Цел за одржлив развој
13

Акција за справување со климатските промени

Да се преземат итни мерки за борба против климатските промени и нивното влијание.

Таргети за цел 13

13.1 Да се зајакне отпорноста и капацитетот за приспособување кон опасности поврзани со климата и со природните катастрофи во сите земји

13.2 Да се интегрираат мерки за климатски промени во националните политики, стратегии и планови

13.3 Да се подобри образованието, да се подигне свеста и човечките и институционалните капацитети за ублажување на климатските промени, за адаптација, за намалување на влијанието и рано предупредување

13.а Да се спроведе обврската преземена од страна на развиените земји потписнички на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, за заедничко мобилизирање 100 милијарди долари на годишно ниво од сите извори до 2020 година, со цел да се одговори на потребите на земјите во развој, во смисла на преземање значителни активности за ублажување и транспарентност во спроведувањето, и потполно и што е можно поскоро операционализирање на Климатскиот зелен фонд преку негова капитализација

13.б Да се промовираат механизми за зголемување на капацитетите за ефикасно планирање и управување со климатските промени во најнеразвиените земји и во малите островски земји во развој, меѓу другото и преку фокусирање врз жените, младите и локалните и маргинализираните заедници

* Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени претставува примарен меѓународен, меѓувладин форум за преговарање на глобалниот одговор кон климатските промени.