Индексот INFORM со отворен извор дава преглед на ризикот од катастрофи во Северна Македонија
Индексот на ризик INFORM е глобална методологија со отворен извор за проценка на ризикот од хуманитарни кризи и катастрофи.
Нудејќи слика на високо ниво за ризикот од катастрофи, INFORM овозможува да се направат споредби низ еден регион или земја. Може да се користи од носителите на одлуки за да се анализира и визуелизира ризикот, да се водат одлуките за одговор на кризи и катастрофи, подготвеноста, отпорноста, како и одржливиот развој.
Во ноември 2021 г. поднационалниот модел INFORM беше развиен за три земји во Југоисточна Европа: Албанија, Црна Гора и Северна Македонија. Создаден од Регионалната канцеларија на УНДРР за Европа и Централна Азија – во соработка со Секретаријатот за подготвеност и превенција при катастрофи за Југоисточна Европа (ДППИ ЈИЕ) – моделот INFORM за Југоисточна Европа се спушта на првото административно ниво (што одговара на поднационалните региони, главни градови и општини) во трите земји за вкупно 44 административни единици.
Генерално, Индексот на ризик INFORM обезбедува проактивна рамка за управување со ризици од катастрофи за ефективна распределба на ресурсите со цел намалување и управување со ризиците од катастрофи – како и активности фокусирани на предвидување, ублажување и подготовка за хуманитарни вонредни состојби. Исто така, ги идентификува областите каде што достапноста на националните податоци за катастрофи може да се подобри и е усогласен со имплементацијата на Рамката Сендаи за намалување на ризици од катастрофи, Целите за одржлив развој на ОН (ОН ЦОР) и други глобални иницијативи. Поднационалната методологија на INFORM може да придонесе за националните стратегии, политики за намалување на ризикот од катастрофи, анализа за поддршката, мобилизирање ресурси и планирање активности.
Фокус на Северна Македонија
Анализата на ризик на INFORM се фокусираше на осумте статистички региони на Северна Македонија: Североисточен, Полошки, Скопски, Југозападен, Југоисточен, Вардарски, Источен и Пелагониски регион. Според неодамнешните и историските записи, Северна Македонија е изложена на ризик од различни природни опасности, вклучувајќи: земјотреси, поплави, порои, одрони, паѓања на камења, лавини, суши, како и топлотни бранови и студени бранови. Пандемијата со КОВИД-19, мигрантската криза и шумските пожари во 2020 година, исто така, нанесоа значајни штети на територијата – врз здравствениот сектор и економијата во целина, ограничувајќи го капацитетот на Северна Македонија да се справи со кризата.
Изработката на Поднационалниот Индекс на ризик INFORM за Северна Македонија претставува суштинска алатка за креаторите на политиките да ги идентификуваат најслабите алки во системот и да се информираат за одговорот на политиките засновани на докази, помагајќи ѝ на земјата подобро да се подготви за хуманитарни, климатски промени и социо-економски предизвици на долг рок.
INFORM го групира ризикот во три димензии – Опасност и изложеност, Ранливост и Капацитет за справување – коишто се разгрануваат во шест категории и дополнителни специфични компоненти коишто се најрелевантни за Југоисточна Европа (види Слика 1 подолу). Индексот на ризик за осумте поднационални региони на Северна Македонија опфаќа 68 различни индикатори.
Индексот на ризик е рангиран од 0 (најмал ризик) до 10 (највисоко ниво на ризик), и потоа е групиран во пет класи на ризик: многу низок, низок, среден, висок и многу висок. Врз основа на резултатите на INFORM, повеќето од поднационалните региони беа оценети со среден ризик. Сепак, поради повисокото рангирање на ризикот во димензиите Опасност и изложеност и Капацитет за справување, Скопскиот и Полошкиот регион се класифицирани како високоризични региони (види Слика 1 и Табела 1 подолу).
Анализа на ризик од катастрофи во Северна Македонија
Димензијата Опасност и изложеност ги мери природните и човечките опасни настани што би можеле да се случат - како и луѓето или средствата кои се потенцијално погодени од нив. Слика 2 покажува дека во Северна Македонија, оваа димензија е поттикната од природните опасности, главно сушата во сите региони. Во комбинација со ризиците од земјотреси во Скопскиот и Полошкиот регион, и заедно со изложеноста на свлечишта низ целата земја, постои севкупно висок ризик во Северна Македонија од опасност и изложеност.
Со исклучок на Скопскиот и Североисточниот регион, во Северна Македонија има среден ризик од ранливост. Социо-економските ранливости како што се ризикот од невработеност и голем процент на корисници на социјална заштита ги туркаат регионите во повисок ризик. Високиот национален резултат за (не)стабилност на храната, исто така, придонесува за зголемена ранливост.
