Публикација
СЗО Краток извештај 25.03.2020
25 март 2020
Северна Македонија денеска го забележа третиот смртен случај од ковид-19, 66 годишна жена што беше приклучена на респиратор.
Во изминатите 2 дена, во државата беа регистрирани 29 и 12 нови случаи, на 25 и 24 март 2020 година, респективно.
Вкупниот број на регистрирани пациенти изнесува 177, а истите доаѓаат од 9 општини што укажува на географско ширење на вирусот: Скопје, Дебар, Куманово, Штип, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Гостивар.
17 здравтсвени работници се тестирани позитивни на коронавирусот.
Објавено од
СЗО