УНОДЦ го презентираше Водичот „Механизми за пријавување во спортот“
03 март 2022
31 јануари 2022 година Скопје, Северна Македонија
Следејќи ги обврските на Владата на Северна Македонија за справување со корупцијата во спортот, потврдени со усвојувањето на Регионалниот патоказ за борба против корупцијата и незаконските финансии за Западен Балкан, УНОДЦ во партнерство со Канцеларијата на Вицепремиерот за добро управување и Агенцијата за млади и спорт организираа презентација на Водичот „Механизми за пријавување во спорт“.
На настанот присуствуваа повеќе од 20 учесници од 15 различни национални спортски федерации во Северна Македонија, со присуство на истакнати гости меѓу кои и Н.Е. Амбасадорот на Романија во Северна Македонија, вицепремиерот на Северна Македонија и директорот на Агенцијата за млади и спорт.
Примарната цел на Водичот, подготвен заеднички од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и УНОДЦ, е да ги поддржи националните спортски федерации и поголем број засегнати страни, како што се сојузите на атлетичари, спортските клубови, спонзорите, владините претставници и регулаторните агенции, во развојот на механизми за пријавување за поддршка на интегритетот и борба против корупцијата во спортот. Водичот произлегува од заложбите за борба против манипулациите со конкуренцијата, но со поширока перспектива да се обезбедат насоки за функционирање на ефективни механизми за пријавување на прекршоци во спортот.
Преводот на публикацијата на локалните јазици и организацијата на настанот беа овозможени со придонес на Владата на Романија за поддршка на имплементацијата на Регионалниот патоказ за борба против корупцијата и незаконските финансии во Северна Македонија.