одржливи преку зголемена ефикасност во користењето на ресурсите и поголемо прифаќање на чисти еколошки технологии и индустриски процеси, и сите земји да преземат мерки во согласност со своите способности
9.5 Да се подобрат научните истражувања, да се надградат технолошките можности во индустриските сектори во сите земји особено во земјите во развој, како и до 2030 година да се поттикне иновативноста и значително да се зголеми бројот на лица кои работат врз истражувања и развој на секој 1 милион луѓе, како и да се зголемат средствата кои се наменети за истражувања и развој од јавни и приватни фондови
9.a Да се овозможи развој на одржлива и отпорна инфраструктура во земјите во развој преку зголемена финансиска, технолошка и техничка поддршка, за земјите од Африка, најмалку развиените земји, земјите во развој без излез на море и малите островски земји во развој
9.б Да се поддржи развојот на домашната технологија, истражувањата и иновациите во земјите во развој, како и да се обезбеди средина која поттикнува меѓу другото и разновидност во индустриските сектори и додадена вредност на стоките
9.в До 2020 година значително да се зголеми пристапот до информатички и до комуникациски технологии и да се настојува да се обезбеди универзален пристап до интернет во најмалку развиените земји