Светскиот ден на здравјето е на 7 април - утрешната тема е за медицинска нега и акушерство. Благодарни сме на вредниот медицински персонал за време на ковид-19 кризата.
Дебар, Скопје и Куманово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), додека остатокот од земјата премина во фаза 3 (локална трансмисија).
Министерот изјави дека влегуваме во нова фаза на управување со целата епидемија, затоа што од врвот на епидемијата нè делат само неколку недели.