Пријавени се 46 нови случаи; вкупниот број на регистрирани пациенти заразени со ковид-19 изнесува 430; 67 пациенти во моментов се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести - 10 имаат сериозни клинички манифестации.
За жал, имаше уште еден смртен случај 69-годишен пациент од Тетово.
Вкупниот број на заразени медицински лица е 52, т.е. 12% од сите пријавени случаи. 34 од нив се заразиле на своите работни места.