Публикација
СЗО Краток извештај 07.04.2020
07 април 2020
Денес е роденден на СЗО - ден кој секоја година го славиме како Светски ден на здравјето.
Оваа година, му оддаваме почит на неверојатниот придонес на сите здравствени работници, особено медицинските сестри и акушерките.
Д-р Тедрос, генералниот директор на СЗО, истакна дека медицинските сестри и акушерките се 'рбетот на секој здравствен систем - тие се таму од првите моменти на секој живот, до последните.
Нови случаи на коронавирус се регистрирани во 18 градови. Скопје има најголем број на случаи (239 случаи, 42%), следено од Куманово (121 случај, 21%) и Дебар (49 случаи, 8,6%), меѓутоа според стапката на население, Дебар е најтешко погоден.
Објавено од
СЗО