Со исклучок на Скопскиот и Североисточниот регион, во Северна Македонија има среден ризик од ранливост. Социо-економските ранливости како што се ризикот од невработеност и голем процент на корисници на социјална заштита ги туркаат регионите во повисок ризик. Високиот национален резултат за (не)стабилност на храната, исто така, придонесува за зголемена ранливост.
Преглед на резултатите од INFORM за Северна Македонија
Северна Македонија е полесно да се справи со димензиите на ранливост или капацитет за справување отколку со димензиите на опасност и изложеност. Подобрувањето на социо-економскиот развој на поодржлив начин преку зајакнување на секторските политики (социјална или здравствена политика) може да доведе до намалување на ранливоста. Исто така, капацитетот за справување може да се подобри со понатамошен развој на инфраструктурата на земјата, како што е патната поврзаност или промовирање на активизам преку зголемен интерес за волонтерство (хуманитарна компонента) или подобрување на здравствените капацитети (компонента за здравствена заштита).
Изработени по пат на соработка и отворено споделени, резултатите од Индексот на ризик INFORM Југоисточна Европа (ЈИЕ) за Северна Македонија даваат вреден придонес за секоја анализа којашто ги поддржува процесите на планирање и распределба на ресурсите. Тој е особено корисен за поддршка на процесите на донесување одлуки како што се стратешко хуманитарно, развојно или владино планирање.
Сесија за поднационален INFORM на Европскиот форум за намалување на ризикот од катастрофи
Резултатите од поднационалниот Индекс на ризик INFORM за Југоисточна Европа беа претставени на Европскиот форум за намалување на ризикот од катастрофи (ЕФДРР) во Матосињос, Португалија на 24-26 ноември 2021 година.
ЕФДРР претставува структура на регионалната платформа во Европа. Тригодишниот ЕФДРР е важно средство за справување со регионалните предизвици со ризик од катастрофи, служи како форум за засегнатите страни да преземат заедничка одговорност и спроведливи заложби за намалување на ризикот од катастрофи. Верна на духот на повеќето засегнати страни од Рамката Сендаи, конференцијата им овозможува на владите и засегнатите страни да разменат знаење и иновативни пристапи за спречување, намалување и управување со ризикот од катастрофи.
Г-дин Влатко Јовановски, раководител на Секретаријатот на Иницијативата за подготвеност и превенција на катастрофи (ДППИ) за ЈИЕ, посочи: „Резултатите од Поднационалниот ризик на INFORM се важни за земјите од ЈИЕ и Иницијативата за подготвеност и превенција на катастрофи бидејќи: (1) тие се развиени преку заедничка соработка на националните власти, агенциите на ОН и регионални ентитети (2) произлегоа од консултации, што создаде чувство на сопственост на моделот и неговите резултати“.
На сесијата INFORM учествуваа говорници од Заедничкиот истражувачки центар (JRC) на Европската комисија (ЕК), Секретаријатот на ДППИ ЈИЕ, Центарот за вонредни ситуации и намалување на ризикот од катастрофи (ЦЕСДРР), Секретаријатот за здравствена мрежа на Југоисточна Европа (ЕССХН), УНДРР, Националната агенција за цивилна заштита на Албанија, Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и Генералниот директорат на ЕК за европска цивилна заштита и операции за хуманитарна помош (DG ECHO).
Овие резултати имаат за цел да се стекне споделено разбирање за ризикот, да се истакнат ранливите области и да се поттикне разбирањето на основните двигатели на ризикот. Наодите може да се користат за надминување на основните причини за ризик и подобрување на стратегиите за намалување на ризикот од катастрофи на регионално и национално ниво, притоа справувајќи се со намалување на ризикот на долг рок.
Истакнувајќи ја важноста на заедничките напори за да се одговори на потребите на земјите, г-ѓа Мира Дашиќ, Директор на Секретаријатот на здравствена мрежа на ЈИЕ, додаде: "Вложените напори во комуникацијата ќе ги пресликаме во решенија за градење на капацитетите на земјите – може дури и да го продлабочиме опсегот со некои поризични региони – за да го зајакнеме нивниот капацитет и да обезбедиме пренесување на знаењата од понапредни региони кон помалку безбедни региони".
Дополнителни информации
- За повеќе информации и подетални резултати за INFORM SEE 2021, посетете: INFORM Поднационален индекс на ризик за ЈИЕ 2021 година, интерактивна контролна табла со резултати од 2021 година
- За да пристапите до снимката од сесијата за INFORM на Европскиот форум следете ја оваа врска
Контактни информации:
- Г-ѓа Галија Ибрагимова, Регионален координатор во управување со ризик ИНФОРМ, Канцеларија за намалување на ризиј од катастрофи при ОН, УНДРР, регионална канцеларија за Европа и Централна Азија (galiya.ibragimova@un.org);
- Г-дин Николас Џосеф Рамос, Програм менаџер, Канцеларија за намалување на ризиј од катастрофи при ОН, УНДРР, регионална канцеларија за Европа и Централна Азија (nicholasjoseph.ramos@un.org);