Публикација
СЗО Краток извештај 01.04.2020
01 април 2020
Како што Северна Македонија влегува во вториот месец борба против ковид-19, постои сè поголема загриженост за брза ескалација на вирусот.
Денес се пријавени 25 нови случаи, и досега се регистрирани вкупно 354 пациенти со КОВИД-19 во земјата.
59 пациенти во моментов се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести - 12 имаат сериозна клиничка манифестација и 5 се на механичко дишење.
Во Кочани е идентификуван првиот случај, што укажува на понатамошно географско ширење.
Објавено од
СЗО